т:темплум  

 

октомври
а:
анета анета

 
г:години:24
п:професија: не сум веќе студент
и: досега објавено: повеќе текстови и поезија во „Мугри“, „Лоза“ и Маргина#72
misli_si@yahoo.com


 

г:градот на Пророкот-Птица

Долго време се прашував каде е мојата пријателка од детството. Постојано мислев на неа. Сè додека еден ден не добив писмо со покана да ја посетам, покана со авионски билет до една необична дестинација. Тоа значеше дека таа ги добила моите писма, Е–mail–и и ми вратила по пошта. Не можев да разберам каде е. Во писмото ми пишуваше: “Јас живеам на крајот на светот. Во градот на Пророкот – Птица. Дојди и види ме штом сакаш. Но те предупредувам. Овде луѓето не живеат како таму кај нас. Кога ќе пристигнеш подготви се за чудо. Но не се вознемирувај. Ако се исплашиш, целиот свет ќе се сруши”.
Понатаму имаше и многу други интересни работи, кои се однесуваа лично на нејзиниот живот, а кои се многу неважни за да ги спомнам. Веднаш се подготвив за патување и наредниот ден веќе бев во авионот.
Не знам колку време патував. Ми се чинеше како за миг, полетав, стигнав. Зарем крајот на светот е толку блиску, се запрашав и си се изнасмеав на прашањето. Бидејки логичниот одговор е дека сум заспала во авионот, па затоа ми се чинеше како да поминала само една секунда. Кога се симнав запрашав еден друг, непознат патник, што ми изгледаше како да не доаѓа првпат овде каде можам да најдам хотел за да се сместам, и такси што ќе ме однесе таму, а тој ме погледна зачудено, како да не ме разбира. Ееее… будало една, во нова земја си и мислиш дека овде луѓето знаат македонски – си се прекорив, и пред да каже тој што било, му го поставив истото прашање на француски. Овојпат ме разбра и се насмеа. Ми одговори, но одговорот беше чуден за мене. Ми рече: Ова е земја на чудата, посакај и ќе добиеш, само немој да се исплашиш. Си реков: Што им е на овие овде? Како можам да се плашам од нешто што го сакам? Немав време да размислувам што и како да правам бидејќи ја здогледав мојата пријателка пред мене. Се израдував и се изненадив. Ја прегрнав.
-Како знаеше дека ќе дојдам сега? Или случајно си овде?
-Не знаев, но ти ме повика и јас дојдов. Ќе престојуваш кај мене, овде немаме хотели. Нели ти реков дека овде е поинаку.
-Од каде знеш дека барам хотел?
-Овде сите ние читаме желби. Внимавај што посакуваш! Ќе ти се исполни.
-А каде престојуваат странците?- ја прашав.
-Хе…Ти уште не веруваш дека овде сè е поинаку. Но сепак тоа не е толку страшно. Тука нема странци.
-А јас што сум тогаш јас?
-Ти си мој гост. Овде никој не доаѓа непоканет. Така се штитиме од непознатите. Но, ајде не чуди се. Кажи како помина на патувањето?
-Многу убаво. Ми се чини како да помина само една секуда, и пократко. Цело време мислев оти си далеку, а ти си била толку блиску.
-Па и толку поминало. Толку ќе помине и кога ќе се вратиш. Само што ти сè уште не сфаќаш. Ќе ти објаснам. Кај нас дома минува само секунда, а овде околу една недела, можеби и повеќе. Зависи. Ниту јас додека бев дома не сфаќав дека вечноста е минлива работа. Мигот е тој што трае. Колку сакаш да останеш овде?
-Пааа… Тринаесет секунди.
-Почна да се прилагодуваш. Тоа е добро. Еве стигнавме кај мене.
Понатаму до крајот на неделата си поминував многу убаво. Сè ми беше интересно. Се забавував како никогаш порано. Имаа плажи, се сончавме и се дружев со нејзиното друштво. Сите беа некако посебни. Посакав никогаш да не се вратам дома. Куќите беа многу интереснии. Како кутии со прозорци. Без тераси, без дворови, без цвеќиња, без дрвја. Немаа многу високи згради. И секаде можеше да се стигне само со помисла. Брзо и без лутање.
Додека се забавувавме така, мојата пријателка ми рече дека сум дошла токму кога кај нив требало да се случи настанот на годината.
-Пак нешто интересно? –прашав.
