т:темплум  

 

август/септември
н:
нинџа


arkimk@yahoo.com

 

о:огледало#1

- Кај си бе …те барав - се насмеа Маци
- Еве, ме како си … - му одговорив зачуден што го гледам. Пред мене беше едно другарче, подобро речено познаник со кој сме оделе одамна, пред четири години, на одмори. Приметувам во неговите очи дека е растревожен. Некако чуден, а се немавме видено цела година пред тоа.

- Јас дојдов кај тебе на кафе – проговори.

- Ситуацијата ми стана чудна, а уште почудни ми беа неговите очи, отсутни и конфузни. Помислив на најлошото, дека почнал да се дрогира, па предложив да појдеме на кафе во оближното кафуле.

Започнуваме нормален муабет што е, како е, што има ново и доаѓам до ебениот заклучок дека човеков пред мене е отиден, длабоко отиден у курац. Забегал и тешко му е. Пред мене беше олупина од човек кој отсекогаш имал добра душа.

Испипувам вниумателно и дознавам класична приказна: нема работа, нема пари, нема девојка, но што е најтрагично нема пријатели и луге да му се најдат со топол збор.

Почна со муабети како се сетил дека ја сум му бил најдобар другар, што апсолутно ме стави во знаци на чудење кои вешто ги одбегнував да не примети, зборуваше како би сакал да се дружиме, барем на кафе да отидеме некогаш или у град да го однесам... тешко му паѓа самотијата… ќе излуди.

Почна да ме моли:
- Почни со некој бизнис, ти си бил одсекогаш најпаметен, ќе работам за тебе… без пари ако треба, ќе ти бидам потрчко, роб – изговараше смирено. Се ќе правам само да не седам веке дома тоа ме убива... промрморе.

Неможев да поверувам дека буквално го изговори тоа . Пробав да не примети што чувствувам . Пробав да бидам cool .

- Знаеш сите се плашат да се дружат со мене, не знам зошто…

Во текот на муабетот исчепкав некако… Мац зема таблети некои madolex или не знам што… ваљда јаки антидепресиви. Го погледнав, целиот беше исушен, а громада од дете беше. Секогаш спремен да помогне, да послуша, никогаш не се наметнуваше а сега беше на коленици, но смирено ми прераскажуваше. Го слушав.

Одеднашка се префрли на муабет дека ќе моли еден наш заеднички познаник да го прими на работа како било што, се би правел само да не биде дома... и јас го советував да се смири и да го стори тоа знаејки дека тој тип е мокен и може да му помогне. Почна запре за момент и почна да ми кажува за некоја Италијанка која ја запознал во трговски, но која сакала да го земе за маж, го залапала у сред бел ден и го сака, но тој не би ја напуштил Македонија ни за милион евра.

- Не, никако, сите другари ми се тука. Се свртев и погледнав, но никој немаше околу нас. Се надевав дека и тој тоа ќе го сфати, но тој беше веке во друг свет.

- Не, не можам јас да се земам со неа за пари, јас ја барам љубовта на мојот живот – се насмевна. Настана молк.

- Знаеш што… изговори тивко… би му се јавил на Гого за работата… но се ми се чини дека ме прислушкуваат по телефон, а јас не можам да заспијам со денови... се би дал да се одморам да поспијам едно два дена… Но знаеш што, јас би сакал да ме викнеш на кафе, да идеме у град понекогаш девојка ми треба…

- Настана молк. Го гледав, пробав да проговорам нешто умно што би допрело до него.

- Мац, искрено ме знаеш, увек сум бил со девојки, но ете се случува те разбирам тешко е, но ете и мене ми се случило еднашка да не бидам со девојка цели 6 месеци… кога ми се случи сето мое срање-  му реков. - Мораш да бидеш јак, остави ги другите само ти можеш да си помогнеш…

- Знаеш што, јас дркам- ме прекина. - И полесно ми е тогаш. Но, сакам девојка, мораме да најдеме девојки, ти само кажи ми што треба да правам ја ке правам…

Замолчев. Развиена форма на шизофренија со манија на гонење … Мац веке не е тука. Молчев, во мојата глава во делот од секундата размислував, ми пројдоа илјадници мисли… сакав да му помогнам со муабет, тој е добар, но не е доволно интелигентен да го разбере тоа што имам да му кажам, а башка е стварно отиден у к*рац. Запалив цигара и го слушав и во еден момент дури попуштив и реков дека ќе го земам понекогаш во град, но да не очекува премногу од мене. Само рече:

- Знам дека ти нема да ми се јавиш, но јас ке те побарам...

