т:темплум  

 

август/септември
н:
најдоска ивана

г:години:21
п:професија: сеуште студент (трета година) на Филолошки Фалкултет на катедрата Општа и Компаративна книжевност.
и:интереси: *Обновливи извори на енергија (соларна), vocal jazz и african jazz, телескопски снимки на соѕвездија.
*член на работен тим и проект координатор во невладината организација ПРОАКТИВА, една од основачите на Македонски Зелен Центар.
 

 

с:срцето на Сонцето

Сакам на моето сонце да не му е студено повеќе и месечината сребрените капки да ми ги подари мене, сака нечујна песна од птиците што во ноќ се реди и во молк се расплинува. Допирот да лебди во воздухот и да ја допира среќата, а срцето да трепери, да трепери до вечноста. Да трепери за спасението и продуховувањето, да трепери за надежта и да ги врзува моментите со светлината, спокојството и насладата од зашеќерените мисли на овошните плодови, да се накити со бисерите на возвишението и да остане таму да битисува засекогаш.
Сака да се најде мирно среде шербетните спомени и да ги впива натопувајќи се во утрата преисполнети и прељубени, кои чекаат да заминат од постелата во сабајлината, на Големиот плоштад. Сакам да трча во ритамот на празничната црковна камбана и да пее под дождовните летни капки, а понекогаш да заборави како се трепти пред чистата светлина на љубовта. Сака мирно да сонува за иднината, да мечтае за поминатите непрозборени ноќи пред морето, да се капе во нежноста на погледите и да ги собуе чевлите и заигра во љубените зеници. Да застане во секојдневието и постојаната помисла на сродната душа и да занеме пред неговите очи исполнети со мирот на првото утринско кафе и бакнежот пред потонувањето во сон.
Тивка е ноќта во која моето срце занемува, тивок е шепотот на теперењата, се е тивко кога моето срце заспива и се тивко кога моето срце се буди. Сака да ја разбуди модрата ноќ од од мислата дека е темна и сака да ù каже дека во неа се раѓа среќата, во неа се раѓа мислата, додека моето срце спиеше со среќата и љубовта се вплотуваше. Моето срце со мед на дланките и коприна околу себе, низ од златници во прегратките, по полињата, по падините, низ галериите.
Свилени колани се отплетуваа оклу мене и ја допираа патеката по која чекорам. Времето си ја беше сменило саатнината, како и тоа да тлееше во мојот живот. Ја чувствува за блиска и патеката по која чекорев, затоа сакав да ги соблечам чевлите и да продолжам понатаму со прошетката така интимно и чувствителнио. Беше доволни топло за пролет, а толку кафено како есен, сè беше засладено со кафен шеќер, дури и сувите лисја кои срамежливо се придвижуваа. Сето ова моите мисли го придружија со две ванилини стапчиња. Лисје со боја на цимет и циметен мирис на душевните допири. Дрво под уличната светилка, играше, танцуваше и застана задоволно под светлината која беше единствена вдолж улицата. Сè претвори во мојата љубов која почна итајќи да ми се доближува. И така маѓепсно ме засени и ме претвори мене и мојот свет во нешто што е замислено и се причинува. Јас стоев неподвижно под уличната светилка единствена во тој момент. Необјаснива радост зрееше во мене. Мислите ми го напуштаа погледот додека во alegro ми говореше дека никогаш нема да престане да ме ежи и чувствува; и со бакнежи да ме занемува.
Лебдеше околу мојот сон необично говорејќи без да ги придвижува усните, помислв дека говори со срцето, но го слушнав, забележав дрвото под светилката и празните гранки од дрворедот.
Раскошни чекори. Како од руска бајка да произлегуваат раскошни фустани со ситни ѕвончиња кои мистично одѕвонуваа во појавата на виножитото среде ноќ. Од каде оваа светлина кој загатнува и ткае крила на мене. Крила од свилени појаси кои се обвиткуваа околу мене додека те облетував, а ти неможеше да разјасниш за каква убост во тој миг се работи, како да не си сам, а си.
И повторно светлината не врати на свое место.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања















































 

  д:дома