т:темплум |
октомври
Имам голем нос. Многу голем.
Секогаш кога се движам по улица, кога се разминувам со луѓе, тие ме
загледуваат токму во мојот нос. Кога почнував да станувам свесна за
големината на мојот нос, за диспропорционалниот негов однос со останатите
делови од моето лице, станав очајна и ужасно искомплексирана. Не можев да
поднесам кога зборував со луѓето што ги знаев, а тие гледаа само во мојот
нос и многу често не ме ни слушаа што зборував, бидејќи претпоставувам
мислеле како е можно да имам таков нос. Еден период од моето бурно
тинејџерство правев екстремни комбинации во стилот на облекување, се китев
со чудни, груби парчиња бижутерија, измислував невидени фризури од кои
мојот фризер секој пат се згрозуваше, ставав на мене секакви парталчиња и
детали. Беше тоа еден еклектичен моден израз со видлива инспирација од три
главни струи: панк, етно и научна фантастика. Со еден збор ужас.Тоа беше
мојот потсвесен обид да го свртам вниманието на сите што ме среќаваат, од
мојот голем, неправилен нос, кон мојот божем авангарден стил. Не можам да
негирам дека немаше ефекти. Но, само површни. Ќе ме погледнеа од глава до
пети и.. Ете..Пак фокусирање на мојот нос. Едноставно, многу едноставно,
како кога гледате филм. Имаме кадар што со брзо движење одминува некоја
појава и веднаш по тоа следува фокусирањето на она што е најзначајно,
најмаркантно, најинтересно од појавата. Во мојот случај секој “камерман”
го одбира ова нешто на моево лице, заради кое секој мој видик е поделен на
два дела. Кога ги отварам очите, кога ги затварам, кога гледам телевизија,
кога читам, секогаш.. Секогаш е тука за да ме потсети дека не сум како
другите нормални, убави луѓе. Татко ми ме убедува дека тоа е заради мојата
карма. Во претходниот живот сум била многу убава, со совршена симетрија на
моето лице, но сум го злоупотребила тоа и сум нанела штета и болка во
туѓите животи. Затоа сега сум на поправен испит. Морам да си ја изживеам
казната во овој живот. Што да кажам, татко ми никогаш не ми разјасни зошто
тој има голем нос и каква казна тој извршува во овој живот и зошто. Мајка
ми е против пластична операција. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |