т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


и:ина








 

н:најинтимниот подарок кој некогаш сум го подарила
(исповед на скршеното тинејџерско срце)

Сакав да ти дадам дел себе. Сакав да ти напишам сé што не сум ти кажала. Горев во галиматијасот од емоции(или тоа алкохолот во мене правеше да чувствувам дека горам, сеедно),Но, не бев во состојба да ги држам пенкалото и листот хартија во раце. Затоа пак, колку и да се трудев, не можев да престанам да повраќам.
Решив да го искористам она што го имам, па почнав со прст да пишувам врз содржината на мојата утроба(попзната како повраќаница) која лежеше на подот. Напишав:”Те сакам”.
Неколку часа претходно, ти ми рече:”Не те сакам”.
 
 





 

н:ноќ и цветови

Купив букет сончогледи. Не затоа што особено ми се допаѓаат како цвеќиња, туку затоа што ги продаваше старица која ми делуваше добродушно и уморно. Веројатно бев алтруистички расположена.
Избраздените, суви и прилично широки дланки ги примија трите книжни банкноти и ми ги подадоа цветовите обвиткани во лист од весник на кој беа испечатени дваесет некролози, една објава за тендер и неколку огласи. Додека ги носев сончогледите кон дома, се прашував кон што ли ќе гледаат кога ќе ги поставам на масата во мојата соба, затоа што не сакам да го гледам сонцето, ниту пак сакам тоа да ме гледа мене, па ролетните на прозорците секогаш ги оставам спуштени до крај.
Уште истата вечер, ја запалив електричната светилка и решив да гледам како сончогледите се вртат кон алтернативниот извор на светлина. Проаѓаа часови, а цветовите не се ни помрднаа. Во ред, можеби се помрднаа, но толку малку, што не забележав, или пак, го направија тоа баш во еден од моментите кога мојот поглед ловеше фрагменти од порно филмот кој се прикажуваше на некој од тв-каналите, па не можев да ја регистрирам промената. Како и да е, тогаш решив да заборавам на напомената на старицата да ја менувам често водата во вазната.
Следните денови ги забележував сончогледите единствено кога лежејќи во креветот, се обидував да заспијам. Иако нивната глетка не ме опушташе, туку напротив ми будеше некое чувство на нелагодност и благ бес, сепак не можев да престанам да ги гледам. Така, неколку ноќи по ред, набљудувањето на цветовите ми стана вообичаена активност пред да се изгубам во сон. Дотогаш, тоа беше мастурбирањето.
Забележав дека најголемите цветови почнаа да се сушат и свиваат надолу уште вториот ден. Четвртиот ден, скоро сите цветови делуваа мртво. Со исклучок на оние што беа само пупки кога го купив букетот. Како што развиените сончогледи умираа, така овие се’ повеќе се отвораа и се метаморфозираа во цветови. Како да не им пречеше фактот дека наместо сонце имаат светилка купена за педесет денари, а немасто почва со минерали, застојана, позеленета вода и стаклено дно од вазна.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
















































 

  д:дома