т:темплум |
август/септември
Се плашам. Се плашам. Страв ми е. А мислиш јас знам од што, мислиш знам
зошто секогаш кога ке влезам во таа проклета куќа полека ми запира
дишењето, а полсот ми забрзува. И тогаш кога долго време не сум влегла,
неколку минути се доволни да се појави одбивноста, чувството на
непожелност помеѓу тие ѕидови, желбата побргу да заминам. Некогаш е лесно,
заминувам уште наредниот ден, но некогаш останувам и по цел месец. Секоја
дамка на ѕидот ме потсетува на викотниците и тие одвратни гласови.
Посакував да исчезнат засекогаш, заедно со грлата од кои излегуваа.
Зависев од нив, ги сакав и ги мразев, ми беа потребни и не сакав да им се
доближам. Не знаев кого да обвинам. Дел од вината прафрлав и врз себе. Не
е доволен само еден икс хромозом да те обврзе да ги сакаш. А тука имаше
четири негативно наелектризирани честички кои беа создадени една од друга
но меѓусебно се одбиваа поради еднаквиот електорнски полнеж. Уште повеќе
се плашам. Наликувам на нив, но успевам де се воздржам и да не го пренесам
мојот страв надвор од ѕидовите. Ќе заминам, морам да заминам и тоа што
поскоро, но овојпат засекогаш.
На крај и самата се уверив во она што другите го мислеа за мене. Желбата
да пејам и да станам MTV ѕвезда полека надвладеа над реалноста. Се имав
пријавено на сите музички аудиции за кои дознав, а за оние кои не знаев ми
кажа мајка ми. Таа вечер имаше една од тие аудиции. Настанот ми го
окупираше целото тело, мислите ми беа насочени кон песната која ја одбрав.
Не беше тоа песна која може секој да ја испее. Бев уверена дека ми
одговара на бојата на гласот. Татко ми свиреше на клавирот а јас неколку
часа по ред не можв да испејам повеќе од вториот стих. Пак почнав, Nights
in white satin, never…. Зошто на учев англиски место германски?! Зборовите
од вториот стих како да исчезнале од мојата меморија. Го земав текстот и
истрчав надвор. Немав доволно време да го научам текстот, да ја запомнам
мелодијата, да одберам соодветна облека, шминка. Влегов во својата соба и
нервозно почнав да пребарувам низ гардеробата. Можеби црвениот фустан ке
ги пополни празнините и пропустите во пеењето, можеби изгледот е поважен
од гласот. Нема да забележат ако место втората почнам да ја пејам првата
строфа од почеток или ако почнам малку подоцна од клавирот .Да , тоа треба
да го направам, ке научам само една строфа и ке ја испејам два пати.
Напнатоста растеше во мене. Се стемни - еден од знаците дека времето
полека истекува, аудицијата е се поблиску.
Вечерва за прв пат видов полна месечина без да посакам желба. Немав
ниедна, а не се чувствував празна. Не добив многу од претходно
посакуваните работи, а не копнеев по нив. Ја видов најмалечката насмевка,
и подарив поголема, ме исполни, ми го преполни срцето со нежност. Вечерва
за прв пат влегов во загушливата соба , а можев да дишам, не го барав
повеќе изгубеното време назад, ниту пак изгубените предмети. Се помирив
дека веќе нема да ги видам. Ми се јави иако мислев дека ме заборавил. Ги
потиснав викотниците, а се се случуваше побавно од порано кога се дерев да
побрза. Никој не може да ме убеди дека она во кое верувам е лажно. И токму
поради тоа, вечерва за прв пат, длабоко во мене, го пронајдов мирот кој
одамна го загубив.
п:повеќе монолог отколку дијалог
Кога ќе остарам?
Се’ беше нормално тој ден. Сестра ми по четврти пат дозна дека е во
четврти месец и по четврети пат не занеше кој ја ставил во тој четврти
месец. Тој по педесет и четврти пат и спомна за постоењето на кондомот, а
по четврти пат помислив “Леле само да не е пак женско.” Татко ми, кога
дозна дека веќе не се три туку четири, го стегна еден од четирите
екстремитети, поточно левата рака. Викнавме брза помош, која како и по
обичај не дојде на време. Па кога дојде, го одведоа и не дочека да го види
четвртото. Коментарот на мајка ми, ладен како и обично беше – една уста
отиде, друга ќе дојде. И нејзе се’ и беше нормално тој ден. Кога го
донесоа ковчегот, немаше кој да го потфати од едната страна, па сестра ми,
која тогаш случајно се најде во близина на колата, подаде рака од едната
страна. Додека го носеа по скалите, и’ натежна па таа сосе ковчегот и сосе
четвртото се стркала од четврти надолу. Порачавме уште еден ковчег, ама
овој беше малку поширок, колку за тројца. Моравме што побрзо да се
ослободиме од тројцата зошто сите беа по малку позеленети и бледи. Во
13:00, јас мајка ми и трите ги испративме тројцата и се вративме дома.
Сеуште не беше баш се’ нормално. Малку од зеленото на тројцата претходно
се истурило на скалите додека се тркалаа по нив, а мајка ми најде баш таму
да згазне, па не прдолжи нагоре со нас, туку и таа се стркала надолу. Не
ни преостана ништо друго мене и на трите, освен да ја пратиме кај другите
тројца. Е, дури сега се’ се врати во нормала, односно заврши како што
почна, нормално со бројот четири. Дознавме за четвртото, испративме
четворица, а дома останавме четири. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |