т:темплум  

 

октомври
ј:
јованов јане


janejovanov@mail.ru

 

e:eдна летна ноќ

Младите гради на вечниот град покажуваат кон морето од светилки кое се превртува на сите страни, небаре горат огнови со енормен интензитет; чекори по ово град, пркос кон младите и старите улички кои се дружат и си играат невини игри на историја и иднина додека сегашноста се мачи да најде сила да остане голема. Преку булеварите доаѓаат млади жени со нивните прекрасни италијански наметки со милиони цветови и илјадници желби за љубов, десетици додворувачи и неколку тротоари кои се вжештуваат под нозете на овие грациозни божици. Италијанските мачори френетично бараат храна за своето его по бескрајните слепи улички; се движат по најмалите отвори на вечниот горежлив град, се чудат на новите чудовишта на четири тркала кои ги носат ветриштата и свирежите до вулгарно облечените дами на уличките. Неосветлените делови кријат безобразно многу вечни, мрачни тајни на задоволствата. Црнинатата на ова место донесе спокојство и задоволство на многумина; ги гледа своите осветлени соседи и подмолно ја истура својата темна смеа врз нив во доцните часови. Шаловите на дамите го скокоткаат вечниот град, тој се подготвува да кивне, да екплодира во илјадници огномети, светилки озвучени или насликани во најразлични можни сценарија по зградите на вечниот град; млади италијанци со млади италијанки, под канделабрите, под ноќните неонски виножита, насекаде по вечните зданија кои ги кријат задоволствата на уште стотици други... Магични строфи на љубовни песни мелодично отскокнуваат од младите луѓе испоседнати по парковите, фузиска реакција на голи тела, изморени воздишки, сребресто-блескачка пот на радоста талка по голите тела на младите љубовници, ја мие од нив старата љубов за да ја донесе новата, помлада...




 

и:идејно дефицитарните...

Силната симболика на моментите кога калта ја надминуваше густината на идиотлакот денеска се одмараше на трезните гранки кај малите идиоти. Тие што ја надополнуваа и мотивираа машината за убивање на убавиот ракопис спречуваа да бидат видени благите и распламтувачки зраци на скршеното и здодевното сонце. Идиотите секогаш бараа надополнување на нивните резерви со навреди за да останат доволно живи за да ги заразат со човечка беда невините луѓе. Тие идиоти на денешницата мислеа дека чадовите се алатки за гушење, па ме гушеа и мене, а и вам ќе ви до де редот, кога-тогаш. Афирмацијата на сопственото его кај мене секогаш наоѓаше богата почва за никнување на мојата самодоверба и нескршливост без многу штета од протобубачките кои се насадуваа како пеколни пиперки врз телото и печеа и бодеа со силина, со огромна силина за да те изгорат - ако можат. Со тоа, тие мислеа дека оставаа некои траги за да не им се случи негирање на негацијата за нив, или да се наруши хомеостазата во нивните патетични мали животи исполнети само со ветрецот, планините и примордијалното чувство дека треба да опстојуваат - не да настојуваат да се искачат по гредите и скалите на силното прегорување на мислите... Настојувањата да ги спасам од овие комрци предизвика само домино-ефект, па ве молам, неможете постојано да набавувате нови и нови количини спреј... Некои нешта едноставно не се произведуваат во доволно големи количини; можеби не вреди да се врши екстинкција на такви жалосни и здодевни инсекти. Особено тука, особено врз сегашните морализаторски идиоти кои ни наоѓаат замерки за правото да им плеснеме една жешка на образите, да се знае дека доброто со добро и се враќа, дека нема измачувања до бескрај... И што ако ги ислушаш нив, ако, ислушај ги - нема воопшто да ти падне тешко да го слушаш зуењето, оти тоа е зуење, а не градење замоци од контрасти и конструктивност. Ако, слушајте и враќајте, се разбира ако предрасудите веќе не ги осудиле овие брмчала на смрт. Не се трудам воопшто нешто да им кажам нешто повеќе на овие умствени пуританци од средновековието со оддел за мислење со поминат рок на траење од тоа дека бариерите се создадени да се рушат: некои луѓе веќе ги рушат, има желби да се рушат, има скриен потенцијал кај повеќето луѓе за рушење на тие бариери. Има спас и за бубачките, можат да метаморфизираат, додуша неверојатни нешта се потребни за тоа, ама има начин. Секаде има начин. Можеби секаде нема сретства, ама ако треба тука и Макијавели може да ни помогне...


 

м:москва

Заруменетите мозолчиња на младото московско утро јуришаа кон небесите бегајќи од огнената топка која ги напукнуваше неговите надуени обравчиња и ослободуваше тони контрасти и милиони спектари на величествени бои, кои се мешаа со останатите, како да се на бал и правеа диверзитети за кои ни самиот Перов нема слушнато, ни Чајковски, дури ни Шостакович нема измислено таква симфонија како симфонијата на небесите. Во раните небесни боеви од бои, роевите московјанки јуришаат со нивната светска грациозност и експлицитен од кон дестинациите на задоволствата, кон хедонистичките собиралишта... По нив следејќи ги со поглед на руски шпиони следат стотици младинци, готови за бој за младиве дамички како фуриозни црвеноармејци... Спектарот се повеќе добива црти на зрелост како што сонцето се искачува по скалите кои секогаш завршуваат таму од каде и почнале, се развиваат контрастите во раниот ден со колоните возила кои како луди змии се пробиваат низ Којцева а и Тверскаја...

Ги знае секое врапче, секој орел, па и секоја врана ги знае боите на градот на револуциите... Револуциите прошетуваа како невини дами низ историјата и не го оставаат времето мирно, ниту душите на овие луѓе смирени. Сèуште се слушаат маршовите на улиците со премногу ленти, маршовите по огромните паркови, маршовите на заљубените погледи во Ботанически сад, маршовите на пеперутките по кулите со изгравирани секвенци од историјата. Блажено се спушта светлината од исток кон запад и ги заслепува прозорците што ја будат фантазијата на овој величествен град.

Од таму светкаат фонтаните и им довикуваат на другите фонтани од главната улица за малите забави со звуци од гитари кај нив, плачат соседните езерца ко растажени самовили обвиени со светла од разни калибри и уште илјадници бои по спектарот на водата. Овој град никогаш не ги троши резервите, канделабрите со пригушена бела светлина никогаш нема да престанат да ги галат младите русинки и да им љубоморат на младичите со нив. Дамичките по трамваите со изразена бела боја на кожата се разгалуваат од притаените желби за отворено добра сезона во нивниот град, лов на новите пешаци по тротоарите каде блескаат излозите со неонот кој ги вознемирува мушичките, а тие не го сфаќаат сонцето кое се гаси и пали илјадници пати... Под градот еден младич скриен во лавиринтите на метрото галантно припива една млада поранешна пионерка кон себе, а таа со своите раце го открива неоткриениот Сибир кој се топи под топлината на нејзините дланки. Младиот русин ги користи сите звуци на бучното метро да ù изјави љубов, секој момент за да ја заслепи дамата што се вие ко Кавказ меѓу двете мориња... Илјадагодишниот град... Москва...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

























































































































 

  д:дома