октомври
м:мирна с.
т:транскрипција
Елена Трајанова: денес,
31.12. Е. Т, ја најдов во нејзиниот дом
отровaна
испила арсеник
а ми кажа дека ке ме чека... може разбрала дека
сега имам 14 год. и може мислела дека сега ќе
можам сам да се пробивам низ ова мрачно суштествување без да знае дека ја
излажав... ù кажав дека имам 13 години кога се запознавме за да не ме
шутне како што го правеше тоа со сите други клинци кои ја опкружуваа. И
кажав дека сакам да се самоубијам... после таа една и единствена реченица
таа доби чуден сјај во очите кои и беа скриени позади дебелите диоптриски
стакла... сјајот ја криеше зелената густина и можев да видам дека погледот
и се заматува од солзи... а потоа гласно смеење и нешто као „Мали, ај ќе
идеме да пиеме топло чоколадо во ова пабчево на ќошот... ќе ти ги разведри
мислите, а може и ќе ти изрецитирам некоја вистина од многуте прочитани
книги за себеразбирање и помош! Ајде, одиме...”
Елена Трајанова: Одлучна, со цврст чекор ме фати под левата мишка и ме
поведе... дури и не знам дали сакав да пијам било што... во себе имав
расипана текила, дијазепам и три различни супстанци од лабораторијата на
брат ми. Нешто што беше доволно силно да те отапи и да ти ги одземе
екстремитетите, но кај мене ефектот беше обратен, јас добив само
главоболка и губев здив... а да, и се потев, страшно испаруваше од мене
сета таа ѓаволштина од темната просторија на бато.
Тања Фиши: пеер, дај продолжи, немој да запреш... заеби ме мене јас
ќе си читам!!!!
Елена Трајанова: Е.Т. ме зеде со себе и ми дозволи да погледнам во
нејзиното зачаурено срце... мислеа дека нема срце, дека не постои во неа
ништо друго освен баналност исполнета со клишеа и нереализирани страсти,
желби, соништа... не знам, можеби и беше така, но таа на мене ми ја подари
пролетта.... мајка немам, не знам каде е нејзиниот гроб. Немам ни татко,
тој заминал додека мајка ми се мачела да ме роди.. тежок ù бил породот,
толку тежок што од мислата дека родила уште едно мало монструозно
суштество се изнапила ракија со таблети за спиење и умрела по само 12 часа
од моето раѓање...
Тања Фиши: добро мори Ено, ејјјј... кај забега бе човек, од каде
овоа?!?!
Елена Трајанова: така, јас сум останат со БАТО....
Тања Фиши: ај, јас ништо не разбирам, како и да е знаеш..
Елена Трајанова: барав цел живот начин да влезам во темната
просторија во која ТОј БАТО се затвараше... зборуваше за вселената, за
себеисцелувањето, за слава и пари и имање на немањето... но ретко кога ме
забележуваше... дури и не знаеше дека постојам, тој имаше доволно свои
луѓе, доволно неми сенки кои му се покоруваа, а за мене не беа ниту близу
до видливи. Растев на улица, иако имавме дом. Баба ми се грижеше да јадам,
да пијам и да бидам чисто облечен без разлика на мрсулите кои ми течеа и
на очите кои од гурли ми беа секогаш затворени... Талкав низ парковите,
талкав позади столбовите за улично осветлување во нашето маало...
талкајќи, една вечер, ја забележав.... спиеше на клупа, богато облечена и
со нацрвени усни... крв црвени... спиеше, згрчено, како некој да сака да ù
го одземе здивот... се бореше со своето сопствено палто.
Тања Фиши: асхјдхоуѕхфњеифугхлдбфв?:)(%$#
Елена Трајанова: Ја набљудував, легнав до неа и пред да се разбуди
заминав. Си ветив дека ќе ја пронајдам... сакав да ми биде СЕ!!! И мајка и
девојка и друшка и старателка.... МЕ спои со неа некаков тивок очај...
огорченост и шкрипење со забите. Е.Т. сега лежеше мртва. Нејзиниот
труп беше исто убав како и ноќта на нашето прво запознавање. И тогаш беше
само труп иако животот ù се оцртуваше на двете горни брчки на челото.
Само, не знам зошто токму арсеник? Имав на листата безброј други
супстанции, сите доаѓаа од малата просторија на БАТО... криво ми е што тој
и не успеа да ја запознае... зошто арсеник? И зошто и кажав дека имам 13
год. во тоа судбинско преплетување на нашето едно? За неа 14 беше СЕ.... а
може и само решила да ме остави... 10,9,8,7,6,5,4,3,2,1 СРЕКНА НОВА
!!!!!!!
