т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


а:андоновски петар








 

п:пасија

Тој и Таа секое утро и секое попладне се сретнуваа во метрото.
Покрај тоа што секој ден одеа заедно на работа и седеа еден до
друг во метрото,тие никогаш не разговараа. Дури не си ги ни
знаеа ниту имињата.Тој беше Тој,а Таа беше Таа.Наутро кога Таа ке
влезеше една станица после него во метрото Тој ја тргаше торбата
која претходно ја беше ставил на седиштето до него за да може да
седне Таа.Попладнето кога ке влезеше Тој една станица после неа
Таа ке ја тргнеше торбата која ја беше ставила претходно на седиштето до неа за да може да седне Тој. Седеа така еден до друг
Тој иТаа без да прозборат или да се погледнат.Седеа заедно додека
да се разделат: Таа една станица пред него Тој една станица после неа.Така правеа цели 30 години.
...
Тој почина,а Таа секое утро и секое попладне седеше на клупата до неговиот гроб.Седеше така со часови без да презбори, без да погледне во фотографијата на надгробната плоча.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања







 

  д:дома