2007:октомври/ноември
општ
конкурс
и:илиески филип
м:меѓу
линиите
На градската автобуска станица,
една од оние кои постојат на неколку минути превоз, продавницата беше
споена со тротоарот кој излегуваше од правецот за да направи корито во кое
ќе застануваат автобусите. Широкиот тротоар ги делеше израстокот на
улицата и продавницата. Продавницата пред вратата имаше три степеника или
(скали) по кои се качуваш и слегуваш кога влегуваш и излегуваш од неа. На
тие скалички седеше некој дечко со задникот на третата (последна) скали и
патиките на првата. Во оваа положба коленото правеше агол од 90 степени
поврзувајки ги стапалата и колкот. И 90 степени на колковите поврзувајки
ги колената со трупот и главата. Седеше така со рацете во џебовите од
јакната, гледаше некаде право преку улицата, го чекаше автобусот. Беше
единствен кој чекаше на станицата и воопшто немаше луѓе. По некое време се
појави девојка која навидум беше негова возраст. Стоеше на неколку метра
од неговата десна страна и го имаше неговиот профил. Тој воопшто не се
сврте да ја види. Таа го гледаше така од страна и според положбата во која
тој седеше го замисли како црна фигура од тетрис, целото тело во таа
положба скриено зар една голема цензура со прави линии. Почна да “одзема”
од цензурата додека не дојде до нешто налик на црна фигура од сообраќаен
знак, ”одземајки - усложувајки” уште дојде до правата форма која ги имаше
природните бои и изгледаше како пред тоа. Осети мека потресна иронија
зошто само направи круг и се врати на реалноста. Дечкото чита мисли и се
насмеа за тоа што и се сврте низ глава, без да гледа во неа, гледаше
право. Таа помисли дека тој се насмеал зошто се сетил на некоја смешна
случка и проба и таа да се сети на своја. Тој за тоа повторно се насмеа,
таа некако се увери дека тој се смее ради нешто што се сетил. Гледаше
право но знаеше дека таа го гледа. Во џеповите од јакната си ги повлече
дланките во тупаници во долгите ракави, ги извлече рацете од џебовите, ги
стави лактите на колената наведнувајки се и на пола педа од лицето го
потпре челото на “невидливите тупаници”, убаво го изведе тоа. Знаеше дека
девојката го гледа. ”Каде се дланките?А што со нив?Невидливи ли се?”Го
вртеше погледот полека накај неа за таа да има враме да се сврти (да не им
се пресретнат погледите). Таа гледаше право и тој секундарно се изгреба со
четирите прсти на десниот образ, ги повлече прстите во ракавот и продолжи
да гледа право. Таа повторно погледна во него и тој иземитира чешање со
ракавот една педа од лицето во моментот кога се појави црвенилото. Таа го
виде тоа “НЕВИДЛИВИ ДЛАНКИ”. Тој стана и влезе во продавницата туркајки ја
вратата, си купи цигара и ја запали во продавницата. Со рацете во џебовите
и цигарата во уста излезе и повторно седна на скалите. Цигарата му чадеше
во устата. Таа чекаше тој да ја извади раката да ја фати цигарата.
Помислата дека цигарата ќе лебди и се виде страшна и него тоа му падна
смешно но не се насмевна. Дојде автобусот, тој ја плукна цигарата и
двајцата влегоа од средната врата. Тој застана на средината од спроти
влезот, стоеше потпрен држејки се за хоризонталната шипка под прозорот во
висина на колкот со рацете зад грб и гледаше право во вратата од каде што
влезе. Таа стоеше позади повторно од негова десна страна држејки се за
вертикалната шипка. Само тие двајца беа во автобусот. Ги читаше нејзините
мисли “Дланките, само сакам да ги видам дланките”. Го пратеше нејзиниот
прељубопитен тек на мисли кој би направил “све” за да ги види дланките и
претпостави дека кога автобусот ќе сврти нагло на раскрсницата лево, дека
таа во моментот нелогично ќе помисли дека тој ќе се сврти со грб накај
неа. Таа навистина помисли така. Погодокот му беше лесно задоволувачки
исто како што би фрлил паричка да се врти високо и би ја фатил. Се сврте и
за прв пат погледна во неа само за момент и го врати погледот право. Ги
извади правите дланки во висина на градите како да држи замислена топка со
прстите нагоре и ги ротираше рацете за 90 степени на лево како да ја
потсвртел замислената топка и така отворените дланки останаа паралелно. Го
изведе тоа споро и убаво за да и укаже за нејзината нелогична мисла, дека
како и да се ротира автобусот положбите остануваат исти. Иако знаеше дека
таа ни на крај памет нема да помисли на тоа туку “Еве ми ги дланките, те
зезав цело време”.
