октомври
п:петровска м.
п:петрóвска и
црната шолја со кафе
Петрóвска се будеше за
огледалото/со кафето.
Опис на Петрóвска: читаше.
Еден ден во нејзината соба се пресели глувче. Незнаејќи како да го изгони,
а не сакаше да го убие поради Петрóвски - кој спиеше 5 км подалеку од неа,
го направи пријател. Најпрво почна да му се доближува со тоа што му
намигнуваше, па продолжи со покажување на јазикот и на крај почна да се
соблекува пред него.
Така глувчето и Петрóвска станаа најдобри пријатели. Ја делеа трпезата,
книгите, па дури и креветот. Во креветот не беа најдобри пријатели, се
повредуваа.
Петрóвска во една сабота читајќи книга почна да размислува за големината
на глувчето - неслучајно. Буквата ф ја наоѓаше поеротска од порано, а р
пенетрираше во з.
Тој ден, Петрóвска, за прв пат следеше секс на букви, но не и беше чудно.
Ова беше најдоброто порно што го гледала во животот. Погледна околу и
надвор, имаше две птици кои се влажнеа на дрвото, предметите во собата
имаа правеа оргии, дури и кваката пенетрираше во вратата. Петрóвска си
постави прашање, да не е ова знак? Стенкањата и звукот од плескањето на
двете букви ја натераа да го убие глувчето и да започне да бара поголемо
глувче.
Опис на Петрóвска: сакаше засекогаш да остане будна.