т:темплум  

 

октомври
п:
петрушева м
.

 
 

п:глувчето кое сакаше да оди на месечината

Во една од куќите од населбата, разбрав дека се доселил нов член, но да не должам, некое глувче за кое јас ќе го користам името Марко.
Марко не е едноставен глушец туку тој е патник. Јас дури и муабет си направив со него. Комшиите си го донеле со себе од претходното живеалиште.
Одам јас на прошетка така, а се нешто ми шушка, се вртам и што да видам. Глушец се влече по мене. Застанувам и тој стои. Правам еден чекор и тој прави чекор. Па добро ќе одиме заедно на прошетка, и тргнавме. Морав да го скршам мразот па започнав муабет.
- Знаеш Марко уживам во вечерните прошетки особенокога не сум сама - велам јас.
Марко застана пред мене толку се возгордеа себе си и рече дека и него му било мило. И така си се размуабетивме.
Марко се расприкажа за неговите сопственици кои го терале да ги брка сите соседи кои ќе им дојдат, мачки,кучиња…и така ми раскажа Марко дека со мене е затоа што денес од кај нив сум побарала две лажички кафе.
Продолживме да одиме но јас веќе засрамена молчев пред Марко.
Тој ме изненади со признанието дека не ги сака своите стопани туку останува со нив затоа што сака да оди на месечината.
Нешто не ми беше јасно.
- Твоите стопани сакаат да одат на месечината? - прашав јас.
- Па да, знаеш јас веќе незнам кој пат по ред се селам со нив и ми е мака од тоа. Ги прашав до кога ќе се селиме на секои два месеца затоа што и јас сакам да се вдомам, семејство да створам, а тие ми рекоа дека дури и на месечината да одат, јас ќе одам со нив. Па така, јас го чекам патот до месечината.

 

 

м:мио го чека „Годо“

 „Чекајќи го Годо“

Утрешниот ден решив да се вика Годо - напиша Мио, едноставно така му дојде, не дека знаеше зошто.
И Годо беше значаен по многу нешта. Најпрво се надеваше дека Годо ќе биде љубезен и ќе му дозволи да се изнаспие, затоа што тој пред него, не го израдува многу, туку му изнадава толку многу глупости во главата од кои тој не можеше да спие.
А впрочем Годо е....
Епа среќен Годо, а за почеток во шест часот наутрому ги приреди „Funniest videos“ од кои тој ги зема само звучните перцепции.
Очите ги задоволи со буквите пред него, а устата со вкусот од кафето.
И што друго тој очекува од Годо, ако не убави сништа, по можност поранешната девојка во нив, а ако е во нив, тогаш сака сонот и да потрае.
Дури добро би било доколку му дозволи и интимен контакт со неа - е тоа ќе биде премија.
Мио само редеше:
- топла бања со миризлива сол и некој кој би му го истрил грбот, а за време на ритуалот да има чаша нес кафе и кутија цигари (добро би било доколку во близина биде и новиот „Auto bild“)
-топла супа, иста онаква каква што ја прави мајка му ( а претходно се разбира, салата со ракиичка, и што полута толку подобро) за потоа да следи обилниот ручек „свињетина“ во фурна и нормално компир.
-потоа следува седење на креветот во дневната соба со далечинскиот управувач во рака и историските емисии (би бил среќен доколку Годо му донесе еден куп документарци со Германци), а после задоволувањето на телевизискиот апетит Годо ќе му остави простор за долгото уживање пред компјутерот и се разбира нови задачи за Годо
-мора да најде нови ХХХ клипови
-расположливи моми за e-talking
-и се разбира да биде дарежлив при давањето голови на fifa 2004
А може Годо да му приреди на Мио и едно сочно излегување низ скопските кафулиња и едно добро дремење на шанкот при што тој би се насладувал на вкусот од ладното пиво и ќе си ја проценува својата освојувачка моќност (исто како Германците).
И Годо дојде, помина а Мио воопшто и не го виде затоа што беше наведнат над книгите кои мораше да ги разработи, а не знаеше зошто Годо го крсти токму Годо... и никогаш го немаше читано Бекет.
Мио само напиша „Чекајќи го Годо“

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


































































 

  д:дома