Автобусот застана и тој излезе на својата станица.
р:реприза на
локалниот канал, прв дел
ЗБОГУМ ИГРАЧКИ
Седев во маало и ги гледав малите деца како играат во паркчето, ониe
најмалите. Момчето и девојчето стоеа на ќебето, другото момче трчаше околу
нив.
“Брзо качи се овде! Газиш во огнот! “ - Му викна девојчето на момчето кое
трчаше и детето веднаш скокна и сe стркала на ќебето. Нивниот оган за мене
беше трева, ништо повеќе, јас не можам да се излажам себеси. Појдов до
игралиштето и ги отпоздравив дечките кои шутираа. Веќе беа шесто-седмо
оделение, прави мажиња. Ги слушав како си префрлаат и какви прекари си
даваат меѓу себе, си ги пцуеа и мајките. Знаеме, Да ти ебам мајката не е
намера - ќе ти ебам мајката нити желба - сакам да ти ебам мајката. Со таа
провокациа си даваш некој чуден простор и дозвола, заземаш нечие место. Во
основно училиште ќе те изненадат тие работи. . Старите примери како
прашањето:дали го знаеш Коле?Или што си го чепкал Коле?Знаете за кој Коле
викам нели?Да и алармот за поздрав - придржи го огледалцето да си ја
наместам косава. Можам да се сетам на друштвените почетоци кога влегоа во
уши и почнавме да ги кажуваме гнасните работи, кога се бараше лична победа
во мојата глава. На сите ни изгледаше кул да се биде лошо дете и да се има
непријатели. Шемата ја отвара својата уста, вика:Ова е начинот. Влегуваш
во неа и веќе си проголтан. Немаш избор само правиш што ќе кажат и ладното
почнува да си го држи своето. Ја имаш полесната страна, откачување и
отфрлање без мудра лекција, машината веќе почнала да ги стишува и отфрла
работите. Вртењето грб на свељубовта се покажа во својата светлина. Секако
не сме самите ние криви, видовме дека човек и човек не се сакаат. Веќе го
препознаваш својот одраз во огледалото и ја имаш својата тврдоглавост.
А на што сум па и јас сега, како и секој кукавица - за што е сево ова.
ОДМАЗДА
Знам дека за омраза мора да има причина, за да возвратиме удар исто така.
И цело време некој ни е нешто должен. А што не натерало на тоа, зошто
непријатели, зошто пречки. Нели можеме да го заборавиме сето тоа. Јас сум
наивен, јас можам а сите кои несакаат нека продалжат да ги уништуваат
туѓите животи и својот и нека живеат со тоа. Но го прават тоа зошто некој
веќе им наштетил и некој им е нешто должен и продолжуваат со тоа, доаѓаат
нови работи нови товари. Нели можеме да го заборавиме сето тоа. Јас можам,
јас можам да висам на крст.
МОЕТО ИСМЕВАЊЕ НА ЕДНА РАБОТА И ТАЖЕЊЕ РАДИ ПОСТОЕЊЕТО НА ИСТАТА
Лето беше. Пред три месеци наполнив 20. Крајот на тинејџерскиот живот
викаат. За пари имав повеќе од доволно за мене но сакав да работам нешто
за плата. Не дека ми требаа пари и од тие што ги добивав не трошев многу.
Сакав да се замарам со нешто.
Работев на две повторувачки машини за помала дневница од откажаната понуда
за шанкер во нетолку страшниот полу фенси свет. Одбив ради фактот дека сум
металец, се зезам не сум. Тоа што ми требаше е мир и самотија и јас
едноставно избегав. Првиот ден тука беше извежбаниот инструктор кој ми ги
објаснуваше малите работи за кои треба да се грижам. Пристапот му беше
близок и пријателски. Претпоставив дека е мирен и добар човек. Ме упати и
за деталите околу купатилото и продавницата. Јас одговарав со да, секако,
нема проблем. Го вклучи радиото во струја и просторијата се исполни со
каналот грди песни. Нека оди тоа додека е тој тука. Откако замина останав
сам и станав да сменам. Колцето беше закочено незнам на кој начин.
