т:темплум  

 

октомври
г:
гала

 
galabot@freemail.com.mk

 

м:мост#1

Девојката стоеше исправено на мостот. Ветерот си поигруваше со нејзината долга коса. Таа стоеше и погледнуваше во реката. Како да чекаше нешто и не се ни обзрнуваше на ретките минувачи. Смирено гледаше во самракот и наоѓаше спокој во водата која поминува. Над нејзината глава, далеку во облаците, леташе прекрасен бел галеб. Осамен во висините кружеше обидувајќи се да допре до најголемите висини. Девојката го сврте својот поглед кон него и во тој момент посака да ја осети слободата. Смирено ја подаде раката кон висините и како да ù се причини дека галебот почна да ù се доближива и на само неколку десетици метри над неа повторно се вивнуваше во висините.

Девојката се насмевна. Повторно погледна во реката, се заврте и излезе од неговиот свет . Полека зачекори кон својот дом. По десетина чекори се заврте и погледна во висините. Галебот веќе не беше тука.

# # # # # # #

И све ћу ти обећати
од страха да не потоне
твоја љубав за мене
као пчела у жлици чаја
док држи дах
ја немам разлога за страх

Дајем ти везе и ноте
све моје шарене перле на дар
још те могу пјесмом купити лукаво
ил’ слаткоречиво
још увијек ти могу подвалити
љубав

Познатата песна се слушаше во позадината на мрачната соба. Човекот седеше и размислуваше за суштината на зборовите, додека тоновите како хармонија ја обземаа неговата душа... Стана и појде до терасата... Некаде во далечината го гледаше мостот . Мостот на тагата, на средбите, мостот кој спојува и разделува... некаде во далечината тој ќе погледнеше и ќе се сетеше на една девојка која понекогаш ја приметуваше како осамена стои на ивицата на мостот. Убава и млада, загледана во далечините...

Се запраша во себе дали можеби таа е повторно таму сега .... Секогаш кога поминуваше немо крај неа од другата страна на улицата се прашуваше кого чека ...но никогаш не се осмели да ја праша... а неретко се сеќаваше на неа и на нејзината убава долга коса....

Стана, полека ја затвори вратата зад себе и се врати во собата .Погледна на својата полица . Таму беа стотици срца од камен кои тој ги создаваше долго во ноќите. Да, тој имаше дарба да направи мали убави скулптури од срцинја . Со часови длабеше во каменот и создаваше. Помалку чудно за негови години, но тој уживаше во нивната убавина. А што е уште почудно, на никого не ги подаруваше, тие стоеа тука на неговите полици полни со прашина. Беа секакви, во разни големини и форми, некои стари, некои нови, од најразлични материјали и камења, драги, полудраги, издлабени и изгравирани. Понекогаш во ноќта ги поставуваше на месечината и ги гледаше. Месечината понекогаш ќе го погодеше моментот и тие ќе засјаеа во неговите очи. Очите ќе беа загреани, но срцето ќе останеше ладно како и каменот кој го допираше. Пробуваше да не мисли на тоа бидејки убавината на неговите скултур му даваше мала утеха која го згреваше во неговата потрага. Ги погледна уште еднаш сите заедно, стана и полека ја затвори вратата зад себе....
 

# # # # #


Девојката со долгата коса живееше еден убав и смирен живот. Беше млада и среќна. „Уште малку па совршен“ живот. Стабилен партнер, солидна работа, навидум среќен зивот. Секогаш насмеана, вистинска кокета. Со својата насмевка знаеше секогаш да го привлече вниманието на себе. Со само збор-два занеше да привлече толку енергија на себе, како да беше магнет, но магнет желен да биде конечно привлечен. Знаеше долго во ноќите да размислува и уште повеќе да мечтае, а токму поради тоа не беше доволно среќна, тоа беше нејзиното проклетство. Кога ќе запловеше во своите мечти веќе ништо не беше исто. Впловуваше во својот свет и набрзо увидуваше дека е сама. А тоа најмногу ја болеше и ја плашеше, во мечтите беше сама, иако во животот беше секогаш опкружена со стотици луге... таа во мечтите беше осамена. Во нејзиниот свет сакаше да лета, да игра, да биде слободна... Но, најголемиот копнеж во нејзиниот свет на мечтите беше тоа да го стори со некој кој апсолутно ја разбира и прифака таква каква е, без маски, без игри. Во својот свет таа сакаше да зарони и да се вивне доволно длабоко и доволно високо, но чувствуваше страв и љубовта секогаш ù бегаше. Можеби затоа доаѓаше како опиена на мостот гледајќи го својот галеб и неговиот лет, посакувајќи и мечтаејќи. Откако го примети првиот пат својот галеб стана неразделна од неговата убавина. На почетокот доаѓаше полека, со опрезност, правејќи се дека е тука сосема случајно. Но, додека го гледаше нејзините мечти веќе не беа толку илузорни, нејзините мечти беа дури на дофат. Само го набљудуваше и ù беше убаво. Така, еден ден, додека го наблјудуваше со копнеж и желба во нејзините очи ù се причини дека галебот и проговори :

- Дојди да летаме заедно, - рече Галебот

- Но ти си птица... а јас не сум, - одговори Девојката

- Можеби не си птица, - рече Галебот - но јас знам дека знаеш да леташ. Обиди се ù рече - и се вивна во височините.

