т:темплум  

 

октомври
b
:
bushy meat

 
bushymeat@yahoo.com


 

п:професионалец

Планот беше набрзина да спечалам некоја пара на запад и да отворам бизнис во стариот крај, но завршив со свиткан опаш во мрачно здание од бетон и челик. Самотијата во ќелијата убиваше, имаше подолги периоди кога немаше со кого да се проговори. Меѓутоа попладнево неочекувано добив цимер, некојси Ото Ериксон. На Ото изгледа не му беше многу до зборување, барем поголемиот дел од времето го помина задлабочен во подебел прирачник за есперанто, всушност тоа беше с¢ што имаше со себе. Зошто си во дупкава, ме праша тој штом најпосле реши да го затвори прирачникот и се истегна на својот кревет. Долга приказна, му реков. Се обложувам дека си невина душа, се насмевна тој. Така некако, а ти? Ото како со задоволство да го очекуваше прашањето. Јас сум класика, рече тој. Mi komencis kiel rabisto, ме разбираш, почнав како оној што се дрзнува да ти влезе во гнездото.
Зар е можно да си сигурен кога гнездото ќе биде без својот posedanto, покажав љубопитност. Ми се допаѓаше што најпосле имам со кого да помуабетам. Ото значајно ги крена густите веѓи и за првпат ме погледна в очи, веројатно го ценеше моето какво-такво познавање на есперантото. Не само што е можно, рече тој, туку јас толку се бев усовршил во тоа што веќе немаше ни потреба да ги читам суптилните знаци што ти помагаат да дознаеш кога гнездото е без стопан; едноставно се насочувам кон целта и влегувам како со години да сум живеел таму - мислам дека сум стекнал моќ да станам nevidabla. Мислиш, невидлив, го препрашав, не бев сигурен дека го разбрав најдобро. Се разбира, невозможно е да се биде физички невидлив, Ото продолжи, повеќе мислев на еден вид незабележливост, слевање со околината, ме разбираш; на пример - влегуваш непоканет во соба во која има повеќе особи но тие не те забележуваат, толку си се извештил што можеш бесшумно да се прикрадеш на чекор од нив и да останеш незабележан. Тоа е пасивна форма, постои и активна - кога не те гледаат како што? Не сакав да го вулгаризирам одговорот и да речам како крадец, затоа се потрудив и реков: kiel rabisto. Точно, климна Ото, во такви ситуации те прашуваат од кај си дошол или кого го бараш; тогаш е најинтересно, имаш целосна слобода на измислување. Со смиреност и умешни зборови можеш секогаш да се извлечеш. Ото тука пак ги крена густите веѓи и додаде: меѓутоа, ме загрижува тоа што забележувам во последно време има моменти кога не само што станувам незабележлив за моите “клиенти” туку и самиот себеси не можам да се најдам, т.е се изгубувам во работата. Еве на пример, пред извесно време се уфрлив во куќата на еден богат банкар, планирав да го олеснам, нормално; и с¢ ќе беше фино ако толку не се бев занел во вештината на незабележливост, што целосно се изгубив во процесот и завршив во градината на господинот; беше толку запуштена, ми требаше речиси цела недела да ја потсредам. Зар во меѓувреме не те прашаа кој си, од каде си дојден? Жената на банкарот мислеше изненадување сум приредено од мажот £, рече Ото. Се израдува кога ме виде како се грижам за бавчата; а самиот банкар веројатно не си мислеше ништо. Во секој случај сериозно се задумав кога забележав колку многу сум скршнал од првобитната цел. Ото сега седна на креветот, навистина изгледаше загрижен.
Минатиот месец пак ми се случи вакво самоизгубување и заглавив во една трговска компанија, продолжи тој. Целата ми беше да го очистам местото од одредена сума финансиски средства, но завршив како асистент во маркетинг. Верувал или не, токму тоа се случи, рече Ото. Дури и можев да бирам помеѓу место во канцеларијата за маркетинг или техничка служба. Тамошниот менаџер ме посоветува да останам во маркетинг, се очекувале кадровски промени па наскоро сум можел да очекувам унапредување. Ама што да ти кажувам, за никаде сум - се надевав вакво самоизгубување нема веќе да ми се случи, но не помина време и еве, минатата недела пак заглавување. Последново кај извесна имашлива госпоѓа. Кај неа влегов во подрумот; од таму имав намера да влезам во преостанатиот дел од куќата, поточно во спалната соба каде научив дека е сефот. Значи, преку подрумот тргнав да ја завршам преостанатата работа кога еве ја таа, ја отвора вратата и право на мене. И? • реков дека сум некаковси инспектор: испитувам необјаснива појава на подземни води во областа. Кутрата, веднаш ја купи приказната. Ти велам, ако £ речев барам мирно катче каде што би можел да вежбам пијано ќе ми поверуваше.
А не те замоли ли да £ објасниш како влезе во подрумот?
Ме замоли, но да £ го пробам слаткото спремено за зимница. Го пробав и на крајот завршив со преполн стомак, многу £ се допаднав на жената. Ваков интересен инспектор не сум видела до сега, ми рече таа пред да ми се фрли в прегратка... Ото тука замолкна.
После неколку долги минути поминати во нестрпливо исчекување го потпрашав: Нема ли да ми кажеш што бидна потоа?
Таа умре, со сув глас додаде тој.
Ја уби?
Не, водевме страсна љубов.
Па зошто си тогаш тука, невино осуден за убиство?
Не сум осуден, Ото го повиши гласот. Веројатно не му се допадна мојата надојдена љубопитост, затоа решив привремено да го оставам на мира. Бев сигурен дека за време на нашиот престој во ќелијата ќе имаме на претек време за запознавање.
Преостанатиот дел од денот го поминав во читање на библијата, немајќи друга занимација се обидував да научам наизуст некои поинтересни извадоци, така бев заспал. Следното утро кога се разбудив се штрекнав од глетката: креветот на мистериозниот соговорник беше празен. Во првата прилика видно возбуден го прашав чуварот: каде е Ото? Ото Ериксон, му реков кога ме погледна со чудење.
Мислиш на господинот Ото Ериксон, новиот управник на затворот, се насмевна тој.
Не ми е до шегување, му се внесов в лице. Остави го управникот на мира, те прашувам за Ото од оваа ќелија!
Ама што си се разрипал ти изутринава, чуварот ме предупреди да внимавам како се однесувам. Тука нема друг Ото Ериксон освен управникот. Сигурно не очекуваш да те покани на кафе или лекција есперанто. За тебе тој е господин човек, чуварот нагласи отсечно и зачудено ја заниша главата пред претпазливо да ме одмине.






