август/септември
к:кензо танге
г:години:23
н:нешто за себе: дипломиран
Социолог, работам како консултант и еве сега почнав да пишувам откачени
раскази, па не сум објавил ништо слично досега (имам необјавена книга во
фиока, ама гајле ми е).
и:интереси: макро-теоретско
идеологизирање и останат вид бурекојадење, визуелна и пред сè аудио
уметност, литература, општествени научни дела итн.
spectacle@mt.net.mk
б:бру
Сли - сам
против сите#1
Локација: Планетата Марс пред 120.000.000
години
Состојби: Марсовското општество во предизборна година
Главен лик: Бру Сли (во основно звани лузер, а во средно кики)
Тема: Краток опис на горе споменатиот во претходно речените околности
З’ш?: А шо, само американците ќе прат филмој?
Жанр: Доста озбилен
Наратор: Кензо Танге
Нели општата тактика е да си глупав во секојдневието кое те опкружува или
поинаку гледано реалноста која сам си ја создаваш. Сакав да кажам дека
самиот си одбираш да бидеш глупав односно без идеали. Зошто мораш идеалите
кои повремено гејзираат од твојата глава и душа да ги направиш темпорални,
т.е. да станат твоја криза , повремени острови низ твоето алтер его, де
отр мер... Секојдневното простотило те направило граѓанин, гласач, пасош
број тој и тој. Зошто идеалите мора да бидат кризата во циклусот која мора
да се надмине. Зошто животот мора да биде месечен циклус, зошто крвариш
кога сонуваш...
Но не се плаши граѓанину, имам утеха за тебе. Такви како тебе утилитаристи
ги има после Декарт на кило. Демек станавте рационална бирократија,
кулминација на досега виденото цивилизациско живеење. На се ставивте
формула, цена, дефиниција, а на се што е емотивно, неразумно,
непресметливо му имплантиравте стигма, лудници (Шарко е добар репер),
Лепнекс, Халдол и отворивте добри биртии. Значи тие што не се постмодерни
хомотипуси се шаблонзирани во социјалната перцепција како уметници-боеми,
спиритуалисти, мистичари, нерационални, децата кои никогаш не пораснале,
останале во нивниот аџел период, не се претвориле во практичниот
материјалист на днешницата, пререлигиозни се а не се фокусирани во
верата...
Но чекај! Тоа е логички конструкт кој го прави твојата дебела дефанзивна
психа на глупаво исплашено животно. Согледај ја вистината, дали се тие
“отфрлените” клошари или херои. Ајде црното да го направиме бело, бар за
момент, па “вистината” ќе изгледа доста интересно. Размисли, затоа што се
помалку, не значи дека сте ги истребиле, тие се помали како Давид, но кога
тогаш нивната вера во автохтониот, изматуфен, збунет и заговорнички
универзум во кој живеат ќе ги доведе во победа против вас Голијатите. Јас
бев на нивна па на ваша страна, но отсекогаш сум сакал да бидам социолог,
ликот во драмата кој е потребен, но никој не сака да го слуша - јас сум
НАРАТОРОТ.
Е сега слушај добро! Вие сте граѓанин на унитарната без везе планетата
Марс, и тоа во нејзиниот цивилизациски најразвиен период (пред
апроксимативно 120.000.000 години). Живеете во главниот град Меридијан и
опкружен сте со семожната предоминантна цивилизациски (коса црта)
конзументска глупост на масата.
Добра вест: и вие сте дел од масата, но
Лоша вест: на Марс мнозинството е вистински лудо и глупаво. Поентата е
дека само “лудите” можат да ги спасат здравите од нивната лудост, тие се
нашите херои. Еве зошто.
Среќен гласачу - жител на прекрасната Марсовска екумена, јас ја имам честа
да ти го претставам најголемиот херој на денешницата и отсекогаш! Тоа не
никој друг него Бру Сли - ултра модерниот Бетм Ен и Суп Ермен, но овој
навистина живее на Марс. Бру Сли е тој што ти јаде бурек како ти си
себичен, патетичен, материјален мочко и дека недостигот на идеали ќе ја
забрза смртта на твоето материјално патетично тело. Хм... Но послушај го
малку, тој е твојот херој (или барем на твоите неродени деца). Зошто? Што
го прави толку ултра сонично поспособен или во најмала рака поразличен од
тебе? Денес не е повеќе во мода да имаш луд и екцентричен другар/ка, туку
некој што се вика себеси Виктор, прича со бритиш акцент и е геј. Таков геј
немам на лагер меѓутоа за Бру Слиевците сум експерт (атестиран во Центарот
за Ментално Здравје - Кисела Вода). Бидејќи многу знам ќе си дадам за
право да ви го опишам, ќе почнам со физичкиот и секаков останат опис:
1. Висок е 190см, затоа што сака да те гледа од горе, тежок егоцентрик е.