Се разделивеме.





о:огледало#2


Знам колку добра душа имаше тој човек... тоа како прво иако кратко се знаеме осетив дека е добар како другар уште тогаш другарчина беше, без зла мисла во него...

Но побитно е другото И ЈАС БЕВ ЕДНАШКА скоро како него отиден у к*рАЦ.

Го допрев дното во тој кризен период од животот, немав работа, бев оставен од сите, и од девојка и од пријатели. Имав сè, но одеднаш се случи криза во мојот живот и останав сам. Смогнав сила, да, ја најдов во себе силата која ме водеше низ пеколот и сега сум ЈАК, појак од секогаш.

Мегутоа, некои луге ми помогнаа тогаш, со топол збор ме прифатија како свој... одев кај нив на курс... и тие едноставно ме продуховија... имавме долги разговори, НО ЈАС НИКОГАШ НЕ ИМ СЕ НАМЕТНУВАВ. Не се жалев, бев премногу горд за тоа, но беа до мене и ме слушаа. Јас бев јак, се излечив на голо, не, не, не се дрогирав да не сфатите погрешно, бев болен од болеста наречена живот така сакав тоа да го викам тогаш. Но, не земав антидепресиви или слично... беше тешко, но јас најдов сила… сликав, пишував, читав, пронаоѓав одговор во другите се додека конечно не го најдов во себе и ПОБЕДИВ.

Мегутоа сега не се чувствувам доволно СИЛЕН да му помогнам на него, едноставно не можам. Гледајки го него се навракам назад на нешто што било толку пеколно болно, најболно во мојот живот.

САМОТИЈАТА И РАЗОЧАРАНОСТА ВО ЛУЃЕТО. Полошо од тоа
нема, верувајте. Секој негов збор ме болеше, го преживував секој негов миг, но НЕ МОЖАМ ДА МУ ПОМОГНАМ.

НЕМОЖАМ НАЗАД.

Уххх, сега дилемата ми е.... дали БОГ ми дал шанса да излезам од тој КОШМАР за да подоцна можеби ме тестира ДА ПОМОГНАМ на друг човек кој е исто така во неволја како што и јас сум бил...

А од друга страна од кај го знам, стварно ми се чини дека не е здрав чим може до ова дереџе да дојде, не е агресивен, му треба човечка рака, збор... но јебига НЕМОЖАМ, САКАМ, ЗНАМ ШТО ТРЕБА ама не можам....


Стојам пред огледало сега и се гледам… Земам црвен кармин од ташната на мајками и ги пишувам зборовите СЕБИЧЕН ли сум?

Гледам во себе и со отворни очи и душа сфаќам колку тој сега пати, сето тоа го знам, но ке треба да бегам од него ко пичкица, но јас сум ЧОВЕК... се прашувам до каде треба да оди човечкото жртвување за ближниот свој???

Ако му помагам, МЕНТАЛНО јас ке се пореметам, ќе ми се враќаат слики и нема да идам напред во визијата на животот која ја имам ...

Знам можеби е малце... по некое кафе муабет... ама ЗА мене после сè е многу... проклето многу.

Како да му кажам како да излезе од таму, од тој пеколен лавиринт, кога тој самиот е во сосема друг свет сега, како ја да се вратам во пеколот на својот ум лутајки по неговиот ???

Како ???

У к*рац... да не го преживеав мојот пекол немаше да мислам ни секунд, ќе најдев време, ќе му се најдев, иако не заслужува... ме гледаше кога јас бев сам и ништо не превзема… не се ни јави… но, не сум осветољубив, и покрај сè знам како е… сепак човек е... но, вака...

НЕКА МИ ПРОСТИ БОГ .... НЕМОЖАМ.... стравот од лудилото кое повторно ќе ме врати во осаменост и разочарување ми вели да бегам, а човечкото во мене ми вели да помогнам .... затоа прашувам каде е границата???

Јас не сум светец, но не сум ни најголем грешник... сакам да знам што да правам сега... НЕГОВИОТ НЕМИР го руши мојот мир кој го градев предолго време....

Да му објаснам дека треба да го бара својот пат во себе е можеби себично, тој е болен нема да ме разбере, можеби. Во главата ми се врти една мисла… што правам ако утре не дај боже се обеси... не ради мене него разочарувањето во сите во луѓето, пријателите, најблиските... а јас да бидам капак на сè... проклет куртон кој не е доволно силен.