-Не баш. Туку нешто страшно. Секоја година токму на тој ден (кај нас тоа е петок спроти сабота) почетокот на викендот кога се променува времето час наназад, доаѓа Пророкот-Птица и убива по сто жители.
-А не може некој да го спречи?
-Може. Има луѓе кои го мразат зошто им ги убил блиските и тие сакаат тој да умре.
-Ти не сакаш?
-Не. Јас сум негова штитеничка. Носам негово дете. Останатите го сакаме. Нив ги чува и ги сака. До дваесет и четири часот е добар и ни помага да си ги исчистиме телата, ни дава совети и ни ја прерочува судбината. Ни го кажува само она што треба да го знаеме. Сите одиме кај него да се поздравиме. Тогаш тој одлучува кој ќе убие по дваесет и четири часот.
-Како можеш да водиш љубов со птица?
-Тој има форма на човек. И не морам да водам љубов со него. Доволно е само да го сакам доволно. Овде децата доаѓаат на свет како во приказните. Ни ги носат птици. И мора да се обидуваме да го убиеме. Така наредил тој. Со тоа ја испитува нашата верност кон неговите закони.
-Хм… Интересно. Конечно си објаснив зошто градот се вика Градот на Птицата - Пророк. Понатаму дознав и дека тој го измислил градот. Со нетрпение очекував да го запознаам. Се недевав дека нема да посака да ме убие.
Се доближуваше вечерта. Граѓаните се подготвуваа. Од полицијата поставуваа стапици насекаде. Не планираа да го убијат туку да го заробат. А тоа ке го сторат така што ќе му ја фатат раката додека е човек и се поздравува со некој. Ако случајно погрешат во проценките ќе мора да го сторат тоа што никому не му е мило. Сепак не сакаа да погребаат уште сто души.
Овој човек беше еден вид татко на градот. Според легендата тој може да умре без градот да претрпи последици, но никој не смее да не се поздрави со Птицата додека е во форма на човек бидејќи тогаш ќе се сруши градот. А ако некој се исплаши од него или покаже дека не го сака (со мислите), тогаш тој ќе биде еден од стомината.
Како и сите други и јас се подготвував за средба со Птицата. Мојата пријателка му зеде дури и подароци. Кога наближи времето сите беа подготвени за средба. Не сакав да ù признаам на мојата пријателка дека се плашам да го видам. Таа не можеше да ми ги прочита мислите бидејки се читаа само мислите што се оснесува на сакам / не сакам. Не и на стравот бидејки тој беше забранет.
По неколкумината жители и мојата пријателка стигнав и јас на ред. И појдов кон него. Мислите ми брзаа, не можев да ги стигнам. Тој ми ја поддаде раката. Беше многу црн, а имаше сини очи. Зрачеше од милина. Ми се насмеа. Престанав да се плашам. Многу сакав да дознаам што ме чека во иднина. Но јас сум гост. Се сомневав дека тој ќе знае. Ништо нема да загубам, се надевав. И штотуку да се поздравам почувствував како некој ми ја фати раката. А тоа беше кобна постапка… Промашија. Не сум јас виновна! Јас не се плашам. Сакам да се поздравам – се развикав.
-Се руши градот… слушав извици од секаде. Гостот е виновникот. Спасувајте се!
Ја погледнав мојата пријателка. Ми се чинеше како таа да не ме прекорува. Ме збуни. Сепак знаев дека сум виновникот. Целиот град ме мрази. Се покајав што воопшто некогаш посакав да дојдам тука. Каде и да одам правам само збрки. А овде дури и рушевини…
Слушав како се паѓа сè, силни тресоци. Погледнав подобро и го здогледав подот во мојата соба. Изгледа било само силен тресок… Целото тело ме болеше како да сум паднала од небото. Десната рака ми беше заробена меѓу штицата од мојот стар и пресно скршен кревет и ѕидот. Се прашував што се случи. Каде отиде мојата пријателка - птицата? И го срушив ли градот навистина? Ќе ми прости ли?… Зошто мораше да се случи така?
Наредниот миг помислив… всушност знаев… Никогаш повеќе нема да ја видам.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





























































































































 

  д:дома