Но така треба за да се преживее вашата врста која денес владее - би ти
рекол вообичаено кога чекате во банка заедно (тој да позајмува ти да
заштедуваш). Него му треба егото за да лета, го прави стварно јак. Беше
еднаш похуман, почовечен, но си леташе еден топол зимски ден по
Марсовските ридишта со шуми од црвени карпи, здогледа една девојка , и
направи шшшцццццц и таа му рекла губи се кретену еден неизживеан, и... И
ништо тоа беше премногу за неговите 14-15 години и се усрами , се потсети
на сексот на неговите во дневната и залауфа и се сруши долу меѓу карпите.
А уште од мал му кажале на оваа планета повеќе да пие Бе3 Комплекс но, што
се случи се случи. Бру Сли беше и на механичар, и секаде другде
алтернативно , но му рекоа супер егото отиде јабана и како резултат на тоа
ќе му се појача многу егото И алтер егото исто како кога се појачвале
сетилата кај слепите на планетата земја по 120.000.000 години кога ќе
изумриме ние марсовците и тие ќе настанат од нашите забегани анални
бактерии.
2. Освен висината импозантно кај Бру Сли е тоа што е МНОГУ, СТВАРНО
ПРЕТЕРАНО, ОТПОЌЕ, ВКРАЈ ЈАК ЧОВЕКУ! Арно ама нема мускули како тебе
гласачу, нема финансиска моќ да му ги пумпа бицепсите. Тој има нешто што
отсекогаш мудриот, духовен и интелегентен аристократа го поседувал.
Бру Сли има сало. Многу од тоа насекаде по телото. Тоа сало се стекнува со
долги години напорна неработа и покрај тоа што твојата жена мисли дека
ставила 5 кила за празниците. Тоа сака и карактер да се разбериме. Сака
мрзеливост отпорна на секаков вид социјално инструирана волја да се делува
во надвор од дневниот боравак, да се оди по институции, да се искачува таа
напорна амбициска скала на успехот... Каучот , далечинското, телекранот и
фризата се неговите најдобри пријатели, а како што забележуваш тие се од
нежива природа. Така е при бидејќи тоа сало е во суштина мускулна маса
појака од Шварц Енегер и Ста Лоне заедно...
б:бру
Сли - сам
против сите#2
...
тоа е мускул составен од идеали.
Соништата, безделничењата по ливадите на фантазијата, формирањето цврсти
системи на традиционални вредности сето тоа заедно му даваат сила. Така да
нема потреба од пријатели надвор од домот, не сака да се најде себе си во
Телекранот, но многу сака да го гледа , да го пцуе, да ги презира и не
ретко да ги мрази малите човечиња во кутијата. Не сака да има живи
пријатели , попрво би седел дома умирајќи во прекрасна досада дружејќи се
со храната , топлиот испотен задник стабилно прицврстен за креветот ,
неговиот фалус во левата, далечинското во десната рака, гледајќи во
куклениот театар кој денес поради технолошкиот напредок е всушност
сијалица од 37 вати ставена во кутија изработена од оној новиот материал
наречен марсиластика (се прави од петро-хемикалиите кои се 3000 км под
земја и се главна причини за војните на Марс и сателитите). Бру Сли смета
дека сето тоа е во ред , арно ама тој тврди дека тие луѓе се мртви, а
неговите неживи пријателчиња кои му ја јачаат идеалистичната мускулатура
(салото) се подобри за дружење. Не го замарале и сл.
