август/септември
r:red
clown
г:години:20
и:интереси:секаков
вид на мисловни иэливи (филм,муэика,литература)
о:објавено:www.redclown.blog.com.mk
theredclownfish@yahoo.com
г:госпоѓата „подметнувачка“
Интро: Кога се разбуди тоа утро знаеше дека мора да го запали подрумот...
На госпоѓата „подметнувачка на пожари“ и’ беше прснал шлицот пет секунди
пред да го запали подрумот во куќата на баба и’. Се сврте за да го задави
мачорот кој не престануваше да мјаука затоа што ја осети силната миризба
на зејтин, мрсен зејтин. Нејзе тоа и’ пречеше.
Саркастичнотолице на нејзиниот професор до осмо одделение и’ беше во
главата. Не можеше да го заборави трнот што се заби во нејзината пета
додека бегаше од професорот, и којшто беше толку голем што остана
засекогаш во нејзината пета. Никогаш не успеаја да и’ го извадат. Баба и’
почина минатата година. Откако си замина старата, госпоѓата „подметнувачка
на пожари“ не дозволи никој да влезе во малата симпатична куќичка. Многу
си ја сакаше бабата. Тешко ја поднесе нејзината смрт. Во подрумот беше
полно со пајаци и глувци. ОДВРАТНО. Мачорот веќе беше мртов. Додека нејзе
и прелетуваа мислите низ главата некој ја беше отворил малата портичка што
чкрипеше веќе еден век. На никој не му беше дошло до тоа да ја подмачка
малата портичка покрај патот. Веројатно никому не му сметаше. Кутрата, си
остана таква, неподмачкана. Госпоѓата не слушна дека некој влегува. Го
остави задавениот мачор на столот и го покри со џемперот од баба и’.
Човекот веќе беше стигнал до ѕвончето. А госпоѓата уште еднаш проверуваше
дали е се’ подмачкано. Овој пат успеа да го земе кибритчето од чорапот на
левата нога. Се повлече наназад кон влезната врата за да може да избега
што побргу за да не ја зафати пламенот. Човекот почна да тропа. Бараше да
го види мерачот за струја. Се утепуваше од тропање. Ѕвончето не работеше.
Мажот и’ ја беше исклучил струјата за да не плаќаат основни трошоци.
Никој не му отвори. Беше свесен дека доколку не му отворат после две
минути тропање требаше сам да влезе внатре и да го провери струјомерот.
Таков беше договорот меѓу него и госпоѓата „подметнувачка“. Вратата
секогаш беше отворена. Соседството беше мирно, па немаше никаква потреба
од заклучување. Почувствува дека нешто не е како што треба. Се доближи до
вратата и се обиде да ја отвори; заклучена беше. Знаеше дека нешто не е во
ред, и дека внатре сигурно има некој. Не знаеше ни кој е, ни зошто е
дојден, немаше што да се украде од тој подрум. Знаеше дека мора да влезе
внатре. Госпоѓата кога ја слушна кваката, повторно застана и повторно не
го фрли шкорчето. Го дувна и тоа изгасна. Во тој момент силно ја отвори
вратата мерачот за струја, а таа се најде токму позади вратата. Мерачот
разгледуваше. Направи еден чекор наназад кој беше доволен за ако се сврти
да ја забележи госпоѓата. За да не се слуши тоа мачката протрча пред
неговите нозе. Хм, не била мртва, глумела..ах, мачка...Човекот се исплаши,
но продолжи, го здогледа струјомерот во аголот на левата просторија веднаш
над масата која беше наместена до ѕидот. Додека тој мереше, госпоѓата
подметнувачка успеа да се врати во десната темна просторија. Тивко и
нечујно се прикраде внатре. Молчеше. Човекот си ја заврши работата и си
отиде. Мачката дивеепе околу него зашто знаеше дека нешто ќе се случи, па
и таа избега со него...
***
За госпоѓата „подметнувачка“ рекоа дека никогаш повеќе нема да може да се
насмевне. Лицето и’ беше искривено од изгорениците. Секој нејзин обид за
насмевка беше болка што сече до внатрешноста на главата, а не лицето и
образите. Внатре, внатре таа ја слушаше болката, знаеше како изгледа.
Никој не сакаше да признае и да и’ каже дека нејзе светот ќе и’ биде како
„забранет влез за странци“. Маж и’ си остана пожарникар. Цел живот. Тој не
знаеше што да стори за својата вечно сакана женичка, и некако цело време
беше збунет. Не беше немилосрден спрема нејзиниот проблем. Напротив, беше
покрај неа.
Подрумот на баба и’ оастана тивок и полумрачен.
Никогаш не успеа да го изгори...
м:мистер Доналд Трамп посакал...
