август/септември
ш:шалдева теа
г:години:
малку:)
н:нешто
за себе:
нема, се истроши
thea.shaldeva@gmail.com
s:samsara
"Ѓубриња... затоа ги мразам... никогаш не сфаќаат дека не живеат за да
стојат на полица чекајќи го денот кога ќе бидат обвиткани со разнобојна
хартија и испратени по ѓаволите, за некој да се насладува на нивното
присуство... никогаш не сфаќаат дека ќе платат за се'... никогаш не
пробуваат да гледаат надвор од овој грозен панаѓур..."
Контурите на расфрлените предмети од кутијата врз која само што беше
истурен одвратниот порив на одмазда, малку морничаво трепереа. Непозната
фигура, застрашувачки убава силуета, долги потоци расцветана коса... И
чад, многу чад. Собата - мала, тесна, таванот накривен, а од единствениот
прозорец доаѓаа звуци на истото "динамично темпо на модерното општество".
Глупави, глупави зборови, ама зошто да не? Намената и резултатот се
исти... употребата е неограничена. Баш зошто никој всушност ги нема
наполно сфатено.
Вратата се отвори со непријатно чкрипење. Краткиот бран ветар кој профучи
наслика долг црн материјал врз подот, донесе мирис на нешто старо,
изветвено и лажно... звуците од новото суштество резонираа низ малата
просторија како тонови од контрабас - додека таа го отелотворуваше гласот
на пијаното. Чадот беа замаглените очи на гнасната џез-публика, а сенките
смртоносни ѕидови прекриени со темно дрво, врз кои плачат црвени светилки.
"Какви, какви ужасни времиња!"
Вовлече длабок дим од цигарата и го испушти во тесна, виолетова спирала.
- Зар прв доаѓам?
- Така изгледа, нели?
- Не се шегувај со мене. Очекував да биде полно тука. Немам доволно време
за глупостиве.
- Абе ајде... знаеш дека неможеш да избегаш. Ако те натерале на
распнување, слободно. Тука не слушам перење мозоци. Не сме надвор.
- Не сум оној кој пробува да порекне се'. Ти си онаа која ја носи
најукрасената маска.
- Ха, да, сигурно. Барем не си ги кршам сопствените закони.
Вратата повторно зачкрипе и се појави нова силуета. Се чинеше млад човек,
нестрплив и забрзан, сепак изморен и ладен. Никој не изгледаше премногу
среќен што се наоѓа во нечиста соба преполна болен човечки мазохизам,
малку и садизам - всушност, се' беше станато одвратно и мртво, вклучувајќи
ја и земјата по која одеа и храната што ја јадеа. Но, кој е доволно битен
за да претскажува топење на цивилизација? Кој е доволно голем и откинат од
вообичаениот "шаблонизиран живот", за да застане храбро и да каже дека
знае каде пропаѓа кога става нога врз било кој тротоар? Никој. Не,
навистина... никој.
- Добровечер.
- Незнам зошто воопшто се обидуваш... - одговори пијаното.
- Еве ти го овој. - продолжи со слатките звуци... -Поблиски сте, нели?
Само се надевам дека нема да слушам муабети за симнување некој од
облаци...
- Престани. Да верував во било што доволно силно, немаше да седам тука.
Вистината е дека на тројцата ни гори под нозе - згрми контрабасот...
Таа конечно замолчи.
Вратата повторно се отвори.
Собата одеднаш се исполни со чудна светлина и слатка, опојна миризба...
Мирисаше на цвеќе, на чистина, на мед и восок... мирисаше на се' што е
спротивно од миризбата на гнаса и чад која се тркалаше во нееднакви
кругови по високите ѕидови. Светлоста - бела, млака, суптилна... Двете
машки фигури се згчија во страв, додека таа го пиеше новонастанатото
присуство со сета сила, како да цица животна енергија која и требаше за да
застане на нозе.
Се чинеше дека во собата влезе суштество за кое ниедно парче земја не беше
доволно достојно, се чинеше дека собата одеднаш оживеала и се стуткала
плачејќи во нечиј скут. Го најде ли човештвото својот спас? Или, подобро
кажано, својот убиец, оној кој ќе ја сруши кулата од лажни вистини и
опојни илузии? Смешно.
Сепак, не. Човештвото, заглавено во својот механизиран панаѓур, заспиено
на ѓубриште, сонувајќи меки перници и златни залези, нема доволно висока
цена за да биде достојно.
Суптилното суштество се спушти меѓу тројцата изморени. Допир, овојпат
магнетизиран кон неа... се чинеше дека беше искашлано едно малечко
постоење и обвиткано во чаура од нежна, течна, сина светлина.
Малку исплашено, контрабасот проговори со својот најмек тон...
- Што... што ќе се случи со неа?
Вие не го проголтавте кругот кој мора да биде превртен, нели? Ќе се вратам
по вас, некогаш. Тогаш ќе станам само зрнце песок од пустината на
големина, пустина над која светат милиони ѕвезди и преку која минуваат
змии, оставајќи траги во песокот. Ветрот... ветрот менува се', ветрот ги
топи дините една во друга, ги резба делчињата небо во облик на месечини...
А вие, малечки, до тогаш... скапувајте тука. Во овој ваш интересен
карневал. Можете да врескате и да тропате по вашите замислени рајски
порти, но тоа ќе остане само жонглирање во моите очи.
Собата е празна... повторно град, повторно малку чуден свет. И повторно...
крај. Почеток, па крај... До кога ќе бидеме само шутови со топчиња за
жонглирање и со морничави насмевки?!