т:темплум  

 

август/септември
н:
најфраер

г:години:доволно
makstepstone@yahoo.com
 

 

д:два психолошки длабоко разработени лика и четири бакнежа #1

Сега секавајќи се не знам дали е важно дали беше септември, ноември или можеби јуни, не знам дали сето ова што ми се случи беше во бледорозева, зеленкасто тиркизна свежо офарбана куќа, на три или повеќе ката, дури не знам ни колку време траеше сето тоа. Не знам ни дали таа беше фризерка, продавачка или астронаут, сиромашна или богата. Ништо од тоа не знам. Постојат мигови во животот кога ни имињата ни годините не се веќе важни, постојат мигови на страсти кои те стопуваат со времето и просторот. А ова е еден од тие. Миговите на една жена и еден маж и само тоа беше важно.

Затворам очи и единствено што гледам се нејзините црни очи кои упорно ме гледаа предизвикувачки. Во собата беше полумрак а ветерот играјќи се со завесата дозволуваше сјајот од месечината да ја погали одвреме навреме по нејзиното лице.

Легни, опушти се прозбори таа.

Сакав да потстанам и да ја погледнам поубаво. Ме бутна на креветот...

Легни, не сакам да ме гледаш..рече и се спушти на коленици. Полека ја откопча мојата кошула. Како вечност поминуваа миговите додека идеше по копчињата со нејзините долги црвени нокти. Кога стигна до третото копче одеднаш ги искина останатите и се нафрли на моите гради. Почна да ги лјуби со усни сочни и полни и меки, полека одеше нагоре кон моите усни. Ја погледнав подобро искористувајќи го моментот на играта на сенките, беше убава, дури и поубава од секогаш. Пробав да ја полјубам, но таа се отргна токму во моментот кога ќе ни се споеја усните. Продолжи кон мојот врат, полека и ненаситно ми даруваше воздишки.

Ми шепна: Ме сакаш ли ? и нечекајќи го одговорот кој веќе го знаеше повторно се спушти нежно со бакнежи по мојот врат. Осетив дека нејжината рака полека почнува да ме масира по градите, со допир нежен како сатен се спушташе по мојата кожа.

Сакав да речам нешто, нешто што таа не го знаеше во тој момент, нешто појако од мене самиот но замолчев... во полумракот таа почна да се соблекува... Седејќи на мене се подисправи и ја собра својата долга црна коса... Цинам видов дека се насмевна благо... Ми ја допре раката и ми ја стави на нејзината лева града...

Допри ме рече, само полека допирај ме - се наведна и ме бакна во образот...

Полека и заводливо почна да се движи во ритамот на музиката. Barry White, девојка во полумракот и скриени страсти кои ветуваат дека нема да престанат цела ноќ...

 

 

д:два психолошки длабоко разработени лика и четири бакнежа #2

Мирисот на нејзината кожа е мој најголем афродизијак. Мократа кожа на белиот чаршаф, прекрасна гозба за моите сетила. Капките од нејзиното тело после тушот, капките кои вниматлно ги собирам со моите усни. Таа е под мене, а нејзините прсти шараат по мојата глава. Прекрасно чувство кое ме потполнува во тој миг. Подзастанувам и ја погледнувам помислувајќи од каде да почнам со моите бакнежи. Полека ја допирам по усните со мите прсти а за возврат добивам бакнежи... да и насмевката е тука... повторно тука како и по секоја караница... Не чекам многу и благо ја бакнувам по вратот, мирисајќи го нејзиното тело, нејзината коса... Во занес изговарам: те сакам малечка... те сакам...

Таа пробува да каже нешто но моите раце веќе и ја затвараат устата благо и нежно очекувајќи го вториот бакнеж по моите прсти. Месечината и благиот ветер во собата се мои сојузници... магична игра со мојата лјубов... Го ослушнувам ветрот кој ми говори да почнам со нашата игра. Усните гладни за страст и лјубов, полека се спуштаат по нејзините голи рамења. Ја ослушнувам почнува забрзано да дише додека се приближувам со усните до нејзините гради... Пробува да каже нешто... но моите прсти се повторно тука на нејзините усни чекајќи го третиот бакнеж..