3. Во неговата глава се случуваат многу нешта поради кои ако се одлучам да
ви зборувам, оваа книга ќе биде забранета за лица под 18г. Тоа значи дека
има потентна желба за секс на секои 2-5 мин. плус еден куп порнотеки во
различни департменти во мозокот дури и во тие кои се наменети за практични
работи како чуството за телесна координација, спретност, рационално
планирање на животот и т.н. Затоа при нормалното одење прави осмици, крши
предмети од домаќинството, се има избламирано пред млади марсовки
милијарда пати, воопшто не се грижи за иднината на неговиот млад живот ,
не прави едноставни проекции за иден развој како на пример образование,
работа и сл. Нашиот Бру Сли планира за политеија, сопствена монархија,
богатства кои ќе му се поклонат без никаков повод и компромитирачка
обврска, на свој смешно конструктивен начин ја оправдува хомофобијата, а
го негира хороскопот, па да не зборувам за три плави марсовки
кои...кахххм!...
Значи се случуваат доста комплексни работи внатре. Не се во суштина
комплексни колку што нашиот херој има сила (сало) да ги прикаже како
аскетски, маченички, достоинствено-боемски наместо патетични и т.н.
Зборува по луеѓто за лавиринтите во својата глава како за места на рајот и
пеколот, ги плаши, но и ги смирува затоа што така сваќаат дека не мораат
да влегуваат во тие врати, дека се нормални, добро им оди, не се луди. Ха,
арно ама и тој не е... ама кој е акал ду му текни. Тој само сака да си
поигрува со неговите слабечки дезидеализирани малечки човечиња, да си ги
пумпа своите мускули и да пцуе по телекранот за неспособната марсовска
политичка елита, глупавите и преубави марсовки кои не го посакуваат
неговото тело, некреативните плагијаторски шоу емисии, прегазираното
Меридијанско пиво кое поскапува и останати работи потребни за нашите
секојдневни животарења.
Нормални за нас , но свесни ли сме дека така можеби ги убиваме или
создаваме нашите херои како Бру Сли. Можеби и двете, но сепак наша
должност и задоволство е да го посматраме овој совршен вид на човек кој се
гуши во септичката јама на секојдневието, проектира кошмари во себе и
потребен е за повисоките цели на марсовштината. Историјата ќе си покаже
тврдат оние истричарите, но ние социолозите сметаме дека иднината може да
се погледне денес, само и ако само се разбереме себеси, а јас сметам дека
нашиот Бру Сли е одличен примерок за согледување на се она што ќе им се
случува на земјаните по 120.000.000 години. Но исто така овој вид помага
да се разбереме ние марсовците денес, за тоа какви сме, какви сакаме и
какви ќе бидеме. Ако иднината ни лежи во рацете на Бру Сли врстата, нека
ни е со среќа.
Се има свој крај, во меѓувреме
мораме да се занимаваме себе си (Волтер)
Овој нелогичен и лошо осмислен краток расказ е посветен на сите млади луѓе
кои полудеа за време на својата втора декада од животот и како лек се
трудеа да бидат уметници, нерзабрани, чудни а сепак привлечни. Оваа лоша
фабула илустрира како тие луѓе евентуално успеваат да се излечат така што
оглупавуваат, убиват секаков идеал во себе и амбиција за промена на
светогледот на другите и било каква воља за општествена акција.
Прекинуваат да халуцинираат, да водат умноболни маратонски несоници секоја
вечер, да стваат 5 денари на пругата во 4.00 сабајле за да ги прегази
возот со 52 вагони јаглен од Солун..... болката прекина ама и
(ре)еволуцијата заедно со неа. Чудно, Крсте билдерот (информатичар кој
сега пиши сценарио за филм – – 2 fast 2 furious Macedonian Edition) на
крај испадна во право. Мускулот боли кога расте исто како и мозокот и vice
versa. Или во неколку странски збора кажано:
No pressure, no gain - No brain, no pain
Оваа фикција звана расказ е посветена
на мојата драга пријателка Маријана Мултиверзум
е:еден топол
летен ден во Аеродром
сеќавања од детството
Уште како малечок и се восхитував на
хемијата. Дедо ми беше џандар и често тврдеше дека со добар ќотек се
смирува адреналинот на човечкото тело и се губат мислите за поткопување на
нашето прекрасно социјалистчко општество. А Баба ми велеше се се може со
добро брашно. Не ми беше јасно дали да тепам или да месам, но тоа подоцна
ми се разјасни кога прв пат мастурбирав на 7 години. Така шетав наоколу
вршејќи анкета по стариве за тоа како да станам Супермен, но сите го
сведува разговорот на „ај иди у пичку материн, имам работа“. Конечно ме
ислуша комшијата Перица-Верверица (така го викаа бидејќи произведуваше
чудно високотонско смеење кога ќе се напушеше). Му верував него, махер
беше за труење мачки и кучиња.
