октомври
t:tlenny
н:нешто
за себе: мрцина
п:планетите и како
тие влијаат врз животот на обичниот и необичниот Македонец
Пред некој ден слушнав некој
муабет за тоа од какви луѓе треба да се пази. Тука да ти имало везе
планетите како се наредени. Мислам, настрана тоа што планетите имаат везе
со се. Стануваш сабајле, идеш леб да купиш, и ако на пример:
1. Марс ти се погодил да ти проаѓа низ прва куќа, ќе се скараш со
комшиката, која на кого турала оцет во цвеќињата и оставала ѓубре пред
врата. Суседски муабети. После влагаш во продавница и гледаш нема фискална
сметка и тука одма почнуваш да се тепаш како тоа не ги почитуваат
државните закони. Замисли па у инспекција да работиш. Тоа стварно би бил
јак Марс. Онака влага у прва куќа (значи, заеби ти познати непознати колку
вили на Беверли Хилс имаат, сите си имаме по 12 куќи) и р'шум праи. Абе
ломови.
2. Tи се погоди Сонце во прва куќа и глеаш се симињаш по скали, некој ти
пружил црвен тепих, пред влез се редат фоторепортери, тука нешо служби од
МВР ги буткаат назад нафураните граѓани, тебе од страна ти доаѓа стилистот
и ти се дере зошто идеш по тренерки леб да купиш, ти става цвикери темни
за да не ти зацрвенат очите од блицовите... абе општ хаос, прекинат
сообраќај, продавачката се тресе од што гледа толку оружје на исто место.
Ако купиш леб стварно си имал среќа дента, ако не па служавката подоцна ќе
земе.
3. Сатурн у прва. Хмм.. Искачаш надвор и врне, ти ѕвони мобилниот и шефот
ти вика дека ти накачува плата али одма тука ти мава 904895893 обврски. Ти
главата незнаеш кај ти е од работа и место леб купуваш крофна и кафе и
одма трчаш во канцеларија. Пукаш цел ден од бркање работи разни, али затоа
си амбициозен и знаеш дека еден ден ти ќе одмараш а други ќе ти трчкаат, и
башка најголема плата ќе имаш. Абе класика. Оние од влада, сигурно Сатурн
им се оклембасил во прва куќа и неќе да мрдне до следни избори.
4. Венера во прва куќа. Искачаш по дотичниот леб, али облечен по (случај
ако си женски пол) миниќ и штикла, со целосна шминка фризура абе све и
тука одма пред тебе паѓаат сите во несвест. Ах, убавини тешки. Се погодило
на продавачката Марс да и е во прва и одма пцовки паѓаат љубоморења нешто
на комшиска база... закон! Ти дигни нос и ич не ги шмирглај.
5. Меркур во прва куќа... Немаш поима зошто, ама излагаш по леб и гледаш
дека некој се замарал да вградува огромни LCD екрани во влез, surround
систем, и пуштил вести. Тука искачаш надвор и место леб весник купуваш, ти
доаѓаат луѓе на кафе и ти кажуваат најнови вести, абе цел ден главата во
вести ти е (кошмар. доста ми е што моиве дома гледаат по 5 пара Вести
дневно на секој можен програм, изглеа они нешто со меркур замешале
прсти...). Ништо од лебот.
6. Месец во прва куќа. Искачаш надвор и врне. Идеш во продавница и немаат
леб и почнуваш да ПЛАЧЕШ ко нездрав... Идеш на фризер и си правиш шишка на
страна, ставаш пирс на уста и цел ден емо слушаш. И плачеш. Ти раскинува
женската/дечкото или жена ти/мажот ти ти кажуваат дека сакаат развод (за
некои ова е за општонародна веселба ама ај ќе ги заобиколиме нив) и плачеш
ко нездрав. Леб пак нема. Ако имаш некој бајат од завчера, мувлосува,
зошто и врз него плачеш.
7. Јупитер во прва куќа. Искачаш по леб и гледаш дека камиончето од Жито
Лукс само што дошло. Ти даваат попуст на лебот зошто си редовен купувач.