Ја чувствувам полека спуштајќи се по нејзиното затегнато стомаче...го чувствувам немирот кој се спрема длабоко во неа и продолжувам со благ бакнеж одејќи се подолу и подолу, со секој сантиметар сум поблиску до нејзината екстаза... а секој сантиметар е долг како вечност... а таа го знае тоа и почнува да се опушта, очекувајќи ме и дарувајќи ми бакнеж нежен како утринска роса по моите раце. Цхетвртиот бакнеж пострасен од претходните остана на моите прсти кои знаат да ја милуваат.

Ветерот си поигрува и нежно ја допира завесата на мрачната соба како да ме учи како да ја милувам мојата сакана. А моите допири се множат, со секој миг се појаки... и усните стануваат врели како и нејзината кожа и тело кои благо треперат под моите допири.

Го ослушнувам ветрот, и ми се причинуваат зборовите те сакам. Тивки зборови од нејзините усни допатуваа конечно до мојата душа. Бакнувајќи ја нежно по препоните, со прстите ја допирам... ја осеќам нејзината влажност... го осеќам нејзиното исчекување а моите заби полека ги тегнат гаќичките играјќи се и допирајќи ги нејзините влажни уснички.

Осеќам диво грабање за мојата коса, грабање кое кажува да навлезам во неа... грабање кое сака да ме прекине во овој миг на уживање...во уживање во мирисот на жената.

Сега навракајќи се не можам да кажам ни како се сретнаа, ни дали беше во лифтот или во паркот, не можам да кажам ни дали беше обична страст ниту лјубов, не можам да се сетам ниту на бојата на нејзиниот фустан, нити дали беше сон нити јаве единственото што остана и што е важно беше мирисот на жената, четирите бакнежа и една приказна која бескрајно се повторува во мојата глава.

 

 

с:два психолошки длабоко разработени лика и четири бакнежа, дел втори#1
 

Сега секавајќи се не знам дали е важно дали беше септември, ноември или можеби јуни, не знам дали сето ова што ми се случи беше во бледорозева, зеленкасто тиркизна свежо офарбана куќа, на три или повеќе ката, дури не знам ни колку време траеше сето тоа. Не знам ни дали таа беше фризерка, продавачка или астронаут, сиромашна или богата. Ништо од тоа не знам. Постојат мигови во животот кога ни имињата ни годините не се веќе важни, постојат мигови на страсти кои те стопуваат со времето и просторот. А ова е еден од тие. Миговите на една жена и еден маж и само тоа беше важно - рече Џек и потегна од цигарата, замислено гледајќи во прозорецот пред себе.

Еј слушај, Курто ај не трескај зелени, не знаеш каква била куќата ко да е тоа битно, не ми тегни тука, си ебел ли ти нешто или не...страсти, масти, мигови жими ашимов.. тоа само кажуе некоја плачипичка - го тресна по рамото неговиот најдобар другар Мик.

Мик беше секогаш тука, таинствен и ироничен, како само да чекаше да фака сеир, безобразен но искрен до коска. Можеби затоа толку се дружеа.

Ај не сери, многу, кажувај што беше понатака....- промрморе Мик


Џек само го погледна за момент, и ја спушти кутијата од цигарите на столот, потегна еден долг дим и почна со својот монолог :
-Затворам очи и единствено што гледам се нејзините црни очи кои упорно ме гледаа предизвикувачки. Во собата беше полумрак а ветерот играјќи се со завесата дозволуваше сјајот од месечината да ја погали одвреме навреме по нејзиното лице.

- Ха ха ха ветерот играјќи се, сјајот на месечината, галења браво бе Бајага... ти бе си ебел или си конкурирал за најлигава колумна на годината ? Ај, ај... продолжи те....

Џек како да не го ни приметуваше само се врати во мислите и веќе беше таму. Ги затвори очите и го слушна нејзиниот глас :

- Легни, опушти се прозбори таа.