Помислив дека некој го залепил и се насмеав. Го исклучив но сепак решив да
се мачам себеси и повторно го вклучив. Сакав да ги слушам тие патетични
едно те исто пародии сами на себе. Сите различни и сите исти и сите си
стојат на своето. Ги слушав зошто се надевав дека ќе има нешто што ќе ме
инспирира ни сам не знаејки на кој начин. Некои песни се повторуваа по
два-три пати, не ми се веруваше колку беа смешни. Јас си ги замислував
така како умислени заебанции но тажна е вистината дека не е така туку се
искрени и доаѓаат од она што тие го нарекуваат срце. Сакам да запомнам
некои стихови и рефрени, сакам сите овие срања да ги снимам и да ги имам.
Сакате да ви кажам една. Заеби сигурно сте ја слушнале веќе.
УЛОГА
Кога ќе видиш секој е во право и секој ја игра својата улога, некои на
повисоко некои на пониско ниво, сите вредни за себе. Можеш да кажеш дека и
Чарлс Буковски ја игра добро својата улога, све може да биде кул но све се
руши, многу работи стојат во место и се едно те исто.
СЕ ЗНАЕМЕ
Одев по познатата преодена улица и налетав на другар од основно кој
излегуваше од колата фаќајки ја својата девојка за рака. Ја знаев и неа од
негде. Се поздравив со двајцата. Со него си ги кажавме работите како Кај
си брат/Еве брат/Кај одиш брат/Еве брат. Со неа не прозборев, само знаевме
дека се знаеме. Чао/Чао/Чао. Нашите мали градови се големи села и знаеш и
кој треба и кој не мора но го делиш стандардното внимание со сите нив.
Само поедини ликови ќе те усреќат и ти нив па би можеле да одиме негде на
кафе.
НАШТЕ СРЦА
- Слушај. Се собравме 100 другари кај другар дома, испивме 50 литра
ракија. Јадевме табли, излеговме, испивме 100 литра коњак и 100 литра
вино. Јадевме табли, отидовме да земеме трева, испушивме едно сто џоинта и
по некое пиво. Сабајлето кога станав главата ми беше широка метро ипол и
устата ми беше плава.
- А за нова година тој не знае!
- Леле па тогаш, чшшшшшшшшшш. . .
р:реприза на
локалниот канал, втор дел
ЖИВОТНИ
Во градскиот автобус во задниот дел имаше група дечки попаметни од
мајмуни. Доволно попаметни да те исчукаат па и да те збрцаат. Сите заедно
против тебе како хиени против пленот. Зборуваа на друг јазик но секако го
разбираа и лошо го зборуваа и нашиот. Ме гледаа накриво. Едниот од нив ја
протре тупаницата и го искрцка вратот гледајки ме, незнам дали е свесен
колку е грд. Им кажав дека јас сум ѓаволот што може да ги сомеле ако треба
и птица што може да им моча по главите.
МОЈАТА ПОТ СМРДИ ПОДОБРО ОД ТВОЈАТА
Испадна да седам со тројцата кои беа од Делчево. Девојка и двајца машки
кои беа запиени и имаа време да ме прашаат многу работи. Јас бев уморен и
зборував како пичка. Ги примаа моите зборови како спори шамари како
галење. Зборуваа брзо и на нивни начин, заедно против моментот, турбо филм
- нивни филм. Девојката седеше до едниот и си играа со дланките. Алкохол,
жени и минато како предмет на смеа и дејствување излегуваше од нивните
усти. Луѓето од највисоките планини веруваат дека се во градот каде има
парфеми, шатирање и шарени крпчиња.
Луѓето кои живеат во нашата мала измешана изгубена парче земја се жители
на геограските точки и си покажуваат прст и се исмеваат меѓу себе:
- Како викате вие за ова?
- Вака.
- Многу е смешно, имам еден другар кога ми кажа прснав од смеа.
- А вие како викате?
- Така.
- Е вашето е посмешно.
- Е како да не.
- Е како да не.
И шала да е/и машки да сме:
Скопје: Охриѓаниве дерат братче.
Охрид: Шо мајка барате налето.
Скопје: Сељаци.
Охрид: Педери.
Скопје: Провинцијалци.