- Мали ако сакаш да се издрогираш дојди у вторник, сеа немам.
- Ама јас сакам да сум Супермен навистина.
- Кулирај, ќе леташ као шофер од МТВ без плава книшка. Само не и кажуј на
сестра ти ќе морализира и нема да ми дава.
- Што да ти дава Перица?
- Пичка глуп! Брее ништо не знаеш. Ќе те средам јас тебе, зошто ми си
комшивче. Дојди у вторник и сеа ај иди у пичку материн, имам работа!
- ААААААААААААААААААА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Сакам да сум бе
Супермен сега!!!!!!!!! Шо ме лажиш. И за нинтендото ми викаш дојди у
вторник, па Тетка Летка ми кажуе се губиш у соба , не сум смеел да влевам.
АЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈјј!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Перицааааааа!!!!!
- Еј види го лузеров. Шо си запнал ти да стануеш Супермен а? Ми ги отече
двете суперсофија, ебате!
- Сакам да сум Супермен за да се качам на планетата Вевчани каде живеат
луѓе кои никој не им кажал дека ние постоиме. Таму ќе ја спасам Принцезата
Босилка. И, и………
- И прекини ебате инфантилното. Кој ти полнел вакво срање ?
- На телевизија…
- Нема шо на телевизија, прекини. Коа ти станал толку за летање сеа ќе
видиш….
Копаше Перица-Верверица по гепек и извади црвен термос боја. Ми кажа да се
напијам од ултра зелената - гомно боја течност од чашката. Се напив и
чекав да ми никне плав костим и црвена наметка. Перица се смееше и кажа
дека еликсирот сам го правел.
Чудно ми се чинеше дека ќе пораснам или слично. Само ми се слоши и се
исповратив. Перица ме скрши од ќутек оти тоа било скапо и тешко се
правело. Ме шамареше ме клоцаше, ме пикна во гепек и ме заклучи. Плачев
цела вечер у тој смрден ебен гепек. Мислев само на една работа. Како да му
вратам на Перица-Верверица за услугата.
Сабајлето ме отклучи тој со сестра ми заедно. Цеца му удри два шамари и ме
собра дома.
Толку беше тој ден, но осветата беше моја наредниот.
Зедов само неколку работи од по дома и почнав да правам алхемија.
Лепонексот на мама, Влуксатинот на тато, Лорамот на дедо, Олигојакот на
цеца, малку сулфурна за во ВЦ и украдив густи од кај баба (мислам дека
беше од киви и личеше на пијалокот на Перица). Ги измешав и отидов до кај
тетка Летка да и кажам дека во гепекот на пезето Перица ме остава да си ја
чувам топката. Ми даде клуч и ми кажа да отворам сам бидејќи Перо лежи
коматизиран во соба. Вторник беше.
Му ја ставив течноста во термосот а тој неговиот Абсинт му го истурив во
шахта.
Беше тоа топло лето у Аеродром. Сите ќе го паметиме тој вторник кога
Перица скокна од 8-ми и се уби. Така и се прочу таа зграда на самоубици.
Хмм. Што сум јас крив што и Перица сакаше да биде супермен?
П.С. Авторот не живеел ниту еден
ден во Скопската населба Аеродром,
всушност тој живее во Битола и
воопшто не е љубител на носталгичните
песни за Скопје пред 1980-та
(н.п. тие на Владо Јаневски).
ф:фрч Ковски -
македонскиот Хауард Штрн
Ова не е обичен текст, ова е трибјут
ту Љубо Мире Фрч Ковски. Нашиот екол нормал супериор, човекот за кој сите
се прашуваме како ги обавува секојдневните нормални моторни функции во
своето тело на згоден смртник , кога има енормно голем и комплексен
неокортекс незамислив за наши интелектуални стандарди и џидипи. И јас се
чудев па почнав да ги интервјуирам неговите студенти кои евидентно
подложни на неговиот гениј, вуду скрупули и принципи кажуваа само едно
“цар е човекот, закон устав...”. Но јас скептички почнав да ги читам
неговите книги во потрага по остатоци од плацентата на неговите
интелектуални трудови кои се наводен Титиов Врв за другиве
ФИРОМ-интелектуалци.
