т:темплум  

 

октомври
н:
нинџа

 
 

т:триаголник #1

Значи се договоривме...?- напиша Мики .
Да, би сакала да се обидеме да бидеме заедно, но
полека ти си брз, мене ми треба сепак време, да се
видиме, да се запознаеме, не сум јас таква девојка ..
полека само ..-напиша Јелена .
Во ред тогаш... наскоро ке ти кажам што навистина
чувствувам кон тебе... сето тоа го има во мојата
приказна ...па ти сама одлучи што понатаму... дали ке
останеш со него или ке се обидеш со мене. Но доколку
не се најдеш во зборовиве кои ке ти ги напишам
наскоро, не ме барај никогаш повеке.Размислувај за тоа
до петокот вечерта доколку сакаш, потоа не сакам
одговор доколку го нема, едноставно исчезни - напиша
тој
Во ред - рече девојката и се насмевна спокојно .
Најпосле ке го добие тоа што го посакуваше и тоа
засега и беше доволно за да измами насмевка на
нејзиното лице. Ова беше нејзиното бегство. Мал флерт
и романса, мало внимание кое и беше неопходно,
внимание кое не го добиваше. Ги погледна уште еднаш
зборовите напишани на мониторот а потоа стана и отиде
да легне на својот кревет.
# # # # # #
Собата беше полна со мириси од петте свеки кои гореа
во малата гарсоњера. Се слушаше тивка музика од
нејзиниот омилен албум. Девојката лежеше на
креветот.Беше соблечена и легната на стомакот а на
голото тело имаше само крпа која го покриваше
нејзиното газе. Ги затвори очите . Осети јаки машки
раце како ја допираат по стапалата. Рацете бавно одеа
во ритам со музиката по листовите од двете нозе .
Девојката почна да воздивнува. Осети како полека
јаките машки раце ја допираат по бутините, И полека
при секој нов допир беа се поблиску и поблиску до
нејзината влажност.
-Подигни го газето слушна машки глас.
Го подигна без размислуванје. Ги осети неговите усни
кои ја љубеа .
-Не, не се врти, Ана, не се врти - рече машкиот
глас и продолжи да ја љуби. Таа го послуша повторно.
Одеднаш тој престана да ја љуби. Само ја допираше.
- Продолжи - рече девојката продолжи. Тој ја фати за
главата малце грубо недозволувајки и да се заврти. Во
тој момент конечно го осети целосно во себе. После
само неколку мига осети оргазам . Тој тогаш ја заврти
и ја бутна на креветот а потоа нежно ја полјуби. И ги
подигна нозете на неговите широки рамења и почна да
навлегува се поделабоко во неа. Двете тела туку што ја
започнуваа својата игра која ке трае целата нок.
Подоцна додека таа спиеше, Мик одлучи да ја разбие
досадата. Погледна на нејзината полица за да избере
некоја книга.
Хммм, Фото албум интересно чекај да видам...
одсекогаш сум сакал интересни фотографии. Го листаше
албумот полека . Неговиот поглед застана на една од
фотографиите. Неговиот израз на лицето одеднашка се
смени, благо ги подигна вегите а потоа се насмевна.
# # # # # #
Мики се вклучи на интернет. Таа беше таму.. неговата
виртуелна пријателка под ник МАРА.Се допишуваа веке
месец дена.
Еј, бејб .. погоди што има ново .. конечно имам
девојка за сериозно, супер девојче, умно, слободно,
баш опуштено. Долга е тоа сторија, се секаваш на
девојката на која и пишав причава што ти ја пратив
пред некој ден и мислев ке допре до неа тоа,но таа не
ми одговори навреме, и така сеа се погоди девојка ми -
напиша Мики .
Е така е секогаш - напиша неговата виртуелна
пријателка Мара.
Знаеш мене не ми се јасни жените некогаш.Многу сакав
да и се посветам на таа од приказната ама изгледа
неодлучна беше и сеа се што сакав на неа да и посветам
сега сето тоа и го посветувам на мојата нова девојка.
Зашто сте неодлучни Вие жените ?
- Па, добро сфати ја сепак било комплицирано но нема
врска, сега си срекен нели ? И од кога си во врска со
девојкати ?
- Да срекен сум и веднаш во саботата откако таа не ми
одговори јас се најдов со девојка ми и фантастично е
бејби фантастично. И да супер ми е, ме смее, не ме
замара, не ја замарам, опуштено ... А и мене ми е
време да се стабилизирам ...одамна немало така целосен
пакет девојка во мојот живот.
-
Ммммммммммм, обожавам мажи како тебе ! што
знаат да препознаат што им треба и знаат да го задржат
блиску до себе!!!!!!!- напиша МАРА
- Искрено мегу нас, таа што и пишав многу ме
привлече,не заради тоа што беше туга, беше некако
поинаква, малце бизарно би рекол.Едноставно енергијата
се пренесува,штета што таа нема никад да дознае. Туку
кажи ми ти мене зашто жените се плашливи и не се
изборат за она што навистина го посакуваат? Зар
лажната стабилност е поважна од желбата ?
- Па знаеш, не се решаваат лугето туку така лесно да
ставиш се на ризик, а најмногу себе си...не значи ако се
плашиш дека си кукавица, СИТЕ КУКАВИЦИ СЕ
ПЛАШАТ, НО НЕ СИТЕ ШТО ИМААТ СТПАВОВИ
СЕ КУКАВИЦИ, се согласуваш?.....