Надвор некој ја пуштил O Happy Day да свири. Земјата излага од
транзиција... добро претерав малце, али еве да речеме бензинот, струјата,
водата, телефонот, учебниците, све поефтинува, го апсат деканот на
Економски заради корупција, оние од влада не ветуваат ништо, доаѓаат
избори а нема глупи кампањи, предизборниот молк е стварно молк... абе
милина. И да, Биљана Секуловска е добро расположена (ептен го претерав!).
Епа тоа е тоа. Само да ве предупредам. Немојте да се дружите со луѓе што
имаат Јарец со подзнак Риба, ненормални се.
м:мојата тажна школка
Од не толку одамна, ги сакам
школките. Имаат убави - но бледи шари одозгора, се смеат кога ги боцкаш,
зборуваат за своите бисери, но никогаш, никогаш не се отвараат. Има една
убава школка која најмногу ја сакам. Таа не ми зборува за својот бисер,
таа не се фали колку е убаво она што го носи... А едноставно можам да
осетам колку проклетиот бисер сјае...
...толку многу што ми продира до зениците и ги стеснува дури и кога очите
ми се цврсто, цврсто затворени. Безвезе... Зошто по ѓаволите барем не каже
две реченици за тој бисер? А ги гледам творбите кои ги создава. Таа ни
самата не приметува дека носи бисер. Кога ќе ја прашам, кога го читам она
што го пишува и слушам она што го пее, таа вели дека е празна. Дека е
шуплива и сама. Таа не сфаќа зошто е на дното од океанот меѓу "толку
поубави школки со бисери од неа". Таа не сфаќа дека е најубава.
И сретнав некои други облаци додека шетав со другар ми, ветерот. Тие ми се
смееа и ме прашуваа дали сум болна што толку сакам една бледа и шуплива
школка. Ги растерав, зошто се глупи. Ги растерав зошто никогаш не
пораснале, секогаш само врнат и се судираат и повторно летаат
натаму-наваму и ништо не прават, само го затемнуваат она што е светло. Се
изнервирав па почнав да се дерам. Дека мојата школка е најубава, таа е
онаа на која и се восхитувам и сакам да бидам како неа...
...и тогаш се сетив.
Се сетив како бев на дното од океанот, бев шуплива и сама. Цело време ме
боцкаше нешто внатре и ме болеа очите. Сега знам зошто те сакам,
школкичке.
д:дваесдвојката
со црвени тапацирани седишта
Беа тоа времиња. Луѓето не се
секираа дали има дваесдвојки со црвени тапацирани седишта, зашто знаеа
дека има барем една. Сега се оставени на цедило, зашто можат да дознаат
само ако по некоја голема случајност упаднат баш во таа дваесдвојка која
постои од тогаш кога беа времиња. А можеби и не е случајност. Можеби има
точно определени луѓе кои во точно определено време ќе се качат на
дваесдвојката со црвени тапацирани седишта. Седнете на тие најназад, о,
вие кои сте избрани. Од таму доаѓа енергијата која ги мава мозочните
клетки кога ќе влезеш внатре и ќе му подадеш на чичкото 20 денари. Не знам
дали енергијата работи ако се шверцаш, но веројатно неможеш, бидејќи во
дваесдвојката со црвени тапацирани седишта има точно определен број на
луѓе кои треба да ја видат во текот на својот живот. А претпоставувам тие
не се многу, поради тоа што тогаш би се изгубила битноќата.
Од црвената дваесдвојка почнува и завршува се. Мислам дека шишкастото
суштество кое ме придружуваше таа вечер на вожњата во дваесдвојката со
црвени тапацирани седишта не ја сфати величественоста на својата локација.
Во точка која се движи. Црвена приватна точка со мали, тапацирани црвени
седишта. Со убави, малку запрашнети сијалички поставени над секое седиште.
Со неколку седишта со излижан црвен скај, некаде дури и изгребан, ишкртан,
одлепен. Од внатре се гледа жолтиот социјалистички сунѓер. Зарем нема
нешто поубаво од ти да бидеш избраниот? Мислам дека од тој момент кога се
симнав од црвената дваесдвојка со црвени тапацирани седишта, една станица
пред всушност да треба да се симнам, почна потрагата. Потрагата по истата
дваесдвојка со црвени тапацирани седишта. Ако некогаш повторно се качам на
неа, веројатно сум најсреќното суштество на планетата... Ме избрале, да
сум таа која двапати ќе го види чудото и ќе биде сведок на енергијата од
најпоследното, најдесното седиште, одма до задната врата.