Охрид: Скопски педери
Ај и едниот и другиот се за нигде. Сами се пишале како такви и го смалиле
својот свет. И двајцата искезени пиштоли со евтини предрасуди кон туѓото.
Едниве дека главен град другиве дека езероно. А два селски универзума
Охрид и Скопје.
Жителите на нашето големо село одат во странство во друго село кое викаат
изгледало доста поубаво и посредено, се заработувало подобро и различен
бил менталитетот.
СЕЛО
Ние бевме во селото
Ние бевме надвор од него
Ние го имавме селото
Ние го знаевме селото
Ние бевме цело село
И се стана село
Се задржавме на селото
И затоа сега го озборуваме.
РЕПРИЗА
И ете сега јас мочам по работите без осет. Го правам тоа а и не ми е
забавно да знаеш. Го свртев грбот на моралот и лагите. Не го ебам
телевизорот и целиот мастурбаторски маркетинг - (работам добро).
Истренираните курвини синови немаат лек за мојата душа. Политика и секакви
групи и заедници спиеја некаде на страна. Го правам и го сакам само тоа
што мене ми се допаѓа. Јас видов избор и му се радувам на сонцето братче.
Само се фатив за репризата која не опкружува и сега ја исликувам на свој
начин. Не сум Ван Гог но можам да ти нацртам нешто добро пеер.
ШЕМА
Одиш низ паркот во мешаницата од дарк, раста, класика и нешто друго.
Секакви улоги. Некои со сосем различни “стилови и сваќања“ но гледаш дека
зборуваат како пријатели. (Треба ли да ми биде чудно тоа), имиџ, имиџ,
имиџ. Детето во градинка не бира да биде ваков или таков. Сега го пронашол
правото нешто за себе.
Една од оние јас сум кул кај што ќе пројдам, со откачени фризури,
наруквици и ланчиња во бои. Убави ташни кои висат на колкот, шарена
гардероба, марами и широки патики. Изгледа убаво. И нејзините другарки
исто така. Девојчиња кукли, шмизли што не сакаат шмизли. Фанки шмизли што
избрале да не бидат стегнати шмизли. Нивните другари и дечковци, кул бејби
бојс со бушави коси или расти. Тие кремци не поштоваат кремци и тесна
гардероба со шкртаници. Нив кур ги боли за некоја шема, тие имаат своја,
тие се независни. Барем тоа го пишува на нивните блузони INDEPENDENT.
ЦЕНЗУРА
Нередот во телевизорот вриеше во намерата да каже “сакам да те ебам“ како
да не сакаше да го каже тоа. Цело време заобиколуваше заглавен во
предиграта. Го нема мојот збор. Предходно веќе кажав нив им е дозволено да
си го кажат своето: “Ние грдите имаме грдо и наше си е. Грдото вози и го
сакаме. Ние големото друштво се слагаме во него.“ Простете ако ова звучеше
поперски. Јас не се кријам, не заобиколувам. Мојата цензура е бледа. И
нивната е. Гледаш на што беа додека очајно викаа “Имам ова,немам ова.“ Тие
го кажаа своето. Јас реков грди се. Тоа дека сум убав. Сето тоа во овие
редови. Мислиш ли дека сум доволно глупав да реализирам. Знам бе другар
дека огледало и пиштол не им вреди. Само плукав по нивните дворови и мочав
на нивните кровови. За да правам убав филм. Без влакна на јазикот. Правите
другари се искрени. И овој филм ќе заврши заедно со мојата улога.
РОДИТЕЛ
Вака или така,
нас цвекињата
сеедно ни е ако има отпадоци во градината
и ако некои не се грижат за околината.
ЗЛОТО НЕМА ПРИЧИНА
Сте го гледале Омен филмот?Има и римејк. Е тие работи не можам да ги
сварам, многу се глупави и нема за нив место во тенџерето. Сите тие нешта
со ѓаволот за жал и во библијата го спомнуваат. Толку ли сме бедни да
зборуваме за ѓаволот? Да ебано сме бедни. Знаеме злото е тоа што се бори
со доброто, што лукаво успева да го скрие доброто. А има и сатанисти. Во
што веруваат тие?Во ѓаволот? Незнам. Изгледа сакале да го уништат стравот
претварајки се во јас сум страшен, демек страдање, демек болка, демек крв,
демек нешто.