Е.Т. лежеше мртва на својата црна постела врз креветот од масовно
абоносово дрво... личеше на кралица која успеала да се вивне во својот
свет ... светот на бајките... Аманет...ми остави аманет... да почнам да
пишувам бајки... и да сфатам дека не треба да се брза кон 14... сè ќе си
дојде како што и ова заминало... Збогум, и благодарам... Црвена роза
измрзната, вештацка, црвени усни, неподвижни а толку расприкажани...
Тања Фиши: Еноооооооо, да си знаеш, веќе го стави наб лог!
Елена Трајанова: Еј, дај бе не зезај, ти како да не знаеш што се
случува со мене кога ќе дојдам до компјутер а и е вака рано после нервози
со дечки како господинот принц…
Тања Фиши: ај ма па ти, да знаеш на блого си!
Елена Трајанова: немој, јас само трескам глупости. Туку знаеш ли
дека морам да си купам комјутер?
Тања Фиши: Знам бе пеер, ама ај сеа иди и прочитај го блогот на
Ундо... ептен е луд!
Елена Трајанова: да бе да, као ние поарни сме!
м:мистерија
на железната кутија#1
Уште еден ден заврши. Како и
обично, Енамарлен беше подготвена да го напушти
ова место кое го нарекуваше свој храм. ИАко повеќе беше еден вид
демолирана училница во средно училиште во средината на никаде...
Тоа никаде беше еден мал град во земјата САН МАКЕДОН,мала земја зафрлена
на работ на Обединетите Држави, огромна фузија од сите држави во светот,
на планетата Земја. Енамарлен беше една млада девојка, имаше само26
години, со среден раст, кратко ошишана црвена коса, пегаво лице и продорен
поглед, зелен, заради кој од завист паѓаа милиони девојки, а се трансираа
сите момци во околијата....или бар беше така се додека не се случи ова
време на транзиција! Со прчаст нос и совршени усни Енамарлен беше
олицетворение на својата професија- професор по европски јазик и европски
култури со главен предмет француски јазик и литература. Беше вистинска
французинка. Во ова училиште од комунистички ков, таа се трудеше да го
вдахне своето животно гесло кое никој освен нејзините ученици не можеше да
го разбере!
Времето во кое оваа девојка работи е време на транзиција, време на
рушевини и лелекања, на пискоти. Земјата САН МАКЕДОН целосно се распаѓаше
и секој еден систем во неа не функционираше. Функционираше само системот и
светот на Енамар, како што ја викаа галовно малите. Всушност, малите имаа
по 17 години и беа деца отфрлени од своите родители или пак деца побегнати
од првите линии на барикадите. ЗА да се појасниме, во Сан МАкедон владееше
таа чума нарецена ШТРАЈК! Сите институции штрајкуваа: службениците,
банкарите, работниците, директорите, уметниците, рударите, земјоделците,
тутунарите, домаќинките, па и фамилиите...цели семејства штрајкуваа против
сите овие штрајкови. На генерален штрајк со блокади на сите улици оваа
недела беа излезени полицајците и професорите и продавачите, значи сите со
професија на П, другите профили на работници им правеа друштво.
Интересно беше да се види цел еден град излезен на улици, на -18 степени,
кога и кучинјата се стопуваа со мачинјата и правеа едно! Треперливите раце
држеа транспаренти, старите бабички носеа метални чинии со топла вода која
замрзнуваше а која ја црпеа од термалните извори во близина на градот,
децата држеа во скутовите мали метални тенџериња во кои гореше буковина...
МАрлен заврши со својот час по француска буржоазија.
Се прекрсти пред сликата на големиот Бодлер што беше закачена во нејзиниот
импровизиран кабинет и го облече својот капут спремна да оди дома.
НАсекаде се слушаа извиците на измрзнатите продавачи кои иако штрајкуваа,
продаваа штрајкувајќи” ЧОРАПИ 5ПАРА ЗА 100ДЕНАРИ!ТОАЛЕТ 3ЗА 100 ЛУЃЕ МЕ
СЛУШАТЕ ЛИ БЕ? ТОАЛЕТ 3ЗА20, ЧОРАПИ ДАЈТЕ КУПЕТЕ>...”