Сега повторно гледам во огледалото… гледам и не знам кого гледам…гледам крстосница и човек. Се прашувам дали да подадам рака и навлезам во огледалото . Со немир во срцето и неспокој во душата го допирам огледалото. Прстот полека надира во длабочината, длабочината која засекогаш сакав да ја оставам зад себе.



 

п:патување


Понекогаш знам да залутам, и полека знам да зачекорам во еден непознат свет . Свет за кој само јас знам дека постои, јас и јапонскиот старец на падините на Белата Планина. Никогаш не го дознав неговото име, само знам дека тој е секогаш тука блиску до водопадот токму под старата расцветана и бујна јаболкница. И чудно секогаш е пролет кога ќе се сретнеме, и секој наш разговор е како нов почеток, почеток кој нема крај.

Пријдов тивко, а тој со затворени очи рече:
- Седни… и гледај во водопадот… подготви се, ке појдеме на ново патување. - Без никаков одговор седнав во исчекување .

- Погледни во водопадот сега – изговори полека и смирено. Гледаш, високото и ниското опстојуваат во хармонија, не можат едно без друго; долгото и краткото не можат да опстојуваат изолирано, за да знаеме да ја цениме убавината мораме да знаеме што е грдо… сè е круг и сè се надополнува, младичу. - Сакав да го изговорам прашањето кое ме мачеше пред да дојдам на оваа моја прошетка, сакав да прашам за решението на мојот проблем, но старецот ме прекина.

- Знаеш, да имаш и да немаш мораат да постојат заедно… и за да ја спознаеш својата среќа мораш да го разбереш тоа .

Сакав да прашам зошто ме измачуваат љубомората, разочараноста, зошто сеуште сум врзан за материјалното, зошто не добивам доволно од животот... мислев дека лесно ќе го добијам одговорот.

- Но, зошто… - изговорив и повторно бев прекинат.
- Проблемот секогаш не е надвор од тебе, погледни длабоко во себе и едноставно не посакувај ги ниските измами на главата, тоа што другите го посакуваат и сто мислиш дека е добро, само така ќе ја спречиш конфузијата во твоето срце.
- Ти го бараш мирот така? - го прашав. Ме погледна со неговите речиси бледо сини очи и поглед кој како да извираше од прапочетокот. Се збунив. Потстана и ми подаде рака . Ја прифатив… а тој изговори:
- Мудриот е мирен и не сака да поседува... и само така има сè. - Погледна во небото и покажа со прстот нагоре… - Гледаш ли? Небото и земјата се вечни, а тие не се пристрасни, преголеми се за тоа. Затоа мудриот никогаш не е пристрасен… колку повеќе се труди, толку повеќе губи од својата енергија, повеќе зборови вредат помалку... затоа мудриот се задржува на суштината.
- Суштината… - промрморев во себе.
- Полека младичу - изговори… - Вечноста и големината на мудриот е што стои пострана, стоејќи по страна тој е секогаш пред сите и секогаш со сите. Мудриот човек не наметнува, не доминира, нуди солуции, а не бара за тоа ништо, ниту очекува ништо. А најголемото проклетство на човекот е ПРЕКУМЕРНОСТА. Погледни… - извади пред мене остра катана, која блескаше на утринското сонце. На неа имаше натпис кој зачудо го разбрав… пишуваше: “Преострената острица ја губи силата.”

- Гледаш, оваа катана припаѓаше на прочуениот самурај Хакидоми кој живееше пред илјадници години. Херој во стотици битки и тој побара да му се изгравира тоа на мечот по неговата смрт… Мислиш дека тоа било случајност? – ме погледна старецот.

- Туку, кажи ми што сакаше… зошто дојде - ме погледна смирено со рацете позади грбот... Се заврте гледајќи во долината и реката која жуборкаше весело. Се заврте уште еднаш, токму кога сакав да изговорам тој погледна во птицата која слетуваше во своето гнездо. Беше сина птица, малечка, и испушташе убави, мелодични звукови при секој негов поглед.

- Всушност, сакав да прашам… со години сум претрупан со собирање на богатство, а не разбирам зошто сепак не сум срекен? – смогнав сила и изговорив. Без одговор старецот се искачи на големиот камен кој се издвојуваше од околината.