Девојката се изненади, погледна наоколу и набрзина се упати повторно кон својот дом. Со денови не сакаше да си признае дека можеби навистина птиците можат да говорат . Ќе се сетеше на случката , ќе се насмевнеше и ќе продолжеше со својот вообичаен ден.

Секако галебот ќе биде повторно таму, помислуваше таа . Можеби утре ќе биде убав ден и ќе појдам повторно да го пронајдам.


 

м:мост#2

Човекот застана на мостот. Беше ноќ. Никој освен него и понекој залутан автомобил. Од џепот извади авто-лак.

- Хухх... токму ова е нејзиното место - помисли. Го извади авто-лакот и со големи црвени букви испиша текст.

Полека се симнуваше од мостот и на секои десет метри подзастануваше. Вадеше нешто од џебот и стоеше по неколку минути на оградата. Најпосле се заврте, погледна уште еднашк кон мостот и се одалечи во нокта.

# # # # # #

Девојката таа вечер тргна кон мостот. Беше видно возбудена, целиот ден го исчекуваше ова. Најпосле ќе се сретне со својот Галеб. Најпосле собра храброст. Можеби ја погодија неговите зборови, можеби неговата искреност, можеби неговата невообичаена храброст. Но, не е ни важно, таа по подолго време беше среќна. А што е поважно беше жива, полна со емоции, трепереше во исчекување, а само така знаеше дека е навистина жива. Нешто што одамна го имаше заборавено. Нешто што не можеше да го најде во ниедна прегратка од мажите со кои беше, во ниеден допир; таа сета таа живост ја пронајде во гласот на галебот кој сега ја очекуваше на мостот. Додека се чешлаше пред огледалото се присети на неговиот глас „дојди на полнок на твоето место, ќе те чекам, заедно ке летаме и ќе бидеш среќна.“ Тие зборови ù одѕвонуваа во главата додека радосно газеше со нејзините долги нозе кон мостот. И одеднаш не ù беше важно дали е можно, дали е лудо, единствено ù беше битно дека е жива, најпосле, повторно жива.

Стоеше на мостот, а пред неа беше човек кој благо ù се насмевна. „Најпосле дојде,“ рече тој и ја прегрна. Пред неа не беше веќе птица, туку човек кој оддаваше сигурност и смиреност. Се почувствува среќна. и без збор тргна со него додека ја прегрнуваше. Тој застана за момент, погледна длабоко во нејзините очи и ја запраша :

- Срекна си?

Девојката само се насмевна обидувајки се да одговори, а тој ја бакна нежно. Бакнежот траеше долго. Појдоа полека, гушнати.

За кратко време беа обземени во виорот на страста, бакнеж по бакнеж, допир по допир, нежни, а сепак груби, насекаде по нејзината кожа. Не зборуваа многу, наместо устите, зборуваа допирите. Човекот се спушти полека по нејзиниот врат, слушајќи ги нејзините воздишки. Нејзините гради исчекуваа нежност. Полека почна да ја откопчува нејината кошула и со секој негов допир и движење девојката стануваше сè повозбудена, на што тој веднаш возвракаше со сè подолги бакнежи. Две тела кои хармонично се разбираа, илјадници допири кои долго беа исчекувани. Таа почна да дише уште повозбудено, почна да се опушта и да се откопчува, а тој полека ја стави раката мегу нејзините нозе, изнудувајќи уште повеке воздишки. Ја фати за косата и ја заврте кон себе, погледна во нејзините очи, ја бакна и ја запраша:

- Срекна ли си?... Го следиш ли срцето?

Таа не рече ништо. Само се насмевна и го бакна страсно, најстрасно до тогаш. Го повлече врз себе. Беше подготвена, конецно беше подготвена да го прифати. Го бакнуваше неразмислувајќи веќе за ништо. Во тој миг постоеја само тој и таа и големата постела, а нивните движења стануваа сè побрзи и поагресивни, бакнез по бакнез, слобода, живот...

Сосема се опушти, како никогаш до тогаш и се препушти на моментот кој ја претвори во страсна, дива и бессрамна, каква што беше длабоко во себеси.

Во тој момент слушна силен звук. Звук на алармот. Стана, целата задишана, погледна околу себе; беше во нејзината соба. Ниту Галебот беше до неа, ниту човекот-љубовник , ниту допирите, а беа толку вистинити, толку блиски...

Стана од креветот и отиде на терасата. Оддалеку се наѕираше мостот каде го сретна својот ноќен лјубовник.

# # # # # # #

Беше вецер. Девојката полека доаѓаше кон своето место на мостот. Погледна во далечините. Го очекуваше Галебот да се појави и да ја воздигне со својот небесен лет. Сега сакаше да верува во чуда, сонот беше толку реален. Мојот Галаб ке дојде, помисли. Гледаше упорно во далечините сеќавајки се на допирите од својот сон, допири за кои вредеше да се живее.

Галебот не се појави таа вечер. Девојката ја наведна главата и една солза падна од нејзиното лице. Таа извади марамче, но растреперените раце го испуштија. Се наведна да го крене марамчето и на оградата од мостот го примети натписот испишан со црвена боја.

Пишуваше: СЛЕДИ ГО СРЦЕТО.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања










































































































































































































 

  д:дома