Сакав да потстанам и да ја погледнам поубаво. Ме бутна на креветот...
Легни, не сакам да ме гледаш..рече и се спушти на коленици. Полека ја откопча мојата кошула. Како вечност поминуваа миговите додека идеше по копчињата со нејзините долги црвени нокти. Кога стигна до третото копче одеднаш ги искина останатите и се нафрли на моите гради. Почна да ги лјуби со усни сочни и полни и меки, полека одеше нагоре кон моите усни. Ја погледнав подобро искористувајќи го моментот на играта на сенките, беше убава, дури и поубава од секогаш. Пробав да ја полјубам, но таа се отргна токму во моментот кога ќе ни се споеја усните. Продолжи кон мојот врат, полека и ненаситно ми даруваше воздишки....


- Ух, ух, ух мигови долги како вечност, абе смисли нешто пооригинално, ти бе женско да не си ти ибам..., се знае женските за што се... да бе дошла таа кај тебе да и циташ поезија... кого лажеш бе... даруваше воздишки...ух како не бев јас таму досега ќе беше трети месец трудна... Курто еден - заржа Мик. Ај нема врска, ми се сере од тебе ама ајде продолжи понатаму.....


Џек продолжи : Таа ми шепна : Ме сакаш ли ? и нечекајќи го одговорот кој веќе го знаеше повторно се спушти нежно со бакнежи по мојот врат. Осетив дека нејзината рака полека почнува да ме масира по градите, со допир нежен како сатен се спушташе по мојата кожа.


Сакав да речам нешто, нешто што таа не го знаеше во тој момент, нешто појако од мене самиот но замолчев... во полумракот таа почна да се соблекува... Седејќи на мене се подисправи и ја собра својата долга црна коса... Чинам видов дека се насмевна благо... Ми ја допре раката и ми ја стави на нејзината лева града...
- Е така бе машко конечно малце акција, кој курац е тоа просеравање, фала богу барем цицка си фатил - почна да се смее Мик.



Допри ме рече, само полека допирај ме - се наведна и ме бакна во образот...

Полека и заводливо почна да се движи во ритамот на музиката. Баррѕ Њхите, девојка во полумракот и скриени страсти кои ветуваат дека нема да престанат цела ноќ...
и ? - изусти Мик... кажуј сега пози ова, она, ја задрма ли јако, дај малце деталји ебате белја... батали тоа Баррѕ Њхите...камо акција...?

Акција,бараш.... ах Мик, Мик уште не научи појако е секогаш некажаното , каде е твојата фантазија а второ и второ јас сум дјентлмен не кажуем такви работи ....

Море, ти си пичкица...ете што си ти... ебена пичкица. Бакнежи, шепоти во ноќта, курчеви карики...коа се знае добро која е поентата една добра ебачина а ти ни тоа не знаеш да го прераскажеш како треба. Идам да сварам кафе а ти помисли добро како ќе продолжиш со твојата Бајага приказна - изговори Мик

 

 

в:два психолошки длабоко разработени лика и четири бакнежа, дел втори#2

Мирисот на нејзината кожа е мој најголем афродизијак. Мократа кожа на белиот чаршаф, прекрасна гозба за моите сетила. Капките од нејзиното тело после тушот, капките кои вниматлно ги собирам со моите усни. Таа е под мене, а нејзините прсти шараат по мојата глава. Прекрасно чувство кое ме потполнува во тој миг. Подзастанувам и ја погледнувам помислувајќи од каде да почнам со моите бакнежи. Полека ја допирам по усните со моите прсти а за возврат добивам бакнежи... да и насмевката е тука... повторно тука како и по секоја караница... Не чекам многу и благо ја бакнувам по вратот, мирисајќи го нејзиното тело, нејзината коса... Во занес изговарам: те сакам малецка... те сакам...