СЕ замисли.... одеднаш се сврте и примети две силуети како се движат во
дното на просторијата.. но често овде доагаа оние кои се противеа на
штрајковите( 2 луди математичари од нејзиното училиште кои ја проучуваа
теоријата на хаосот и беа уверени дека ако ги снимаат настаните од
секојдневието ќе го олицетворат, ќе му дадат реален лик на хаосот), така
таа само се насмевна на помислата дека повторно ќе снимаат нешто со
нивната стара камера и се зададе кон вратата....
Тап удар ја зашемети и таа се испружи на земјата со рацете превиткани
околу половината.
- Носи ја, ајде! Ма види колку е ситна, дај не се занесувај и стави ја во
тој сандак, ајде, побрзај
-Не можам, мали, знаеш дека вчера од тој никаквиот транспарент за повисоко
К!15 ми премрзнаа прстите... вчера и каменот пукаше, се сеќаваш? Но ајде,
ајде ете, се трудам...
- АЈде, тргни го тогаш капакот, јас сам ќе ја донесам, иако оддамна ја
имав носено вака, и сакав да ја имам, но страшна е малата, знае да пие, па
и тоа пијанството ја држи само пет минути...Еј човече а испивме сигурно 5
литри старо суво Бордо... тоа беа времиња....таа во Француска држава јас
во италијанска покраина, двајцата пијани, но само по пет минути јас паднав
како труп, а таа ми се измолкна од рацееее......ццццццц, глупак!!! ДА, ама
и за тоа ке ми плати!!!ЗАр заборави дека мечката ја оставивме позади
камбанеријата?
-Извини, јас мислев дека е позади оваа фурна... но добро, никој ниту ќе
гледа ниту ќе следи а тие сигурно чекаат...
-Молчи , само молчи и тргни го капакот за да може да дише.. не сакаме да
умре сега кога сме толку близу до таа проклета кутија.....
-Воопшто не ми е јасно како мозе да носи толкаво чекмеже околу
појас...како се перка со толкав товар околу струк?А? МОжеш да се замислиш
да ја работиш, и баш во најубавото тоа метално чудовиште да те тресне по
пемпекот нескајќи а? АУУУУУУУУУУ, ме здоболе!!
- Море ај молчи, близу сме до него а така далеку... ни треба да разбереме
што е во него, зошто е тоа таму, може тоа е тоа што ја тера кучкава да
биде таква...никаква....срекна....
- Ајде, отвори го багажникот... знаеш таа и во оваа металнава кутија тежи
колку една вреќа цемент и може две шишиња минерална вода од 2.5 литри...
Ја сместија кутијата во багажникот на стариот мерцедес пик-уп модел....
м:мистерија
на железната кутија#2
-Не, јас навистина сметам дека
автомобилите можат да се движат на тој принцип на компресиран воздух и
дека ако направиш доволно јак ноисе тој ке има мок да го придвижи моторот
со дополнително забрзуванје...ма цела ракета може да се создаде на овој
погон од компресиран кислород и звукови... еј, а што ти е на тебе? ЈА
трошиш ленатата за џабе , а? А кај ќе најдеш нова, а? ЗАр заборави дека
сите се на штрајк? Веке 3 месеци? Оваа е последна од насите залихи, после
кур документација и се ке падне таму некаде во таа водата....И зошто ја
снимаш упорно таа црква? Ти се нажали за Бог? Е нема, и Бог и Клисарите и
Хорот и поповите, абе и сите светци на чело со поповите наши свети се на
штрак... ги блокираа излезите од државите за да не можеш да го пронајдеш
Бог ни таму... жално.... – Молчи будало! МОЛЧИ!!!АЈДе собери ги цигарите ,
земај тоа шишето и да одиме....Енамарлен е спакувана во мала кутија....ја
носат некаде оние двајцата шпијуни... филозофи глупави, ќе ми продава он
на мене Бергаев филозофии за слобода за ропство, или оној, идиотот, ке ми
кажува дека САН МАКЕДОН била дел од ДОН БУЛГАР...или од ЕЛ ГРЕКОС.... ајде
побрзај, дали ти е тука мопедот? -ПА да колку што паметам со него
дојдовме, ама како, каде, кој...? -САмо тргнувај, еве ги ја сместуваат во
мечката....добро е нема да стигнат далеку... бензиските се затворени веќе
2 години,а мечката беше доста возена.... АЈДЕ ЕВЕ идам само да ги земам
цигарите,ок? -ЗАеби, ајде!!!
Хххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх
-Сигурно нема никој позади нас? Сега знаеш дека ќе мора да му се молиме на
Миле да не пропушти? А глуп цајкан, којзнае дали го памети договорот???
