т:темплум  

 

август/септември
т:
трајаноф енеја


г:години:24
п:
професија:професор

 

и:импресија

Да знам што ми значиш во животот Јас би си отпочинал, убавино сакана.
Се изморив од гледања-негледања,
Се изморив од молби И закана.
Да знам дека се е допусто, дека нема ни смисла ни значење
Не би се засолнал никогаш пред тоа вистинско мачење.. Кажи ми:
НЕБО. Мое небо.
КажИ ми: Небо на тишината..
ех Гане, Гане!
Небо со облаци кои после долги превирања, измачувања, страв И недоумица грчевито се нурнаа во водатастанувајќИ едно со езерото.
Водат љубов. Занесени, не грижејќИ се за нервозните капачИ кои негодуваат, патници намерници кои ја колнат таа глетка- воајери кои не можат да се помират со љубовта која владее..
Езерото дивее, водата залудена јаучИ од задоволство, возбудено пенетрира се подлабоко. Засилуваат капките, ветрот се губи.. целосно помрачување. Молњи, гром, звук кој одекнува како пик на едно забрането, толку посакувано љубење..
Оргазмична е водата, се празни небото.. Сивило задушено со сино..
Блажен спокој.
ЉубобОФФФФФФФ!!!!!


 

ѕ:ѕвездено небо

Врело утро. Часовникот означува точно десе часот. Долго спиеше. НЕ дека сонот му значеше одмор. Починка. Бегство од јавето. Ги отвори очите. Повторно тие досадни солзи. Солена вода му го облеа лицето. Пот измешана со солзи. Морето имаше слична вкус, вкус на овие две телесни течности. Го носи морето во себе, со себе. Не знае како да земе воздух. Му треба вода. Обична, онаа што ја викаат обична!!! Полека се одвлечка до бањата. Ужасно жешко. Топлина која ја посакуваше. Неговата остварена желба полека го убива. Солзите сеуште се тркалаат како џамлии по неговите образи. ЈА врти славината со плав знак ЛАДНО. Со црно гумено капаче го блокира одлевањето на водата од големиот бел метален сад наречен КАДА. Зафатнина - 150 литри.
„Што се 150 литри споредени со царството татково?“ - тажно си споменуваше… Мораше да се задоволи со она што го има. Вчера панда ѕвезда. За миг се сети како дојде овде…се сети на приказната што му ја раскажуваше давеникот- бродоломец. Секојдневие на морската шир. Тој раскажуваше пред да замине засекогаш или бар така мислеа луѓето.
„Вие сте среќни што ги имате сите ѕвезди над главите и нивниот одсјај во водата. Кај нас, во градовите со миллион светла, звуци и движења, ретко и да може да се види ѕвезда трепетлика на небото. Тоа - небото, навечер како да исчезнува, како да им го отстапува своето место на светлечките реклами за долна облека, вкусни сендвичи, сокови и оранжини преполни со шеќер, опијни парфеми и уште мал миллион нешта кои би му помогнале на човечкиот вид да си го олесни животот и да си го запечати засекогаш единственото вредно нешто што го поседува - умот. Јас често одам во планетариумот вон ашиот астрономски центар. Таму ги запознав ѕвездите, прашината, тишината и соѕвездијата. Знаеш кое ми е најмило? Она што е наречено „Скорпија“. Некако ми е најсветло, најопасно, највозбудливо, спој на астрологијата и астрономијата… тоа е човекот -  СКОРПИЈА… Боже, прости ми, јас сум само еден обичен лаик кој благодарејќи на твојата милост… Кога ќе се вратам дома ќе започнам студиозно да ги запознавам небесните тела. Но не митовите околу нив, туку вистината… научната вистина. Помина времето на верувањата. Знаеш, постои едно верување дека кога паѓа ѕвезда од небото, некоја човечка дуќа го напушта видливиот свет на постоење и се сели во небесата каде што прво скита, барајќи го своето место за да се престори,да се изроди од неа ново свелтечко топче - нова ѕвезда. И ако некој на земјата посведочи на оваа метаморфоза, треба во истиот миг да посака нешто, а душата која се преобразува мора она што е побарано од неа да го исполни за да не заврши како прашина. Јас еднаш ја имав таа среќа. Видов ѕвезда која паѓаше додека јас водев љубов со една девојка на чие име не се сеќавам. Беше тоа на една чистинка надвор од градот……”
Му беше чудно уште тогаш како може најинтелигентното суштество на Земјата толку многу да зборува некому… толку многу да и зборува на риба. Тој беше само обичен делфин кој се најде близу до бурето што го одржуваше давеникот на површината. Давеникот ги поддаде своите истрошени раце кон него, го прегрна и се препушти. Тој знаеше дека мора да го однесе до брегот.
Додека пливаше, човекот со блажена смиреност раскажуваше, раскажуваше… небаре знаеше дека тоа му е последното, збогување со знајното. А тој, слушајќи го тоа човечко блебетење, се запраша какво би било чувството да си човек; може би било забавно да се види тој свет составен од зборови, многу зборови, приказни, светлечки реклами, водење љубов, ЉУБОВ! Сакаше да знае што е тоа љубов, тага, смрт…
„ДА, посакувам да сум човек!“ Мисла детска, наивна…
Давеникот престана да зборува. Неговото тело стана потешко. Рацете се слизнаа. Телото почна да пропаѓа во водата. Кревајќи ја муцката кон небото, неговите очи, ѕвезда која паѓа, човек кој умира, тој се губи, се губи неговата сивкасто-сина кожа, добива идентитет, живот, лична карта…Се најде на брегот. Паника. Бессознание. Луѓе. Многу луѓе. Луѓе во бело. Вештачко дишење. Фластер на Глава. ГЛАВА. КОСА. ТРЕПКИ. Завој околу десниот
Долен екстремитет………..

„Уф, боли ова…значи ова е болка! Мора да се разладам и да престанам да плачам. Ќе дојде Милостија, ајде, таа ме сака, таа е љубов. ДАј, морнару, собери се!!!“
Се соблече гол, нурна во кадата. Трасс!.. заборави дека има само 150 литри зафатнина(..)

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


























































































 

  д:дома