Ако некогаш се возите во дваесдвојката со црвени тапацирани седишта...
Бидете сигурни дека има нешто особено околу вас. Нешто што треба да го
дознаете и осетите. Нешто што треба да го видите. Тоа е дваесдвојката со
црвени тапацирани седишта...
р:религијата
со црвените тапацирани седишта
Деновиве дојдов до информации
дека постои, покрај дваесдвојка со црвени тапацирани седишта, и деветка со
црвени тапацирани седишта, како и четриеспетка со црвени тапацирани
седишта. Тука доаѓам до прашање. Дали постојат, као, тајни клубови кој ги
избираат оние кои се качуваат на деветката, дваесдвојката и
четириеспетката со црвени тапацирани седишта? Можеби, ако некој младич/ица
треба да се качи во својот живот на сите три (збориме за ептен ептен
среќен/на младич/ица), и овие три клуба се состануваат и решаваат за тоа?
Иако стварно незнам кој би шетал толку многу по градов па да се качува на
сите три автобуса, онака. Поима неам кај иде 45ката, али знам дека 9ка иде
негде накај Топаана, а 22ката сите знаеме кај иде. Ух, коа сме кај тоа,
колку пати се имам сјебено (јебига, безпамтица) и место на 23ка, се
качувам на 22ка со надеж дека ќе ме однесе кај Бисер. Добро, се разбира,
некад да ја имав на тој начин фатено дваесдвојката со црвени тапацирани
седишта, ќе бев повеќе од радосна и задоволна... Ама испадна дека се качив
во дваесдвојката со црвени тапацирани седишта додека се возев накај
палмовото дрво на крајот на светот, така да... Јебига. До кај бев. Мозокот
ми стана дваесдвојкаст. :)
Уел, деновиве, одкако ја сфатив екшли битноќата на тие неколку минути
возење, почнав да се распрашувам по луѓе, кој го имал истото искуство.
Испадна дека се само двајца до сега, барем двајца кои ги познавам, со кои
гордо се ракував клештејќи се во нивните збунети лица. Јебига, не сфаќаат.
Ќе сфатат, еден ден. Се надевам дека некој од нив ќе го чита блогов и ќе
ја сфати битноќата. Едниот е човек што се одзива на името Психо (мислам,
гад дем, какви све луѓе се имаат возено со дваесдвојката со црвени
тапацирани седишта, јес да најдов ја да зборам) и во последно време многу
се дружи со частурници со заострен крај, а другата е Дијана, која незнам
колку и зашто е достојна да се вози со дваесдвојката со црвени тапацирани
седишта, ама она ме информираше за дотичната деветка со црвени тапацирани
седишта, така да фала и за тоа. Иако тоа искуство сеуште го неам
доживеано. Се надевам дека на следниот меѓуклубски состанок, ќе се одлучи
ја да се возам на барем еден автобус со црвени тапацирани седишта (мада,
стварно неам поима што би барала ја накај Бутел, за Ченто...можда ако идам
да го посетам татко ми). :)
Добро, покрај сите овие џаболебарења пред да идам на школо и да праам тест
по математика (се надевам на 3то, 4то место, а и чекам едно шишкасто
суштество со цицка крстена по мене да дојде да ми помогне да вежбам),
доаѓам до прашањето - како да се влезе во клубовите кои бираат кој ќе се
вози на дваесдвојката, четириеспетката или деветката со црвени тапацирани
седишта? Можеби тоа се не-луѓе, туку ascended beings. Можда тоа се само
луѓе кои се секојдневно во наша близина и се како и сите други, ама не ја
кажуваат својата позиција во Светиот Поредок (од кај да знам, можда
шишкастото суштество е таму). А можда и таму се влегува ако стварно ја
сфатиш битноќата на возењето во некои од горенаведените возила, и ако и се
клањаш секој ден, додека еден ден не станеш почесен член на клубот, па
продолжиш да си ја градиш позицијата таму.
