т:темплум |
Во 21-от
век многу вредности беа изместени. Еврото беше видно поскапо од доларот, а
луѓето немаа врска во што да веруваат или што да гледаат за вредно. Едно
на сите им беше сосема јасно -ништо не се добива бесплатно. Се си има
своја цена. Ќе си ја платиш во зависност од тоа што сакаш да добиеш. И
додека луѓето трчаа наоколу секој по своето, јас бев изгубен во просторот.
Не успеав да се пронајдам себе си меѓу нив. . Бев страшно осамен. Некако
ми беше тешко да се зближувам со луѓето. Не знам зошто. Можеби причината
беше што мислев дека сум подобар од сите нив. Или можеби зато што тие
мислеа дека сум чудак. Така целиот живот го поминав само со еден пријател.
Единствениот што вистински ме разбираше. Тоа наше пријателство беше
сплотување на нотите во мелодија, ако не познававте ќе го споредевте со
соедувањето на мажот и ижената на првата брачна ноќ, кога двете чудесно
стануваат едно.... Звучи патетично, знам. Мојот психијатар не мисли дека е
патетично, туку емотивно нестабилно да гледам вака на нешто што не е живо.
Магаре едно, си мисли дека ако носи бел мантил и има диплома од
универзитет чие име не можев убаво да го прочитам, може да суди за нечија
емотивна состојба. Верувајте дека тој мој пријател не беше црвен музички
инструмент, туку повеќе од тоа, единственото нешто на овој свет што ми
даваше чувство на вредност. Само додека свирев се чувствував дека
заслужувам да го арчам кислородот на овој свет. Седнат на стариот кревет
во мојата соба по цели денови и ноќи свирев. Бевме сами затоа што немаше
никој друг да не посети , ама не ни пречеше. Уживавме заедно. Сонував еден
ден да застанам пред топла непознати лица и да свирам пред нив, да свирам
така што ќе настане совршенсто од мелодијата, како мал подарок од мене за
сите оние што некаде брзаат. Јас и мојата виолина со сите изгубени души на
овој свет кои беа исполнети со празнина. Знаете што е убавото кај
соништата, што тие се прекрасни само додека се дел од вас и додека ги
користите со нив да си ја насладувате душата. Ама во првиот момент кога ќе
посакаат да ги направите реалност го правите најголемиот ризик, ако тие не
бидат такви какви што вие ги гледавте во вашите будни бдеења, тогаш ќе
паднат врз вас и ќе ви ја скршат душата. И никогаш повеќе нема да биде
исто. Никогаш…
Беше тоа
многу одамна, се случи во оние старите времиња што сме ги слушале во
приказните на бабите како мали. Кога луѓето користеа свеќи за да ја
осветлат темнината на мракот, а малите колиби беа нивните живеалиштаАма
ова не е приказна. Ниту мит. Ниту некаква легенда. Ова е вистината за нив.
Тие беа многу чуден народ. Имаа долги, тенки нозе, а секој од нив имаше по
еден долг нос. Неверојатно долг нос и исто таков врат. Кога зборуваа
правеа врева, беа некако премногу гласни. И како што бидувало тоа во
старите времиња живееа во долината. Таму уживаа во нејзината магичност
секојдневно собриајќи се под месечевата светлина. А преку ден работеа по
полињата затоа што од нивниот род преживуваа. Тоа се случуваше секој нов
ден, работеа И пред да падне длабоката ноќ се собираа и со голема врава го
прославуваа денот што поминал. Ама неѓу нив живееше еден различен старец ,
најчудниот старец што некогаш сте го виделе во животот. Тој внимаваше што
зборува и секоја реч од неговата уста беше обвиена во мудрост. Некои велеа
дека го знаел јазикот на Бог и честопати зборувал си него. А тој како што
сите чудни старци прават во животот, само седеше на каменот во средиштето
И постојано го набљудуваше својот народ. Слушаше што зборуваат И ги
гледаше како се однесуваат еден кон друг. Од време на време кога ке ја
отвореше својата им кажуваше работи кои ним не им беа најугодни за
слушање. Им велеше дека се зли и себични и дека мораат да се променат
зошто нивните срца наликуваат на камењата во зима. Ама тие не го разбираа
тоа што им го кажуваше И не ни сакаа да обрнат внимание на неговите
зборови. За нив тие беа како ветерот, доаѓа и си одеа без да остават
трага. Не го почитуваа воопшто. Можеби затоа никој не рече ништо кога едно
од децата со силен замав го удри по главата со камен. Почна да тече крв.
Обземен од силна болка, која пополека го носеше кон смртта, тој ја отвори
својата уста и ги изрече последните зборови. Ве проколнувам зла породо за
ова што вашите чеда ми го направија. До крајот на денот сите деца од
долината ќе умрат и повеќе не ќе можете да имате потомци од ваша крв И
месо. Ако сакате да оставите наследство позади вас ќе морате да отидете
преку седум мориња И седум океани, за таму во делечните земји да се
размножуватеКлетвата ќе остане на вас за век. Го рече тоа, па умре. И како
што сонцето пополека се криеше позади големите планини, така неговите
зборови станауваа вистина. До крајот на денот сите деца умреа од некаква
чудна болест, а долината ја обви тага и бол. Луѓето не може да поверуваат
каква судбина ги снајде. Плачеа И плачеа со денови. Немаше надеж, ниту
имаше кој да им помогне да ги избави од проклеството. Денот кога тие ќе
умрат нивниот род засекогаш ќе исчезне од лицето на овој свет. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |