октомври
г:гето руди
г:години:30
п:професија:лектор
/ професор по македонски јазик
д:досега
објавено:има
getorudi@reggae.com.mk
в:ветрот и
детето
- Кој број?
- Триесетидевет! - извика детето и продолжи да чека.
Кога дојде продавачката со кутијата во којашто беа патиките со број
триесетидевет, детето веднаш ги зграби. Беа исти како оние во излогот.
Побрза да ги купи. Дури не ги ни проба.
- Спакувајте ги!
- Но, чекај, нема да ги пробаш, да провериш дали ти се точни?
- Не, не! - радосно одговори детето и извади пари од џебот за да ги плати
патиките со број триесетидевет.
Надвор дуваше силен ветар. Толку силен што младите дрвца се виткаа до
половина. Толку силен што дури и понекоја ќерамида паѓаше од покривите.
Кога излезе од бутикот, сместен во Градскиот трговски центар, детето се
затетарави.
- Ох, колку е силен ветров! - извика детето и посилно ја стисна кутијата
во којашто беа спакувани патиките со број триесетидевет.
Детето одлучно тргна кон својот дом. Како се приближуваше до топлиот и
комфорен стан, така ветрот с¢ повеќе се силеше. Ги вееше ќесите и хартиите
низ просторот, ги разлетуваше паднатите пожолтени лисја. Ги туркаше
корпите за отпадоци. Го валкаше валканиот град. Дури правеше и мали
бранчиња по баричките коишто останале од синоќешниот пороен дожд. Детето
му се спротивставуваше на ветрот со сите свои сили, но и покрај с¢,
побавно и побавно се движеше! Метар по метар, стапка по стапка. Малку по
малку стигна до прагот. Тогаш ветрот го направи решителниот чекор. С¢ се
стиши наеднаш и потоа дувна најсилно што можеше. Дувна како никогаш досега
во овој нечист град. Се чувствуваше како дрвјата да се корнат од земјата,
како сите ќерамиди да летаат од куќните покриви, а олуците попуштаа под
силината на ветрот. Тој фучеше и фучеше и тогаш детето падна, се струполи
токму пред прагот на својата куќа, но кутијата со патики со број
триесетидевет не ја испушташе. Ја држеше цврсто, ја држеше со двете раце и
се тркалаше низ дворот заедно со останатиот градски смет.
Кога слушна тресок, мајката веднаш истрча надвор. Го виде милото синче
како се препелка околу пожолтените лисја. Го фати за рамениците и набрзина
го внесе внатре. Тоа с¢ уште ја држеше фамозната кутија.
- Па, кај си до сега?
- Глеј мамо, си купив нови патики!
- Пак две. Па, ти имаш само една нога!
- Еј, сега се сетив! Затоа не можев да го победам ветрот. Ту, бе, мамо, да
имав две нозе сигурно ќе го победев.
- Да, сине, да.
с:сонце
Ништо не е важно кога трубата
ќе затруби за напад. Ништо не е важно кога капетанот ќе ја извади сабјата
од канијата. Ништо не е важно кога коњаницата напаѓа. Ништо не е важно
кога облак од прав се приближува кон нас. Бегајте црвенокожни браќа!
м:маргини
Осамениот маргиналец на
стражата знаеше како изгледа да се растопиш, да се расчлениш, да се
создадеш атом, да станеш ништо, зашто во долгите беседи што му ги држеше
на писателот, на раскажувачот, на нараторот или само на себеси (темно е,
во темнината не знае со кого е, сам ли е?) почнуваше летаргично да лебди.
Колку ли ликови носи мракот? Никогаш не му стана јасно. Сфаќаше, впрочем,
како да си ги прочистува лавиринтите на умот, зборувајќи кон
сенката-лунатик, а тој беше токму тоа, сенка, лунатик, сомнамбулист,
пасиониран идолопоклоник на секогаш полната месечина. Најнакрај си одеше,
така, сам, чувствувајќи го присуството на самотијата, а можеби и
присуството на друго суштество што го набљудува. Макар и интроспекциски.
Можеби сенка, сенки.
Мораше да се расчлени во атом, постојано да биде дезинтегриран, 24/7,
денес, сега, овој момент си тука, а потоа трепнеж, ни толку не е, ене
онде, и подалеку, на луната расцепната качен - стоиш.
Сред пустошот, како Диоген одеше барајќи човек, но на таа топка од вода,
осветлена од Сонцето, се видело ли жив човек?! Разбираше, конечно
разбираше, маргините служеле за да се чкртка по нив!
п:предупредување
Сите настани, случки,
доживувања и ликови што се среќаваат во расказите (есеите, едночинките,
литературните хибриди) се измислени. С¢ е производ на болната имагинација
на авторот, ако така може да се именува запишувачот. Да. Можеби тоа е
посоодветен збор. Запишувачот се извинува искрено и од сесрце.
Предупредување од запишувачот: Напишаното по ливчињата, во
тефтерот, во книжевниот подлисток, во списанието, во книгата, во
„Мајкрософт вордот“, на Интернет просторот или цеде-ромот не се
препорачува за читање кај луѓе со срцеви болести, хронична шизофренија и
хипохондрија. Читањето е забрането особено за оние што имаат тажна болка
во срцето и во главата. Најстрого се забранува текстовите да ги
читаат оние што критички ги анализираат, оценуваат или бараат смисла во
нив. Текстовите се препорачуваат за обичните луѓе кои немаат што
да прават во слободните часови и за оние што не им е здодевно да читаат за
секојдневни личности во секојдневни ситуации. Запишувачот не ја презема
одговорноста за последиците.
Благодариме
п:преку
ѕидот до слободата
Слободата секогаш е на чекор од
тебе. А храброста да го направиш тој чекор е илјадници километри далеку.
Затоа, вечно кружиш околу ѕидот, некогаш висок како облакодер, како
највисоката зграда на Балканот, а некогаш толку, толку мал, што ако
кивнеш, обилно ќе ја испрскаш другата страна.
Кружиш за да ја постигнеш зацртаната цел, како гладно куче, како бесен
пес, како мачка пред парење, како орел над два зајака што набрзина прават
мали потомци, и полека добиваш некакво чудно полнење, непозната сила го
става прстот токму на моето теме, молекули смелост, енергија. И, оп, веќе
си на другата страна, си пристигнал каде што си посакувал. Таму раскош,
сјај, „божева је хубавина“, идила. Таму слобода! И потоа, таму пустош,
пепел, таму секавици, молњи, чекор од тебе... а храброста таму...
„таму по кавал в срце да свирам
с'нце да зајдвит ја да умирам“.