Значи, несомнено, постои религија на автобусите со црвени тапацирани
седишта! Свети битија во неа, се, се разбира, дваесдвојката, деветката и
четириеспетката со црвени тапацирани седишта! Слично е како
христијанството, всушност, како што има православна и католичка црква,
така има и култ кон дваесдвојка/четириеспетка/деветка со црвени тапацирани
седишта. Него, отидов јас на дневната молитва.
п:портокали
Од увек нешто се чудам, нешто
се мислам, седам тука пред бедново мониторче и на светлината на столната
ламба (по ѓаволите, зошто ги викаат столни ламби? одма ме потсетува на
ламба која некој би ја ставил на стол, а оваа најпоштено не стои на стол
туку си е... столна ламба) се огледувам кога се уклучува скринсејверот,
натаму-наваму си лета едно виндоус знакче, фалејќи се дека е
професионалец... Бре, сите станале професионалци денеска, мислам онака...
интересно е низ град да бидат исполепени плакати со лицето на некоја тетка
која вели дека заокружувањето на бројката пред нејзиното име е значаен
чекор кон станувањето/останувањето човечко суштество. Незнам во нејзино
време што све не праеле за да остануваат луѓе, ама мене ме фати страв,
поминаа изборите и победи оној со портокаловата машна, а теткава нигде ја
нема. На вести се збори за портокалова револуција, ама никаков абер од
болниците некој да се пожалил дека одеднаш ја губи човечноста.
Чудни работи се дешаваат, чудни луѓе носат чудни ствари врз нив, како да
не е доволно што низ цел град висат индиректни закани за клетви со чија
помош би се изгубило човештвото, а мене одма ми се појавуваат филмови во
глава, нешто изрежирано така што 5 години после кризата и после повторниот
подем на американските екшн филмови, Брус Вилис би го спасил целиот свет
управувајќи гигантска машина која би користела за да се поминат сите
граници на државите до тука (со повремени потплатувања на дебели цариници
и застанувања на понекој фри-шоп) и би се гласало за злобната тетка која
откако ќе победи на изборите со 100% гласови за неа, би станала еден
очовечен Брејн, а нејзините поданици милиони глупави Пинки-ња... значи,
Брејн евеншли стварно го освојува светот, но не за долго! - Сепак, се
појавува моќта на портокаловата боја и користејќи ги пирамидите кои се
поставени на агли од 45 степени (кои на времето ја уништиле Атлантида),
преку новодонесената стаклена пирамида (нели, леќа која ги собира зраците)
која е искорната од пред Лувр, сосе фонтани и вегетација, а богами и по
некој Ден Браун скриен во жардињера... и користејќи го велигденскиот
период, праќаат руска ракета со сите можни пакетчиња портокалова боја за
јајца од Зелен и Бит (можно е и Бајт) Пазар и го бојат милото ни сонце,
црквата го нарекува тоа чудо невидено од пред 2006 години, насекаде
реклами за новата светска сила, насмеани бедуини завиткани во портокалови
наметки, кинези кои се фалат дека нивната боја на кожа е најблиска до
портокаловата па се котат со преостанатите членки на "црвената" раса,
индијанците, (црвено+жуто=портокалово), но американците не се согласуваат
да сменат боја на штрафтите на знамето и почнуваат да спремаат нуклеарно
оружје во Зајзикс (поздрав, мајко), до толку се дешава портокализација на
целиот свет што секаква храна освен онаа со портокалова боја е забранета
за употреба, луѓето ја бојат месечината портокалова, кока кола ја губи
црвената боја и станува портокалова, а да, заборавив да спомнам дека цел
Египет е обоен портокалово поради преголемата концентрација на портокалова
светлина во Лувр-ската пирамида, рефлектирана од останатите 3 кои се
поставени како правоаголен триаголник... значи, одиме сите во портокалови
крајности, се дешава нов big анти-boom во портокалово издание и јас одам
да си легнам (да, знам дека е рано) зошто стварно ќе почнам да замарам.
Муабетот ми беше... заврши Светско, а?