- МА дај само терај! ААААААААААА,АМа не сме ти ние непријатели, и ние сме
во штрајкот...мора да пренесеме нешто до другата страна....
-ИЗДАЈНИЦИ< ИДИОТИ< НИЕ ТУКА КЕ ОДИМЕ ПЕШКИ ЦЕЛИ ГОДИНИ А
ВИЕ>>>>>>>>>>>>>>УАААААААААААААААААА,
УАААААААААААА,
Не мавај со лебот, уште малку ни е, земи камен.... пекарите
штрајкуваат............. Ма Со плунка мавај по предавниците........
- Еј, зар не ти реков дека ке биде вака?А да ја исфрлиме овде крај
рудникот и да завршиме
Со неа? Кое Фајде ако разбереме која и што е ТАЈНАТА? Ти недостига песна
тебе, а?
ПА да ти си дел од таа романтичарска генерација, нема умрено во тебе тоа
розевото....... ајде, да ја скинеме,а? Може и тука у езерово да ја фрлиме?
-Кои сте вие? Зосто ништо не гледам? Нешто ме боли главата?/КАДЕ
СУМ????????????
-ООО, добро утро, малечка, се наспа? Добро бидејќи сега ќе застанеме и ќе
водиме љубов...Сакаш?
- ЗАр не ти е незгодно пред малиов? Ако ми ја испееш “НЕ ме љуиттер пас”
...ајде, пеј, да те слушнам, не мора да те гледам, го познавам тој некогаш
весело црвеникав глас а сега посивена маглина.... само запеј и ќе те
натерам да свршиш пред да ме допреш, ок?
-Доста, затрај се!!!! Добро, као можеш, ма зар не ти е срам? ЗАр не ти се
гади твојот одраз во тие огледала? Од каде тој мир во тебе?
-Пушти ме надвор или јас сама да си се ослободам? Знаес дека можам:) А?
_ Доста, чекај само да закочам па ќе те ослободам,ок? НЕ сакав да е вака,
ама ти не сакаш да станеш дел од оваа моја историја...а јас така се трудам
да ти покажам...дај види веке еднаш дека не е се така розово како што си
правиш да ти е...треба да се бориме
Марли,како во Швајцарија ти текнува? Кога извикувавме:
СОЅОНС РЕАЛИСТЕС, ЦХЕРЦХОНС Л’ИМПОССИБЛЕ!!!
“ Да бидеме реалисти, да го бараме невозможното” ?А?Се сеќаваш?
--ЈАС ќе те ослободам, ако ти мислиш дека сум мал...ммммм, колку убаво ти
мириса косата, види ги тие нозе.... што, не ти се допага металниов допир
врз твојата сатенкоза? мммммммммммммммммммм........би сакал и јас да те
дупам, ама Ензо ќе ме скрши, а и оваа твоја кутија ќе ме остави сакат....
ама ми се дрви на тебе, Марли...
_Ти сакаш куршум в цело? Ти реков дека таа е моја, не заебавај.... прекини
говедо! ПРЕКИНИ!!!САКАШ УШТЕ ЕДЕН ШАМАР,А?
наглото коченје ја зашемети Енамарлен....
-Дај кажи шо сакаш и дај остави ме да си одам...Кај сме на мочуриштево?
БИЛЈАНА КАЈЦЕ ВЕСЛАШЕ
НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
ТАМУ МИ МИНАТ РИБАРИ,РИБАРИ...
-Молкни, краво невоспитана, и рибарите се на штрајк, а твоето езеро е само
обична бара... ако си со нас, ќе сватиш дека можеме да имаме море, само
уште некој месец
и ќе ни ги отворат патиштата кон она море егејскошто наше велат било....
- ЈАс не знам за море во САн МАкедон, тоа е во О.Д., ВО ЕЛ ГРЕКОС....ај
ослободи ме или ќе ти рецитирам едни стихови од нашиот лјубен Миладинов...
-Молкни, дај кажи само со имаш околу половината?Зашто го стави тоа Марли?
Зар не ни беше убаво? Планиравме да си купиме телевизор со рамен екран,
нов лап-топ мал цитроен ц4, стан во Тајланд ти текнува? И ти мораше да
отидеш на викенд во Бордо и да се
вратиш.... сто ти се случи?Дај кажи ми на фино...малиов е агресивен...
свилена ти е косата, а убаво ми е вака седнат до тебе,иако не дели
металов... не сакам да те убијам. МАрли, ај кажи шо имаш во појасот, во
кутијата....