Леле, леле и за оваа куртон прича ја да ти варам кафе ? Знаес што мразам кај тебе Џек, не си бе искрен...не си... абе кажи си сакав да и го закопам... да и го закопам да гребе по патос како мачка во февруари, да вришти како... како она беше бе... ма нема врска кажи си што ти е на душата... а не ти... леле ако те чуе некој...ќе се откажам од тебе..у Утрински весник... Него ај знам што плачко си... ај продужи кажи бар дали ја лижеше...лева цицка фати тоа знаеме...ај и.... - го погледна значајно.


Таа пробува да каже нешто но моите раце веќе и ја затвараат устата благо и нежно очекувајќи го вториот бакнеж по моите прсти. Месечината и благиот ветер во собата се мои сојузници... магична игра со мојата лјубов... Го ослушнувам ветрот кој ми говори да почнам со нашата игра. Усните гладни за страст и лјубов, полека се спуштаат по нејзините голи рамења. Ја ослушнувам почнува забрзано да дише додека се приближувам со усните до нејзините гради... Пробува да каже нешто... но моите прсти се повторно тука на нејзините усни чекајќи го третиот бакнеж..- рече Џек

Леле, леле... дете... ти под некои дроги си бил... што не слушна тоа ветерот да ти каже ако ти е другар... Баерн ќе тепа ли идната недела па да фатиме некој динар на кладилница... чекај ти бакнежи - упадна повторно Мик почнувајќи нервозно да шетка по собата. Уххх... ајде Ромео и што стана понатака... ухх колку си ти отиден чоече па на оваа причица некоја тинејдјерка евентуално можеби и ќе се зачешка

Џек го погледна - Стварно мислиш ?

Да, да ќе се зачешка, ама позади уво евентуално - хехехех - ајде ајде Ромео кажуј што стана понатака.


Џек се насмевна и продолжи со упорен глас :
- Ја чувствувам полека спуштајќи се по нејзиното затегнато стомаче...го чувствувам немирот кој се спрема длабоко во неа и продолжувам со благ бакнеж одејќи се подолу и подолу, со секој сантиметар сум поблиску до нејзината екстаза... а секој сантиметар е долг како вечност... а таа го знае тоа и почнува да се опушта, очекувајќи ме и дарувајќи ми бакнеж нежен како утринска роса по моите раце. Цхетвртиот бакнеж пострасен од претходните остана на моите прсти кои знаат да ја милуваат.


Ветерот си поигрува и нежно ја допира завесата на мрачната соба како да ме учи како да ја милувам мојата сакана. А моите допири се множат, со секој миг се појаки... и усните стануваат врели како и нејзината кожа и тело кои благо треперат под моите допири.

Го ослушнувам ветрот, и ми се причинуваат зборовите те сакам. Тивки зборови од нејзините усни допатуваа конечно до мојата душа. Бакнувајќи ја нежно по препоните, со прстите ја допирам... ја осеќам нејзината влажност... го осеќам нејзиното исчекување а моите заби полека ги тегнат гакичќите играјќи се и допирајќи ги нејзините влажни уснички.
- Е така бе машко, кажи си... си ја лижел признај, не ми лупетај тука пак со тоа ветерот и ебената вечност... а така бе муж... - го потапка по рамо Мик... машала...јунак си... продолжи - се насмеа задоволно

Осеќам диво грабање за мојата коса, грабање кое кажува да навлезам во неа... грабање кое сака да ме прекине во овој миг на уживање...во уживање во мирисот на жената...

и..и... и го бапна ли бе педерче ? Вриштеше ли многу... ? - леле дефинитивно се откажуем од тебе. Мик стана од столицата, ја лупна вратата со сета сила и излезе од собата.

Сега навракајќи се не можам да кажам ни како се сретнаа, ни дали беше во лифтот или во паркот, не можам да кажам ни дали беше обична страст ниту лјубов, не можам да се сетам ниту на бојата на нејзиниот фустан, нити дали беше сон нити јаве единственото што остана и што е важно беше мирисот на жената, четирите бакнежа и една приказна која бескрајно се повторува во мојата глава. А се прашувате Мик каде отиде ? Не грижете се тој ќе се врати, тој е таа бескрајна приказна која се врти во мојата глава.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



















































































































































































































































































































































 

  д:дома