т:темплум  


2007:октомври/ноември
општ конкурс


а:алек ван сан дар








 

л:лоша постапка

Ирена го живееше животот како секое друго девојче на нејзини години: одеше во градинка, другаруваше со врсниците, јадеше се што нејзините родители сметаа дека е неопходно за нејзината возраст, беше скромна во своите желби и барања и не се делеше од својата омилена кукла. Родителите размислуваа дека Иренината приврзаност кон куклата се должи на фактот што таа беше лишена од можноста да има братче или сестричка. Во таа насока тие и објавија на Ирена дека наскоро треба да очекува братче.
Еден ден додека Ирена си играше со својата кукла, толку многу се изнервира што во момент на слабост и нервна растроеност, застрашувачка за нејзина возраст, ја фати куклата за едната нога и ја тресна силно од ѕидот. Во следниот момент куклата лежеше безживотно со изразит деформитет на главата.
Утредента Ирена не можеше ниту да претчувствува, преку нејзината неразвиена фантазија и закржлавен систем на претпоставки, што би можело да се случи. Потребата од физиолошка постапка ја разбуди и ја однесе до бањата. Во следниот момент надоаѓаше ужасот кој кулминираше со влегувањето на Ирена во спалната соба на нејзините родители. Нејзината мајка лежеше мртва со искасапено лице. Нозете, на чиишто прсти беа искорнати ноктите, беа префрлени преку распораниот стомак на нејзиниот татко, кој очигледно во борба со гадниот насилник се препнал и со главата забил во големото огледало, чиишто остри парчиња беа навлезени во неговиот череп, а главата му висеше надолу и вон просторот што го зафаќаше брачниот кревет.
Безумието што ја зафати Ирена ја натера да истрча од собата и да се втурне по скалите што водеа кон приземниот кат. А таму, до држачот на двоседот беше припиена нејзината кукла. Низ магловит поглед Ирена успеа да ја распознае својата кукла со распукнатина на главата и со засирена крв на нејзините рачиња.
 







 

п:после тоа

Капка од прокиснатиот таван паѓа врз неговото лице. Тоа го разбудува. Поглед кон мобилниот. Зачуденост. Телефонот е испразнет. Бара информација за времето на рачниот часовник. Доцни за работа. Не ѕвонел мобилниот. Сигурен е дека вчера му беше полна батеријата. Изненаден е. Жена му не е во постелата. Нема трага дека е разбудена од неодамна. Како можела да замине на работа пред него? Го будела, ама тој пак заспал. Најверојатно, си мисли.
Не губи време. Истрчува до кујната. Разочараност. Масата нема содржина со храна. Фрижидерот испразнет. Наоѓа само чинија со полусмрзнати шпагети, излигавени во домашен кечап. Пробува и не се задржува на второ вкусување. Револтираност. Садоперот е нагмечен од немиени садови. Брзање. Кај шифоњерот губи прилично во време додека го пронајде најновиот костум. Забележува избледеност на бојата и недостаток на едно копче. Не смее да си дозволи дополнителна загуба на време. Го облекува костумот. Ги бара клучевите од автомобилот. На фрижидерот се. Не сфаќа зошто не се со приврзокот од “toyota”. Пред да излезе, му паѓа на ум да ги провери децата. Неверување. Отишле во градинка а креветите суредени. Зарем мајка им нашла време за сето тоа?
Се враќа уште еднаш, по цигарите. Збунетост. Наместо “Marlboro” наоѓа “57-мица”. Со гадење пали една и го заклучува станот. Стаписаност. На влезната врата ја нема налепницата “Јан и Настасија Стакови”. Дечишта, си мисли, чепкаат по туѓите врати. Ги претрчува скалилата. Ја отвора гаражата. Шокираност. “Королата” се претворила во “југо”. Клучот, не знае зошто, се фаќа на “југото”.
Јан е веќе во својата фирма, видно растроен и вознемирен. Оди кај директорот да бара извинување за доцнењето. Влетува задишан. Го губи здивот пред да успее да каже нешто. Директорот го преварува: “Не, Јан, не ми се потребни твоите молби. Отказното решение е конечно”.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
































































 

  д:дома