-НЕма шанси!!!! Шо сакаш напрај ми и ти и мали и сите ебени професоти
илузионисти борци за човекови права, слободи...блалбла.... абе никој од
вас не знае да си го покаже носот, ама за тугите мрсули може роман да
напише..........еј, а и да ти кажам нема да сватиш, ти
си глуп, исто како и мали, глуп... купи телевизор, и? Телевизиите НА
ШТРАЈК!!! Купи стан у Тајланд, ти ги затворија границите!!!!БЛОКАДА ОД
ЦАРИНАРНИЦИТЕ!!!А Цитроен, нема бензин, и бензинските се лути...ха,
идиоти, никогаш....
-ТЕ молам.........
- ДАј не моли ја, еве ги позади нас оние двајца шизофреници...како успеале
да не следат? како ги пуштил Драги? А?Ај да бегаме... не не уствари доста
ми е од нив,застани....
-Шо сакате бе? А?АЈде ете тука нема ништо за документиранје, ај губете
се.....
- Цекај чекај, ми се испразни батеријата, еј схит, а ова е баш она шо ни
треба..........
-Море ај да пушти ја Енамарлен, ок? И ние ќе си тераме работа, а вие,
ебете се у гз ако не ви штрајкува алатот...хахахаххахах-АААААААААА, преку
кур веќе....
Хххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх
- едниот падна , другиот ја испушти камерата, па падна, а мали само си ја
исчисти металната цевка-
Хххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх
_НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ идиоту!!!Нели рековме без крв? НЕЛИ????МАрли,
дај кази со имас таму и да си одам оти ќе го убијам еј , ми се враќа бад
филм....кажувај, кучко!!!
Ебати љубов еба, ебати ти се живо и диво....ќе те убијам ма ќе те убијам
како мачка и ќе завршам со тебе и со твоите зен сранја со твоите радости и
со твоите пацифистички коментари и убави јадења и книги и касети и
музика.....еј, кажувајјјјјјјјјјјјјј................Еби си
матерррррррррррррррррррррррррррр, зашо ми правиш вака, а?
_-Доста доста, нели без убивања? Ма нели мене ми се лутиш за тоа,а? Ако не
па ај бар да ја издупам, а?А?ПА ондак фрли ја у ова шундот од рудава, а?
-Кажи ми, МАрли, дај, кажи..........
-Престани да пееш од тие глупи ирци, и тие
исчезнаа...доста................. шо имаш тука? Шо?
-Земи го бе земи го ако можеш ама само преку мене мртва, а и да умрам нема
да разбереш и да сум жива нема да разбереш, ти си машина, брат,
машина...изрод на 21 век! пу, грда маска, еј!!!
-Е доста! Дај тоа шишето, мали!!! Ај сега си готова... спиј, не верувам
дека ќе се разбудиш.... дај мали тоа клештите......Ете , синџири, куитии.,
готово е со се тоа...нема
Веќе да има радост овде, додека не добиеме РАДОСТ КАКВА ШО САКАМЕ!!!Ама
дај отвоти да видам чисто од куриозитет, сваќаш??? Море ај да му ја
летнеме преку езеро, а? Ќе идеме у Ел ГРЕКОС и ќе станеме дел од О>Д>!А ?
И без тоа никој не знае а тука можат и без нас? А може и ќе бидеме
покорисни оттаму? АЈ да идеме,а? Ете, види кајче, ај брат остави ја и да
бегаме...
-МОРАМ ДА ВИДАМ ЗОШТО ЈА УБИВ ЗНАЕШ?МОРАМ!
Глупа кутија...ја убив кучката за смалена верзија на “Кандит”!Ја убив ради
хартија бе....глупача, со и значи бе ова тука заокруженото” Треба да ја
копам својата нивичка.” ? Абе, мали , читав јас на времето ама од ова
блокадите се ми се изблокира...заеби ај
земај тоа веслата...иако нема од кој да бегаме сите се на штрајк...мозе
мирно да допливаме до О.Д. и да бидеме дел од она за што се ебаваме по
улици веќе...ај одиме?
-Да бе ајде...а она ќе смрзне тука....Копај сега таму далеку, глупачо
уметничка!!!!
Хххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххххх
Телото на Енамарлен остана згрчено да лежи на земјата.... отровот беше
премногу јак, биолошки отров креиран од страна на армијата на О.Д.
тестиран врз жителите на САН МАКЕДОН....преку кожа се пренесува...ама зашо
па јас да расправам сега? И јас како доктор имам право да си го
отштрајкувам своето нели?