т:темплум |
октомври
Ливија изгледаше како некој кој
штотуку пристигнал од далечен пат. Како некој на поминување...
Флуидно постоење кое не признаваше зихернадли ниту лепаци за
глувци. Беше направена од друга материја - прав и пена врзани со
налудничав ветар. “Внимавај” - често ја предупредував, “немаш канџи како
Земјанките, лесно може да се лизнеш”. Ливија ме гледаше рамнодушно, да не
речам глупаво, подготвувајќи се за решителниот скок - Аеродром-Центар. Не
знаеше да атерира. Имаше повеќе модрици и од Бошко Буха. Погодувате -
Ливија беше русокоса. Целата создадена од полутонови. Беше и бистра на
својот сото воче начин. Земјината тежа секогаш беше проблем за неа.
Нејзиното месо и коски беа сунгерести и беше предодредена за лебдење. Таа
спарна јулска ноќ еден зелен јазик како камшик и го пресече патот. Ливија
продолжи да езди со малку променет курс, но јазикот фучејќи ја зграпчи за
врат и... ја повлече меѓу лизгави спили и долини.. Топлиот и влажен стисок
беа откритие за неа. Илјадници мали вулкани залепени за свилените и
крилца. Ливија мудруваше. Да се прости од крилцата или од себе? Се реши за
второто. Љубовта бара жртви! |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |