т:темплум  

 

август/септември
р:
ристевски бобан

г:години:26
п:професија/интереси:музика, литература...
д:досега објавено: раскази на http://www.literatura.blog.com.mk, музички рецензии и текстови (новинарски интервјуа итн.), во Студентски збор, Урбан магазин, Утрински весник... исто на повеќе вебзинови:
http://www.vitalweekly.net, http://www.modsquare.com,  http://www.fakezine.tk, http://www.igloomag.com...
mail:
sir_blacktooth@yahoo.com

 

ч:човекот со тешко име

Еден човек имаше навистина тешко име што ретко кој можеше да го научи на памет и да го запамети. Неговото име беше толку тешко за паметење, што дури и тој самиот ретко кога успеваше да го запамети и да го каже своето име, кога имаше потреба да го направи тоа, што најчесто се случуваше кога се запознаваше со нови луѓе и кога требаше да се претстави. Неговото име не беше составено од повеќе зборови, тоа беше составено само од еден збор, кој воопшто не беше долг, напротив, може да се каже дека зборот што го означуваше тешкото името на овој човек беше релативно краток. Но, веројатно тешкотијата на името на човекот беше пред се во формата, конструкцијата и во надворешниот изглед на самиот збор што го претставуваше неговото име. О, па тоа беше навистина тешко име за паметење. Среќа што човекот што беше означен со тоа име, не направи нешто особено значајно за историјата на човештвото, бидејќи во спротивно сите ние ќе имавме многу сериозни потешкотии кога ќе требаше да одговараме, да раскажуваме и да зборуваме за тој човек на часовите на училиште. Сигурно ќе имавме уште повеќе потешкотии отколку што имаа современиците на човекот кои го имаа запаметено неговото навистина тешко име, бидејќи сите тие живееле во исто време, а од денешен аспект може да се каже дека тешкото име на човекот се повеќе има и специфичен архаичен призвук. Ех, на човек едноставно да му дојде да се запраша кој е всушност овој човек и зошто воопшто се навраќаме на неговото постоење и име, кои не навраќаат навистина многу наназад во минатото, можеби дури и пред нашата ера...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













 

  д:дома