Најпрво ја анализирав “Теории за демократијата” - 1992. Тука актуелните
процеси на експериментална европеизација, губење на суверенитетот на
нациите, новите политички системи кои ќе завладеат кај нас во наредните 12
години и т.н. речиси и да ги насетив, но за чудо имаше се освен
Фрчковштина (доминираат преводи наместо сопствени размисли од асистентски
карактер, бидејќи така е со поише шмек). А копав и по Фрч-Ковсковото хоби
со византизмот ама ме удри фобија на Тупур Ковштина и комплексите на моето
работничко потекло, па не се осудив да критикувам аристократско коса црта
фрамасонско хоби како она на Фрчковци. За нас варварите си е Веро, Тедико
и зелено пазарче карши градска.
Значи утка пак. Наредно поле за истражување на македонското НЛО наречено
ЉДФ е во неговите испади по ТВ медиумите. Читав, гледав и слушав што прави
нашиот Хауард Штрн и се почуствував како антропологот Бронислав Малиновски
познат по неговите набљудувања на поглавицата во џунглите на Полинезија.
Се беше ОК, ЉДФ (скапо и екцентрично облекол наочара со црвена рамка) не
само што се снаоѓаше со својот маркантен и припрост цинизам, туку и
доминираше во секое гостување по емисиите за култура, економија и
политика. Техниката е во “молчи кога другиот разговара” така подоцнежното
уфрлување на опонентот во твојата дискусија го прави нецивилизиран сељак,
“кога ти е редот објективно критикувај” потоа “вметни го поимот морон(и)
за лица кои не се присутни во емисијата” за да не можат да реплицираат и
секогаш “смешкај се” како фацијална симболизација на постоечкиот презир и
омаловажување што го имаш кон останатите. Но во медиумите тој е заштитена
загрозена врста, а изговорот за тоа е дека едноставно од тој човек блика
позитивен садо-еротски набој и за неговите испади да се зборува без
цензура е да се зборува за некој врвен француски коњак без бандерола.
Треба да се стимулира расплодувањето на таа врста на интелектуалци што е
можно повеќе макар и со Ин Витро оплодување на клиниката Јустинијан Први.
Моите антрополошки студии врз приматот Фрчкус Интелектуалис продолжија со
анализа на основниот фактор на сустејнабилити на секој интелектуалец
(забелешка: бил џандар во 90-тите), а тоа се колумните во македонскиот “д
Тајмс” т.е. Дневник, каде редовно се прави интелектуална онанија. Повторно
главна одлика на неговите испади во медиумите не се мудри мисли и
стратешка политколошка или социолошка анализа на глобалните и националните
социо-економски и политички состојби. Наместо тоа се запознав одблизу со
тоа што значи да се прави аналогија помеѓу Анимал Планет и Дискавери Ченл
во однос на македонската дневна политика. Увидов дека единствено нешто што
Фрч Ковски може Ностра-Дамусовски да го предвиди како иднина е тоа што го
гледал синоќа на кабловска. Банџи џампинг или царството на мравките е
нешто што Фрч го смета како одличен интелектуален инструмент за
дескрипција на македонската реалност, но не ми е јасно дали и тој како
мене - обичен цивил, го пие секојдневно менхетен коктелов сотавен од
бучкуруш терминологијата ФИРОМ, Бране Вокер, Лоренс Бучковски, Хари
Корпорејшн, Трифун Св. Индастријл, Свето М-шеска, фалусен калибар 9см...
А јас сеуште очекувам да видам во колумните на интелектуалецов Фрч нешто
за експериментот со консоцијалната демократија во Македонија, новата
стратегија на македонските полиси мејкери за афирматив екшн за етникумите
во пакет со децентрализацијата, што значи Македонија во Републиканското
лоби, што значи двојната формула за името за Македонија која е сеуште
обединета во правните регулативи на Старателскиот Совет при
ОН..........зошто сум и уште една добра аргументација зошто да останам
Македонец.
Искрено не ме интересираат мијачки сељачизми за тоа како еден македонски
елитист може да се претстави како бишче пред пишкање. Би прашал некој друг
фрамасон (бог да ни го прости Плевнеш), но за жал во ФИРОМ вие г-дин ЉДФ
сте можеби единствен кој може да ми помогне. Во потрага по овие одговори и
ви го пишувам овој трибјут. Доста ви беше асистентство, жандарство, тепање
и баратање на екс-ЈУ термини, а никако не сакам да ви ги слушам мијачките
племенски обичаи. Ве молам соземете се веќе еднаш поѓаволите, Љубо Мире!