- Дојди, подобро се гледа од тука – ми подаде рака. - Погледни ја онаа куќа… и запомни ја... Материјалното постоење нека секогаш има предност за тебе, но неговата суштина се исполнува само доколку има непостоење… суштината, функцијата… Куќата има врати и прозорци; тие се тука, нив ги допираме, ги гледаме, но без непостоечкото, празното, тие ќе немаат функција… низ нив поминува воздухот, енергијата, и низ непостоечкото тие ја исполнуваат својата цел. Затоа, духовното нека ти биде секогаш употребливо за да дојде до израз материјалното. Замисли едно грне, празнотијата на грнето ти ја дава суштината на грнето кое е во твоите раце, исполни го духовното и празнотијата ќе се исполни и материјалното само така ќе биде употребено на вистински начин.

- Но јас не живеам тука, сепак морам да се вратам назад – проговорив, а таму…

- А таму, знам… - ме прекина -…таму има илјадници бои, илјадници звукови, илјадници вкусови, но боите можат да го заслепат окото, звуците да го оглуват увото, многуте зачини да го отапат вкусот… Сетилата незаситни се несовршени и можат да не заслепат, затоа мудриот го прашува своето срце за патоказ да го пронајде патот, а не своите сетила. Мудриот е приземен и неговите очи затоа можат да гледаат и во ноќта. Мудриот прифаќа дека е безначаен, и затоа не може да биде повреден. Прифати ги несреќите како човечка нужност, сè додека си врзан за своето несовршено тело, нормално е да си несовршен, прифати го тоа.

- Предај се и сакај го светот како себеси и тогаш ќе имаш и сила да се грижиш за сè.

- Хух…- ме опфати очај… сакав да разберам… а старецот само ме допре по челото…

- Не обидувај се да сфатиш, да ја допреш енергијата, таа е тука, нема ни крај ни почеток, живеј во сегашноста и само така ќе бидеш во допир со себе, а сето останато е привид . Од тука ќе почнеш и ќе ја допреш суштината. Запомни, никој не може да започне нешто во минатото, ниту во иднината. Ако сакаш да го пронајдеш патот, моментот е само еден, а тоа е: СЕГА!

Се завртев… него го немаше веќе… но, знам дека пак ќе го пронајдам под водопадот и вечно расцутената јаболкница, а околу нас ќе биде вечната пролет. Погледнав во расцутената долина и зачекорив да го пронајдам тоа мое СЕГА.



 

к:композиција


Беше тоа пријатна топла вечер. Еден човек седеше
пред полупразната часка со виски пред него. Од време
на време погледнуваше во часовникот, кој се наоѓаше
над ламбата закачена на ѕидот. Во собата беше
полумрак , а ламбата сјаеше во бледо портокалова боја
токму доволно да не се осети сам таа вечер. Отпи од
чашката и се насмевна. Во собата благо продираа
звуците од музиката од спалната соба. Во тој момент
почна неговата омилена нумера … благ инструментал од
колекцијата Café del Mar. Погледна во чашата…беше
полупразна. Ја отпи до крај … и повторно погледна во
часовникот.

Време е помисли – човекот. Го извади шишето, ја
наполни чашата повторно и излезе од станот.

# # # # #

Во рацете го држеше кистот и критички се осврнуваше,
педантно и вешто на секој најмал детаљ. Гледајќи ја
отстрана би можело да се помисли дека е задоволна.
Повторно се загледа во своето дело, упорно гледајќи и
барајќи недостаток… но таа вечер не можеше да го
најде. Можеби тоа и ја вознемируваше девојката вечно
заљубена во убавината, во потстрекот…заљубена во
животот. По долго време таа виде нешто прекрасно убаво
и хармонично и сите бои играа во прекрасна игра,
сенките како одеднаш да заживеаа во магичен танц
пред нејзините очи. Тоа беше моментот кој единствено
ја правеше целосно задоволна, целосно безбедна
одлутана во својот мал свет, каде владее она и
нејзините бои.

Сакаше тој момент да потрае, да биде вечно со неа, но
моментот наеднаш помина. Девојката се насмеа и го
остави задоволно кистот и боите. Моментот на
опуштеност и убавина важно беа отсликани во нејзината
глава и тоа никој нема да може да ù го одземе.

# # # # #

Девојката полека излезе од таксито. Се осврна наоколу и
позади неа беше човекот. Таа се насмеа . Човекот ја
погледна и возврати со насмевка. Пред него беше
девојка која би ја проголтал со поглед, но внимателно
се воздржа од тоа.

Ајде, идеме, блиску е – изговори тивко човекот и ù
подаде рака .