н:не бој се Менкетен

Радејце Пупеска, прими далечни поздраф от твоја Коцка Докурческа. Еве ја решиф понабрзо пак да ти се јава, овајпат колку да те информисам дека није моментно сме заминати на холидеј. Толку годиње от ко сме дојдени у Лосанџелисоф ама ич нигде не сме мрднале, само на работа оди и дома седи, јади и тиви и муви пули. Зато решифме да појме у Њујорк, у то местото Менкетен шо се велит - да ги видиме Емпаја Стејц билдинг, Централ паркчето, ќипот на Либерти и уше ногу други таквимити рабоќе шо се атракшонс от свецка позната важнос. Демек прави туристи се напрајфме и у најс хотел се сместифме, одма карши шоу-билдингот на Дејвит Летерман, на Брозвеј стрит залепени мори несто. Доста му ги чистеф прашињето на Холивут, си рекоф ко стапнафме у Њујорк. Али ете, Радејце, мене не ми било писано тука со лесно да си поминам; не знам како се деси та уше от прф ден не ми тргна на најарно. У хотелот не ми се погоди сместуњето; едно влегвање, ми се затна клозетот. Пуштаф воѓе али никако да го турнам таквото. Дали от то шо беф ногу узбуѓена та ко тула ми се беше запекло поганото и не мрдат; а можит и водата менкетенцка ќе да немаше доволно притисак. Му вела на Ставрета да појт хаш-хаш откаршија у Централ паркчето, да пресечит една гранка подебела за да ја турниме поганијата. Али ти го зел госпот паметот, ми велит тој. Кај се сечело така мори стјупит жено, тука сместа ќе ме затворат, не сме кај нас у планињено. Се испокарафме со чојкот, најгрди зборој си рекофме. Туку ај тој после со ногарката от столот некако го разбуричка поганото и го турнафме по цефка, ама после от стинкојната не мојфме да се куртулиме изи. Ставре пенџер не сакат да отворит. Ми велит, не знајш кој ќе ти влезит, некоја фаќен улера лопофска можит дуот да ти го пукнит и да те покрадит. Згора на то ми испцу све до треќо колено и страф ме фати пак да одам понадвор. Се искомплекцаф, мори несто златна, се искомплекцаф. После то два дни се виткаф, ама на треќијот не мојф појќе да додржам и го бувнаф порано на сабајле. Ставре уше не беше станат. Си рекоф овојпат белки госпот ќе ми хелпат и со една посилна вода ќе си го земит поганото. Ами како, Радејце, ко душманот да го испраќаш по цефките, така си мислеф ко напињаф. Жива вода се испотиф. Али ѓаолот пак реши душата да ми ја вадит: таквото овајпат ко камен се беше напрајло, ни пет кофи вода не го туркат туку уше појќе го цементират. Ами чаре, мори несто златна, ами чаре, си рекоф. Не сакаф пак со ногарката от столот да буричкам, Ставрета мој да го будам. Зато со усул го нацрпиф поганото у една пластична ќеса и решиф да го диспозам у некоја канта. У хотелот не сакаф да ја фрлам ќесата оти на секоје ќоше имаше сеќурити камери поставено. На Ставрета то ич не му је по ќефот, да не мојш газот да си го почешаш, све се снимат мори, ко блади биг-брада ријалити шоу да се прајт. Гут морнинг, ме поздрави чупето на ресепшон. Ја нотинк не пулам туку квикли бегам со ќесата аутсајд. Срчам така овде-онде али канта нигде, мори несто златна, нигде. Шо пален стрит беше овај си рекоф. Су одела спроти ветрот така едно петнајс минути по Брозвејот, надолу кон даунтаун - канта не пулам. Тогај ми текна оти ова сигурно је вака онадено от ко се деси таја облади-облада со онај Осаматенијон арапцки, пушка го рушила магарето теористичко. Ова вака појќе не ја бидујт, шо сакат нека бидит, си рекоф и ја остајф ќесата прет билдингот на Мадам Тусо, (онаја восочните селебритис шо ги прајт) и квикли се замешав у пиполсите, демек ко нишо да не било. Ами да знајш оти еден ногу офишал младич одма ме фати под мишка, ме тргат и ми викат по енглиш - лејди, ќесава је ваша, плис. Ја у земја да пропаднам, само тенкју му реков, (за стреќа мувите уше не беја излезени). Радејце, после пробаф истото да го напрам у Тајм Сквер али таму уше поголема беља ме снајде, еден полисмен почна да ме пратит. Саспичос му се видоф, мори несто златна, саспичос. Чојкот у чекор ме пратит. Можит си помисли и ја су теориска. Сигурно си рече у ќеса имам нешо ко бумба. Бумбар на капа да му се посерит, за малку ќе ме уапцеше. Мораф сместа такци да ваќам, от такцират мој да побегнам. Али ќесата пак со мене, и у такцито не мојф да ја остам. Такцистот не ме пушти ни три чекори да напрам кога еве ти го трчат по мене со поганото. Мис, плис, ќесава ја форгетафте. Видоф-невидоф и нему тенкју му рекоф. После ко се свртеф пулам дека су се нашла прет Емпаја Стејц билдинг и ми се чинит оти сите ми се пулат; си мислат којзнајт шо кријам у ќесата и чудо ќе напрам: знајш какви чибу-чиба паничависти се пиполсиве америчќи ко ќе се заплашат. Радејце, мори несто златна, веќе не знајф шо да прам, безмалу у бунило беф падната. Туку благодарење на то шо су свецка женцка инстиктот за сурвајвал ме спаси. Дискрецно се замешаф со туристите и го ватиф патот за до врвот на Емпаја. Али пред да се фкачам у лифтот ме вати еден од сеќуритатето за безбеднос. Ми велит: тетко, дај ваму ќесата за цканирање. Тука није све цканираме, ми велит. Еда, шо ќе ми цканираш мене мајче, му вела, нишо опасно немам ја. Нешо за јадење си носам у ќесево и толку. Ај бегај, ми велит тој от ко ми ја испофати и не му се виде саспичос. Фалати господе златен шо реши да ми поможиш, се прекстиф и сместа го ватиф лифтот до врвот. А на врвот на Емпаја игла немат кај да врлиш од народија свецка, сите само сликат одозгора. Ко се добраф до оградата ја заџидалиф удолу поганијата моја и викнаф колку шо ме држит гласот: Не бој се Менкетен! Е, тогај ногу ми олесна, ко камен од срце да ми падна. Се спасиф, мори несто златна, се спасиф. После постојф така импресана од преубата глетка, го популиф градот от вишината и прет ручек си се вратиф. Ставре мој уше не беше излезен, го слушнаф како тропат со столот у клозет. Стинкојна пак ја исполнујше собата. Маки сме пателе али другите неколку дни се извештифме - ко ќе ни дојше квикли претрчујфме у Централ паркчето. Немало нишо послатко од одење понадвор у то убо место. Само клекнујш таму у бушот и се олеснујш, другијот стража ти чуват. Се вардефме од полисмени и уживафме у природата америчка. На последното клечење го видоф Вуди Ален, си го шеташе кучиштето, то пустинцкото го довлечка чојкот право на мене. Ко му светнаф со газот на Вудита тој само подзина и рече, Џизас Крајст. Тогај ја ко праф туриста му го опалиф блицот. У другото писмо ќе ти ја пратам сликата.
Радејце, ја засега толку имаф да пишвам, ногу поздраф имаш от твоја Коцка Докурческа и от Ставре мој. Мислам да није тука успејафме: иф ју кен мејкит хија, ју кен мејкит евривеја... така велит една најс песма испејна од покојни Френќи, можит и вије сте ја чуле таму.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































































































































































































 

  д:дома