октомври
l:lili
п:писмо од
Цирих
Еве ја си ја топорам у бизнис
салон у Цирих и си викам да ви кажам што сум си мислела по пат од Скопје
од Цирих:
1. Ебати мажот што го имам ако не можам да го натерам да позелени од
љубомора кога ќе му му кажам дека сме си трлјале лега о лега со Масимо
Савич на аеродром и веројатно дека нема ни да му кажам, затоа што ке ми ја
ебе приказната сигурно најмалку 5 пати додека успеам да му објаснам кој е
тој фраер Масимо, и на крај сигурно пак ќе ми каже: “Аха, е па баш фино?!”
Само колку за ваша информација, Масимо инаку леташе за Загреб.
2. Кога излеговме на писта помрзната како татарче, престанав да се тресам
од студ кога видов дека авионот на МАТ со кој што ќе летаме е у ствару
број на лет BOEING 737, што би рекол Бери (кој го знае, го знае, кој не го
знае, нека ја праша Ката). Малку закрпуван до душа од страните, ама ај’ да
не барам влакно во јајце.
3. Воодушевувањето малку ми спадна кога констатирав дека освен мене, една
сјуардеса и наснимената лента со иструкции за понашање у авион, никој друг
не зборуваше македонски. Имав среќа што местото до мене беше празно, ама
на третото седеше една зеницка. При слетување авионот имаше турбуленции, а
јас бев придремана и си викам и да паѓа авионот немам намера да се
разбудам. Арно ама, тетката на „третото“ седиште почна да вика, да се
размавтува, да се распавтува и за малку мислам дека ќе ми рипнеше у скут.
Е, тука веке се разбудив.
4. Надвор само мојата коса беше лелеава ко младост. До душа може им била и
на другите жени, ама не можам да тврдам з'ш јас друга женска коса не видов
- само марами. Па едно време ме фати срам, си викам да не не е пристојно
да се носи коса по надвор.... и почнав да го разработувам тој проблем. Си
смислив дека единствената добра страна на носењето марами на глава е што
можеш да си ги носиш како Џеки со супер наочари и да си ги менуваш на
секои 2 саата. Ама после кога погледнав околу мене, си реков: Теа ај’ ако
сакаш престани да го чепкаш носот и да јадес г....
Еве бас сега ептен морам да трчам во тоалет. Само сакав да ви кажам дека
сум у ствари супер.
Гушки и бацки и ве сакам најмногу на свет (тука малку на Тоше си
заличувам, ама со таа разлика што стварно ногу, ногу ве сакам)
Невестата (Теа од странство)