 

т:триаголник #2

- Ма дај, заборавив да ти кажам, има уште еден
куриозитет .Многу чудна ситуација, не прашувај како но
излезе дека се знаат.Чудна случка, знаеш кога бев кај
девојка ми, ја видов таа што и пишував.Видов слики,
се напраив дека не ја познав од прво и само реков на
девојка ми дека сме се запознале преку нет и толку.
Леле човече колку ке згрешев, кога ја загледав на
сликите, кај што не е убава има голема глава и цело
време на сите слики е жедна за внимание само се трти
се прси се као нешто центар на внимание, баш безвезе
девојка. Сирота зар е можно некој да биде толку
несрекен и жеден за внимание па и на слики од
километар се познава. Искомплексирана и несрекна,
штета за неа што се уплаши, ке и подарев многу, ке
зажмурев,ке изигравав Црвен Крст,ама кај ружна кај
уште се курчи замисли, можеш ти да ги разбереш таквите
жени ???Јас не можам. Но каква иронија чоече, фала
богу што не се ни видов со неа у живо ке морав да и
избегам некако, кој ке смислуваше фин начин да ја
откачам таа тушла. Се прави паметна, сонува за
слободен живот а се плаши да живее, слободен живот
пази те молам, но зазидана у бункер. Каква
хипокризија. Срека ти велам што не ми одговори, кој ке
ја гледаше со таа големата глава... блјак. Подобро и е
да се омажи што побргу, откако ја видов на слики
сакам несрекницата да се удоми, со мене но веј хозе.
Се на се што да ти причам... мочла. И така
другарке,чуден е животот, те спасува понекад и кога
најмалке се надеваш.
- Супер.. се радувам дека си срекен!!! Убаво што не
сте се сретнале ..ете уште една потврда дека
електрониката може да те излаже хихихихи а од каде пак
твојата девојка има слики од оваа? се знаат? знае ли
другава девојка дека се знаеете? Што ако се сретнете?
- Цлики, па од албум не се распрашував многу,колешки
изгледа. Девојка ми и признав дека сум ја видел на
интернет и дека сеа гледам дека ич не е убава.Па нема
да си лажам девојка ми заради некоја мочла. А ако се
сретнеме ..хехе само ке и се насмевнам што друго, нека
си се лаже дека некад нешто ми значела,сепак сум ја
хуман човек нели. Но искрено, на почетокот коа ја
запознав оваа ружњикавата ми се пристори доста
паметна, знаеше да праи муабет, ама коа почна да
флертуе паликурски толку ми стана одвратна, не сакам
такво игранје со било чии емоции,зашто така може и
заради тоа и сеа ми се гледа толку голема главата
нејзина... некако ми е одвратна,чудна работа нели ? И
ја мислам не е убаво да се играш со било кого,нели
другарке? Сите сме луге,зошто да добиваме поени за
нашата суета а да не мислиме како тоа можеби влијае на
некој друг, тоа е себичност и тоа е ружно,нели се
слагаш е затоа тебе те поштуем, отворени карти или те
прифакам ко другарка или не, нема игри .
- Ок е се другарче, важно си ја најде сегашнава девојка
која ти одговара, и можеш да заборавиш на разни такви
случки и личности од минатото
- Па да јас брзо заборавам кошмари хехехе туку ајде да
завршиме за денеска па ке се чуеме друг пат напиша
