2007:октомври/ноември
жанровски
конкурс
г:гошевски душко
и:инспирација
- А бе ти
чепкаш нешто?
- Шо?
- Знаеш.
- Не знам
- Го мрсиш мачорот?
- Кој мачор?
- Де бе Варски не дупчи, знаеш шо те прашувам?
- Шо?
- А бе ти ментален ли си?
Знаев дека Кољо вчера ја дрндосал колешката си, и сега упорно ја форсираше
темава. Кај беше до вчера да го ебам?
Кољо лежеше на другиот кревет цел искезен. Цимерот вчера ги слушнал,
колешката му викала ,, сврши на мене и така ќе се туширам,,. Стивска
романтика.
Влезе Гиро.
- А бе Гиро, ти чепкаш нешто?
- Де бе Кољо цел спрат те разбра, шо не залепиш соопштение ебаго?
- Ах гниди љубоморни. Знам јас оти ве пецка.Ама ќе дојдете вие пак кај
бате Кољо.Сезоната само што почне - и излезе нанекаде. Тор топ.
Запалив пушев. Размислував за Кољо.Шо ти значи упорност. Се исплати. Го
погледнав и Гиро. Шо ти значи систематска грешка на еволуцујата.
Големата глава на Стојан се подаде на вратата во придружба на неговото
залоено тело. Мајка му испратила шест пастрмајлии. Гиро тргна по вино,
Кољо пак изникна од некаде. Јас откажав и останав сам. Конечно.
Влезе Боки, зеде шекер, излезе. Бобан побара два стола, имал гости. Боки
го врати шекерот. Гиро се врати по чаши. Сите ги пречекав и ги отерав
доста сочно.
Заклучив. Конечно мир.
Мир.Мир. Мир. Станав.До тераса.Седнав.
Пробав да учам. Лажам. Ама планирав.
Крстозбор.Заглавив.
Досадно.Досадно.Досадно.
И шо ќе праам тргнав кај Стојан. Уште беа на нашите, при крај и полека се
префрлуваа на Америка - Русија. Капиталисти, глобалисти, коминисти. И
тогаш, во тој момент ми помина нешто низ глава. Зедов тетратка и пенкало.
И се роди следното:
Крај потокот на надежта
крај изворот на верата
кај врутокот на човечноста
крај мудроста вековна
стојат глобалистите
го зазедоа местото
на ројалистите
социјалистите
феудалистите
црковистите
и се бранат и штитат
како некогаш кај нас
на Тито бистите
да , да, тие истите.