(како Трамп станал најбогат човек на
планетата Земја)
Интро: ... го фатила Доналд Трамп поли-ЦИА без возачка дозвола. Брзал...
Доналд Трамп сакал да ја трампа невестата за штампа. Брзал. Ја отштампал
возачката легитимација и и’ ја дал на ЦИА. Ама, полиција ко коалиција не
сакала да прокака за возачката.
Се впуштил (у суштина) Доналд во нива со слива. На сливата имало гнида,
она малото од вошка, па ја запалил и сливата со целата нива. Се вратил кај
поли-ЦИА-та и ја кажал сторијата за стореното. Арно ама никој не му
верувал, па морал да претерува. И почнал со кочијата како го оставила пред
полицијата, наместо кај нивата, па морал да фати тахи за да не иде со
маки; и маки-каки, ваки-таки, стигнал утоп покакан до нивата. Тахито дома,
Доналд пред кома, коа гледа пред нивата КОЊ. „Абе“, си викам, „ воа истиот
коњ од кочијата, или од село шо си играат дечињата“, и само шо смислил да
помисли такво нешто коа глеа, наместо коњ, пред нивата слон. (Чунки од
какето и видот му се закакил.) И не тежок еден тон, не оти е слон, овој
мал едвај се гледа пред нозете ти се матка, мислиш ќе го згазнеш ако земеш
повеќе воздух. Па, решил Трамп да го земе слончичот и да и’ го однесе на
невестата како поткуп, како оние стаклените врзани со синџирче и среќа да
и’ носи кога ќе ја продаде. Арно ама, пред да си отиде вишол у тоа сливата
нешто како дда му титка у тоа очите, и вишол да појде да ѕирне шо е тоа шо
го вика. Кога завикал „ауу, ауу!!!“, му паднало мјаукало врз главето. И
така Доналд у нервоза решил да ја запали нивето со сливето и да си отиде
дома со слончето. Се убаво, како кажано-така сторено, ама слончето
избегало. И си викал сеа Трамп, „Кај ќе го тражам сеа слончето, ај ќе
наберам некое гранче за женчето, од овие зелените, па може ќе и’ се
допадне некоа на невестата.“ Брал шо брал, само шо не се у брашно
претворил; дома некако стигнал и коа гледаш утредента пред на Трамп
куќата, во тоа бавчата, дваесет и три борови шишарки, ама не мали, ГОЛЕМИ,
колку еден слон, и не една, две, три...дваесет и три...
Сите збунети во поли-ЦИА-та, и многу јасно, не му верувале. Сепак му дале
казна за возење без возачка. Доналд налутен се вратил дома кај невестата.
Јали вишол, јали не вишол ама у бавчата ни шишарки, ни слончиња, ни
невести. И невестата не му била дома, ни неа не можел да ја најде. Така
растажен Доналд си седнал на скалите пред вратата и си почнал да си плаче,
ко мало дете. Одамна се немаше така расплакано, не хистерично како што го
учеше татко му, туку онака, тивко, пригушено, скоро и не се забележуваше
дека плаче. Со рацете на очите, тагуваше, и самиот не знаеше што му е.
Кога еден весник го мавна по глава од тоа децата разнесувачи на весници
што возат велосипеди и ги фрлаат тоа весниците кој како стигне и кај
стигне и не гледаат дали ќе удрат некој или ќе го фрлат во
фонтаната...како и да е, Доналд се освести од ударот, и наеднаш се стрчна
по пижами по весникоразнесувачот, па чунки и Доналд бил се’ уште ко дете,
па трчал ко коњ, и коа го фати тоа детете за раката, па го бутна на земја,
и мислиш во тоа очите имаше сила да го згази само со едната нога ко да ќе
гази СЛОН од пет тона. Хм, не го згазна, само го бутна на земја детето, се
качи на велосипедот и почна да разнесува весници низ соседството , па и
пошироко. Возејќи се така спокојно, во пижами, со насмевка на лицето и
фрлајќи весници кај стигне по двориштата и бавчите на луѓето, Доналд сфати
дека тоа е работата што најмногу на светот би сакал да ја работи, цел
живот. Дури и да не се симнува од велосипедот, на него да јаде и да пие,
цело време да вози, дури и да не спие...и така неколку издавачи на весници
го беа забележале Доналд колку е работлив и упорен и дека си ја сака
работата, па го земаа под нивна закрила. Му дадоа работа како разнесувач
на нивните весници. А бидејќи беа повеќе издавачки куќи имаше нон-стоп
работа и цело време разнесуваше, дење-ноќе. Имаше и такви читачи на кои
утрото им беше кога ќе зајдеше сонцето, па сакаа тогаш да им ги носи
весниците. Некогаш се случуваше да носи весници и по други градови.
