т:темплум  

 

август/септември
r
:
red kid


 

р:разговор со Фидел

Нели општата тактика е да си глупав во секојдневието кое те
- Ало дали имам чест да зборам со Фидел Алехандро Кастро Руз?
- Си, си, повелете.
- Кај си бе пеер, кај исчезна?
- Еве у болница сум, пијам сокчиња и пушам кубански пури.
- Иј чоек добро ли ти е? Немој сеа да ми умираш, ако тебе те нема чичко Сем ќе не среди сите.
- Не бе па ти уживај, комунистичкиве нозе ме држат уште, а ако чичко Сем проба нешо да ни зготви, веднаш им се јавувам на оние локачите на водка да им фрлат по две-три лути пиперчиња во тоа манџата. А и плус моето братче Раулито добро се грижи за работите, така да островот е у сигурни раце. Него доста за мене зборувавме, како е кај вас?
- Ќути, не прашуј. Знам дека си атеиста, ама ако веруваш овде е стварно пекол.
- Зошо бе, шо се случило?
- Абе знаеш, ај сеа си болен, не сакам да те вознемирувам, но ние неодамна ја сменивме определбата.
- Што збориш бе, сте ја смениле религијата?
- Па не баш, знаеш, ние ја сменивме општествената.
-Штоооо....уфф...срцето!
- Ало.....алооо....Фидел....пеер тука ли си бе...шо ти стана....ојјјј Кастро....пеер 40 денари е минута, не ми прави вака сеа...
- Еј, тука сум, докторите само што ми дадоа електро шок и ми бапнаа инекција, добро сум, ама твоиве вести длабоко ме потресоа. Кога се случило тоа?
- Ехехееее!
- И викаш лошо а?
- Абе сеа ниедно општество не е совршено, но тоа што не чини кај нас е тоа што го земавме најлошото од западот и...?
- Чекај бре, сакаш да кажеш дека комунизмот не е совршен?
- Еј Кастро дај да не отвараме дебати за тоа? Еве ќе те уќутам со реченица-две. Карактеристично за вас е тоа што годишното произвостсво го планирате однапред, така ли е или не е така?
- Така е.
- Епа замисли дека сте решиле дека у наредната година да произведете 2 милиона пара чевли и по некоја случајност сте згрешиле во проценките, сте требале повеќе да произведете, што, луѓето треба да одат боси, ебате!
- Добро де, ај продужи со извештајот од твојата земја.
- Абе ако почнам...ќе нема крај, некои работи што овде се случуваат се ептен познати на сите и не сакам да ги спомињам, можда ме прислушкуваат, па ќе го јадам стапот, него има две-три работи што сакам да ги кажам кој навистина ме бодат во очи. Прво нашиве луѓе немаат чувство за уметност. Тоа што читаме, тоа што слушаме и тоа што гледаме е навистина катастрофално. Еве на пример книгите: луѓево се попалиле по не знам некој си 'Кодот на педерот', 'Гулаби и Гарвани' 'Точка на варење' 'Бројчана тврдина' од некојси Ден Кафеавиот, па не знам некоја таму 'Теорија на Аосот', 'Светски рецепти на тајните друштва' и мислат: 'леле колку закон книга сум прочитал со длабока содржина, колку сум само јас интелектуалец јессссс', а да им дадеш книга од типот на 'Странец', 'Пустина' 'Кротка' 'Процес', 'Сидарта', не дај боже 'Војна и Мир' мало сутра ќе ги прочитаат и разберат. После за музиката, не знам, сите станавме хард кор рапери, панкери, металци, турбо-фолк селјаци пардон народњаци кои се палат на силикони. Истотот е и со телевизијата, тие АБЦ или како и да се викаа само перат мозок, 'да живее глобализацијата' 'западот е закон' и нас ни се всадила таа идеја дека се е таму болје. Само ако пеколот замрзне би рекол јас, само тогаш тоа би било вистина. А кај филмовите, ебан комерцијален стандард: Имаш херој, бомба типка и негативец и уште пред да почне филмот ти веќе го знаеш крајот. Ама на луѓево тоа упорно им се допаѓа без оглед на тоа колку само сите филмови што доаѓаат од западот се слични.
- Абе ај не замарај бе со ова уметноста, што го тупиш толку, ти ја сфатив поентата.
- Е добро де ај ќе зборуваме за твојот колега Гевара. Колку што знам он кренал револуција и се борел за да им се одземе земјата на феудалците и да им се даде на народот, а денес што се случува, деца пубертелии си купуваат маички ЧеГевара за полесно да го пребродат нивниот период на бунтовништво, која патетика. Добре бе која е врската помеѓу нивното бунтовништво и тоа на Гевара. Ама баш никаква. И трето и последно, што им требаше на оние семовци да го измислат интернетот? Нашиве со тоа блоговите веќе спобудалеа. Наместо да креираат нешто што ќе им прави мерак и ќе им биде за душа, они што праат? Само се вреѓаат, пцујат и се натпреваруваат кој ќе остави што поголем навредлив коментар, мислејќи дека така ќе ја достигнат славата' ваууу 7000 посетители ли-ла колку сум славна'...без врска. Вака без интернет на сите ни мирна глава, меѓу кои и на мене пошо нема да морам да го објавувам овој глупав текст. Ијааааа....абе Фидел...
- Хрррр....ааа...хрррр....
-ФИДЕЛ!!!!
- Хррррр.....
- Види го, заспа, абе алооо ова не е bedtime story. Хехе, сеа ми текна како да го разбудам. ПАЗИ ЕНЕ ГО ЏОРЏ ГРМУШКАТА!!!!
- Што....ШТО....узбуна...дајте пиштолот....каде е....каде е?
- Абе Кастро само се заебавав со тебе. Еј абе, морам да прекинам инаку овие од Кабливибрации ќе ме ограбат.
- Епа остани ми со здравје
- И ти исто, 100-ката да ја фатиш!
-Ај фала
-Еј Фидел, Фидел од тоа пурите да ми пратиш....тууу прекина.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































































 

  д:дома