Мики и го изгаси компјутерот. Убав ден е денеска,
имам најпосле другарка па макар и непозната,која ме
разбира- помисли тој додека се протегаше во неговата
фотеља.
# # # # # # #
Две девојки седеа и го пиеа попладневното кафе.
-Многу ми изгледаш срекна денеска - рече црнокосата
- Па да, залјубена сум...- изговори русокосата
- Во кого, како, зошто - запраша црнокосата
- Во Мики, нозе ми се тресат, ухх колку е само добар.
Не можам да се приберам од вчера. Беше кај мене.
- Како во Мики, збориме за истиот Мики ? зачудено
запраша црнокосата
- Па да, се најдовме кај мене во саботата... колку е
само добар... прво ме опушти со масажа,се осетив така
необично,како нова а потоа цела нок имавме луд и див
секс, а потоа замисли по секој секс разговараме
колку е само внимателен и згоден, а во кревет.. хух
оргазам по оргазам, ме опушти како никој, допри ме и
сега се тресам - се насмевна русокосата.
- А чекај тоа е сериозно ? Излегувате заедно ?
- Па да, бевме шетавме, колку е убав животот .. а ти
Јелена како го помина викендов ?
- Па не е лошо..Ана .. знаеш стандард туку кажувај ми
детаљи.. многу ми е мило што си ти срекна. Знаеш дека
мене можеш да ми веруваш нели ? Јас и тој немавме
ништо, само мал контакт.
Ма да знам.. ти верувам,Јелена на кој да верувам ако
не на тебе - се насмевна русокосата.
А тој знае дека ние се знаеме ? - запраша Јелена
Па да,му реков разгледуваше некои слики и те
препозна..
И што рече ?- ја прекина Јелена
Па ништо, само дека сте комуницирале на кратко, ма
немавме многу време да коментираме слики бејби, ако ме
разбираш, хухх.Слушај ме сега вака беше...
Подоцна вечерта Јелена стигна дома... го вклјучи
својот компјутер за да провери нешто ... Програмот
бараше лозинка и таа полека го внесе својот ник ..
МАРА и набргу се логираше.
Нокта полека пагаше по падините на блиската планина и
таа набргу ке утоне во уште еден сон, сон кој и беше
одамна потребен ...



 

х:харфа

Некогаш многу сакав да излагам со Јосе и неговите
 
пријатели, затоа што се држевме за рака како
вљубени матуранти...

А сега е подруго за да воопшто имам секс со
некого, амбиентот мора да одговара на моите високи
критериуми... Значи сакам пет ангели да свират на
харфи, месецината да биде во прва четврт, креветот да
биде со прекривка исткаена од рацете на десет млади
девици, а околу мене да бидат растенија од Еденската
градина. Викаат доага крајот на светот не знам дал да
се обратам кај Јеховините Сведоци... Они најдобро знаат
додуша до сеа едно 100 пати ги утнаа датите,али нема
везе! Важно јас сеуште ги сакам Еденските градини и
харфите. Но сега се плашам дека ке бидам
отфрлена... Се плашам дека ке бидам исмеана... Се плашам
од телесна болка... Се плашам од старост... Се плашам од
сопствениот бес... Понекогаш мислам дека се плашам од
самиот живот... А ни ставот од смрт не е ништо
помал... и кај најдов сега да уклучам емисија за
Јеховините Сведоци а Јоце никаде го нема да
помине. Хухх
 