Најсреќен беше кога разнесуваше затоа што само тогаш не мислеше на
невестата што исшезна и на поли-ЦИА-та што го уништи.
Така, Доналд, за една година стана НАЈБОГАТИОТ човек на планетата наречена
Земја.
р:религиозен апсурд
На работа...од работа-дома. Од дома до банка, плата се’ уште нема. Овие
два дена ќе бидат весели! Утре е празник, ем религиозен ем државен...
Идили се’ уште нема. Не, не сум депресивна, напротив.
***
Покрај свет храм одевме, за да видиме едни исти луѓе, со автентични лицац,
пластични насмевки, исти муабети, идентични фризури, бебиња во колички,
мајки веќе заситени од живот и напори, и една недоградена црква, се уште
во тули, без икони и светци. Кандила што се тетерават онаму каде не им е
место, надвор, скоро на улица. Клупи, зелени, а метални, без живот, а на
свето место, каде би требало да почнува животот. Стари жени што се
одмараат од жешкото сонце во текот на денот пушејќи ги страстно смрдливите
евтини цигари што си ги купиле по пат, доаѓајќи накај храмот, сакајќи да
оддадат почит. Си ги оговараат безмилосно комшиките, алудирајќи на тоа
која повеќе зелка фрлила во WC-шољата, и поради коа сметаат дека целиот
стан им смрди на расипано гомно. Се тешат со фактот дека седат покрај едно
спокојно место, зелено, надевајќи се дека тоа ќе им премине во секојдневна
навика откако целиот храм ќе биде обвиткан во светци и икони, голема
камбанарија и златна купола. Прозорците се се’ уште од евтино стакло без
никаква заштита во вид на челични решетки. Можеби црквата решила да го
доближи Бога до модерниот свет, да се модернизира. Можеби за десет години
црквите ќе наликуваат а постмодерни клубови, со ултравиолетови неонски
светла наместо свеќници, диско-топки што ќе ја разбиваат светлината од
свеќите и од сонцето преку ден, наместо витраите во католичките катедрали,
диско-топки што ќе им намигаат на сите светци истовремено, играјќи си со
прекршената светлина. Наместо поп, ќе пее плоча, а наместо клисар
догорените свеќи ќе ги фрла некој ефтин јапонски робот од првата серија
новородени. Иконите ќе бидат насликани на платна со флуоросцентни бои и
наместо со четка, ќе се цртаат со автолакови. На влезот ќе пишува „
Добредојдовте Чеда Божји! “, а на излезот „ The EXIT is this way! “, и со
стрелка...и со црвена боја.
***
А потаму, покрај тетките во домашна облека (удобно сместени на металните
зелени клупи) светото тројство кова заговор, чека на ред да дојде до
светителот.
Едното тројство-жена. Седната на земја, со прекрстени нозе (како кај
муслиманите или будистите), не мислам дека е случаен судирот на
религиите...секој ја одмина, најверојатно со помислата во главата „ Вие не
сте достојни за нас! Вие сте грешници! “, па дури и попот...
Второто тројство-маж, кој добро глуми, а можеби и не, со подадена рака ти
се бутка во очите со намера да те убеди, но секој ти беспредметно го
погледнуваш, и му викаш „ Јас немам! Но, ти продолжи! “.
Третото тројство-повторно жена! Со поглед како измамник, му довикнува
тивко на мажот да оди полево или пдесно, таму има.
Ха, ха, ха, апсурд на религиозно ниво, на ден пред, навидум, голем
празник. Си помислив грев во главата, „ Не, јас не сум достојна денес за
пред Господ! “, нема да влезам...Го свртев грбот и продолжив напред. Уште
еден грев во главата со првиот чекор, „ А што ако ги изложам сите икони на
вујко ми, што ги чува на домашните ѕидви со децении...можеби и ќе се
збогатам, па ќе направам свој храм, своја црква, па повторно ќе ги откупам
сите икони и ќе ги сместам во сопствената црква? Само колку да се рече
дека ќе останат во фамилијата...“
„Не, тоа е премногу лесно“-рече брат ми. Во ред, тогаш ќе ги оставам
продавачите на синџирчиња со пластичен крст направени по примерок на
католичките бројаници (а ние чунки православни) нека се мачат на топлото
сонце со мислата дека можеби и ќе заработат леб со пластика, а потсвесно
ќе им завидуваат на продавачите на дрвени икони со светец-сликичка, (чунки
дрвото посвето од пластиката). Светец, само залепен на дрвото како
самолеплива сликичка како оние за детските албуми од Панини, да не мора да
се мачат премногу. Зошто, кога се’ може да биде лесно!!!
А плус тоа си заработува и идентитет на успешен бизнисмен...