Полека чекореа. Одвреме навреме се насмевнуваа, а
тој внимаваше да не примети како ја погледнува со
страст и задоволство. Неговите очи се задржуваа на
нејзината убава невина насмевка. Посака да ја погали
по нејзината убава црно-црвена кратка коса. Посака да
ја допре и да ги проба тие усни. Но, не го стори тоа…
полека чекореа… одвреме навреме префрлувајќи си по
некоја чудна шега која можеби само тие на целиот
свет ја разбираа.

Седни, изговори тој . Почнаа да разговараат, а тој се
почувствува повторно смирен. Зборуваа опуштено, за сè
и сешто, како да се знаат со години, зборуваа, а тој се
обидуваше да измами што повеќе насмевки на нејзиното
прекрасно лице. Му успеваше тоа. Милиот поглед на
девојката му даваше éлан да продолжи. Зборуваше
упорно со насмевка на лицето, за сè и сешто, за лудите
догодовштини, за љубовта, за дрогата, за опуштеноста,
за сè што можеше да му падне на памет. А таа само
се насмевнуваше и беше толку мила и невина да човек
едноставно посака да ја прегрне и засекогаш заштити.

Наеднаш застана со зборувањето и погледна кон
полупразната чаша… Молчеше

- Зошто замолче? - го запраша девојката.
- Сакаш да ги видиш сликите?… - ја запраша и стана .
Без да чека одговор … и ја подаде раката и изговори:
- …дојди..

Девојката полека ги разгледуваше. Некои чудни,
некои можеби интересни. Додека разгледуваше… човекот
ја разгледуваше неа… посакуваше да ја допре… токму
како што ги допираше своите дела кои висеа на
ѕидовите… да ја пренесе својата страст на неа… токму
како на неговите слики…

Неприметно помина позади неа и додека таа гледаше, ги
стави нежно рацете на нејзината половина и нежно ја
бакна по вратот. Следуваше бакнеж, долг и страстен.

Не кажаа ни збор и не прекинаа да се бакнуваат. Без збор
и без заддршка, почна да ја откопчува.

- Полека, полека. – изговори девојката и почна самата да
се соблекува додека тој ја бакнуваше. Раката му беше
веќе во нејзините гаќички… беше влазна… Без збор и
ги рашири нежно нозете и се спушти до нејзините
бутини. Нежно поцна да ја бакнува нејзината малецка,
нежно со усните проаѓаше по неа. Таа се насмевнуваше
и го гледаше со мала доза на срам која се наѕираше.
Се исправи и ја бакна и полека навлезе во неа. За
момент ја почувствува сета нејзина влажност и убавина.
Секој допир, како допир на платното, незен а груб, одмерен
А хаотичен… нивните тела полека почнаа да даваат една
прекрасна слика. Слика на страст која почнува да се
разгорува .

# # # # # # #

Невино го гледаше, но очите ù сјаеа во полутемницата.
Очи на дете, очи на блудница… очи полни со желба,
очи збунети, но можеби среќни…

Сакаше уште да слика со нејзиното тело, сакаше да
ја осети нејзината внатрешност сè повеќе и повеќе.

Пуштија некои смешни реклами на ТВ, а тој се прибра
позади неа и ја гушна. А таа како детенце се вмушна
во неговите цврсти прегратки. Тој почувствува
блискост, желба за нежност…нешто што одамна беше
забрането за него. А тоа беше тука… во неговите
прегратки.

Не можеше да одолее. Посака да отслика љубов… овој
пат љубов… да отслика топлина со нивните тела … и ја
прегрна… полека почнувајки да води љубов со неа.
Нежно, навлегуваки во неа, бакнувајќи ја при секое
следно влегување… не сакаше ниту да смени ништо
…едноставно уживаше во неа. Споени тела … бакнежи во
ноќта … нејзините воздишки… кои се сменуваа…како
нијанси на бескрајно големо платно почнаа да создаваат
заедно.

- Ама е добро…- воздивна таа тивко… А на него само тоа му
требаше … прифакање…слатко прифакање… хармонија на
две тела … и не го испушташе тој миг… не ја
испушташе неа од неговата прегратка… а движењата му
се забрзуваа… се побрзо и побрзо, а таа се топеше во
неговите прегратки … Наеднаш во неговата глава се
споија сите бои, сите нијанси и мириси кои може една
жена да ги подари и тој сврши… и падна до неа… Ја
прегрна…и ја повлече кон себе… во тој момент почувствува
љубов… како да сака тој миг да продолжи засекогаш
во неговата глава… Овој миг нема да може никој да ми
го одземе, си помисли тој, се насмеа и незно ја бакна.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




















































































































































































































































































































































































































































































 

  д:дома