 

п:патека

Ноќ е во која царува длабок сон. Темнината веќе ги
проголтала куќите, дрвјата, улиците... Градот спие.
Бескрајна сребрена патека. Гледам само сенки што се
движат. Еден шум се претвара во прекрасен звук. Слушам
нечија песна, но таа се губи, исчезнува некаде во
далечината -помисли девојката и застана за момент .

И пак ќе одиш по таа патека а? зачу машки глас

Знаеш што те чека таму и пак ќе одиш. Или пак си
мислиш дека овој пат ќе биде поинаку? Ти си како лик
од хорор филм. Знаеш дека нешто страшно има во куќата,
ужасно страшно, а сепак нешто те влече внатре. Нешто
толку силно што не можеш да му одолееш. Ма не, ти си
не си како овој лик, зашто тој не знае што го чека, а
ти знаеш; не одиш внатре од љубопитство, туку од
сигурност, од навика. Знаеш што е тоа страшното, си го
видела многу пати, знаеш што ти прави и пак сакаш да
го видиш, да го почувствуваш. Можеби патекава која ти
ја избираш е страшна и мачна, но сепак е изодена,
испробана, нема изненадувања, не нуди неизвесност..а
ти точно знаеш што ќе се случи на секој чекор. Ја имаш
испитано секоја кривина, го знаеш секое искачување и
паѓање, ја знаеш целта .

Зачекори...

 

 

м:мир

Тоа утро повторно се искачив на планината . Стариот
Јапонец повторно беше таму блиску до водопадот
токму под старата расцветана и бујна јаболкница.

Пријдов тивко, а тој со затворени очи рече: -
Седни… и гледај во водопадот… подготви се, ке
појдеме на ново патување. – Без никаков одговор
седнав во исчекување
.
- Погледни во водопадот сега – изговори полека и
смирено. Сеуште го бараш мирот така? – ме праша.
Ме погледна со неговите речиси бледо сини очи и
поглед кој како да извираше од прапочетокот. Се
збунив. Потстана и ми подаде рака . Ја прифатив…
а тој изговори:

- Повторно залута ?

Да и збунет сум , јас сепак не живеам тука промрморев
и сепак морам да се вратам назад а таму ..

А таму знам - ме прекина . Таму има илјадници бои,
илјадници звукови , илјадници вкусови , но боите можат
да го заслепат окото , звуците да го оглуват увото
,многуте зачини да го отапат вкусот . Сетилата
незаситни се несовршени и можат да не заслепат , затоа
мудриот го прашува своето срце за патоказ да го
пронајде патот а не своите сетила. Мудриот е приземен
и неговите очи затоа можат да гледаат и во најтемната
ноќ. Осекаш страв ? Мудриот прифака дека е безначаен,
и затоа нема да биде повреден и затоа не се плаши
знаејки го тоа .

- Хух повторно ме опфати збунетост. Сакав да разберам
а старецот само ме допре по челото ...

- Не се обидувај да разбереш, да ја допреш суштината ,
таа е тука нема ни крај ни почеток, живеј во
сегашноста и само така ке бидеш во допир со се , а
сето останато е привид . Од тука ке почнеш и ке допреш
длабоко во себе. Единствено едно запомни никој не може
да започне нешто во минатото , ниту во иднината , ако
сакаш да го пронајдеш патот , само е еден моментот а
тоа е СЕГА.

Погледнав назад кон јаболкницата, над неа леташе мала
сина птица . Кружеше полека околу водопадот а потоа
одлета некаде далеку кон долината ...
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































































































































































































































































































 

  д:дома