т:темплум  

 

август/септември
к:
ковачевски марко

 

х:херој на своето време

Беше отмен господин.
Правеше порано. Сега дробеше камен од хоби, а професионално го чекаше поштарот. После сè, тој би можел да добие едно писмо кое целиот негов шугав живот би го свртил на глава.
Мана му е што не познава никого на пристојна далечина. Според тоа, никој не е во состојба да му напише писмо или да го усреќи со својата посета. Сепак, писмата понекојпат залутуваат. Како и луѓето. Сешто може да се случи.
Ете, во финалето на големиот кралевски турнир, играше на писмена покана со кралот на Занзибар.
Пред тоа дописно исканта два-три познати крала.
Тој сам, не беше крал. Затоа си дозволи самиот себе си, во цајтнот, да му украде ланфер на оној последниот крал. Имаше некои планови за себе. Титула некоја не му беше потребна.
Кралот за шах и така и вака беше пацер. Тој само сакаше да праша. Писмено. После се!
- Зошто се против пеналтик кога ќе се напеналат? Му рекоа дека не сакаат, прво да го слушаат, а второ, се работело тука и за проширување на вените и растегнувањето. Тој сето тоа го прими како господин, последен, но достоинствен.
- Сето ова изгледа по малку неверојатно, но тоа е ситница наспроти она за што господинот беше во состојба, во свое време. Не, најсериозно, чесен збор, можеше многу нешта! Неверојатни! И некој од страна рече: -Разбирам додека беше, додека траеше... Тогаш неговите злодела импонираа, но сега никој не го забележува. Да не се префрлил малку господинот?
Којзнае! И кој е во состојба денес тоа да го разреши?
Најдобро е да не ја препумпаме работата. Задржете го во убаво сеќавање затоа што можеби токму тебе ти требаат светци! Еден помалку или повеќе не ги менува битно нештата.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






 

  д:дома