т:темплум |
октомври
л:луѓе кои се вљубуваат во продавачи Имаше некои периоди кога Нено
почесто купуваше чоколади, чипсови и сокови од продавниците што се наоѓаа
во приземјата на зградите најблиску до местото каде што живееше. Желбата и
потребата да ги купи тие производи кај него се појавуваа без некаков ред,
неопределено, тој тоа подоцна го забележа и сфати или барем помисли дека е
така и тоа му се допадна. Но сепак, особено на почетокот, имаше некои
конкретни моменти кога тоа почесто се случуваше, на пример, кога имаше
повеќе за учење, само што заврши средно и се запиша на факултет, а
чоколадото дава повеќе енергија, или кога поради светското фудбалско
првенство имаше поинтересни натпревари или се даваше некој подобар филм,
па беше интересно да се помине некое време пред телевизор, но со нешто за
грицкање, бидејќи повеќето од неговото друштво не беа премногу фанови на
тој спорт, а и кога беа заедно не можеа концентрирано да ги гледаат
филмовите бидејќи поинтересно им беше да разговараат... На неговата улица
немаше продавница и бидејќи купувањето чоколади, чипс и некаков сок во
одредени периоди почесто му се случуваше, тој започна да гледа на тоа како
на кратко излегување од дома, околу пет-десет минути до некоја од
продавниците, средба и краток разговор со продавачите или со некој познат
на улица... Всушност, во тие ситуации средбите со продавачите се неминовни
и сигурни, секако ќе се сретнете со нив, а познатите по пат се случајни.
Така уште повеќе се најде во ситуација или некој подолг процес на
создавање однос со продавачите, доверба и разбирање, што на нив секако им
одговараше. Можеше да одбере која продавница повеќе му се допаѓа, а тоа
секако зависеше и од луѓето што работеа таму, некои едноставно знаеја да
додадат повеќе шарм во својата работа и да ја направат посетата на нивната
продавница поинтересна. Во повеќето продавници ги имаше истите чоколади и
сокови, освен чипсот што нему најмногу му се допаѓаше, а во еден период
кога тој беше во такво расположение го имаше на две-три места во близина,
па така изборот каде да се отиде зависеше и од тоа... |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |