т:темплум |
август/септември
а:американска ноќ на Џејмс Знам, Џејмс, не требаше да пијам толку. Магаре се направив таа вечер. Не е убаво да ги навредувам магарињата. Им се извинувам на сите магариња на светот. Дај, ова и не е толку глупаво да го каже човек откако ќе слушне што направив таа ноќ. Знаеш како е, прва плата, и останатото... Ќе сипеш уште една или да си одам? Ама дај не биди безобразен. Колку пари ти оставив таа вечер? Цела плата, човеку, цела плата. Ако не беа другарите дури и должен ќе ти останев... Што ме гледаш така? Без гајле, ќе ја допијам оваа и ќе си одам. Дома ќе одам, како каде? Па што ако е доцна? Што, немам ли право да си одам дома кога сакам, макар и да е 3 наутро? Па моја куќа, мој дом е тоа... Мое е тоа. Разбираш, мое! И немој да ме провоцираш, не сакам кога се нервирам. Па што ако ме чекаат дома? Нека чекаат, има и кого да чекаат... Работа, еј, работа имам! Плата земам, знаеш ли ти што значи тоа да земеш плата после четири години чекање? Не знаеш,а? Ма кој те ебе... Стави уште една и немој да ми мрчиш многу, знаеш дека кога ќе се налутам можам секакви глупости да направам. Да, баш како таа ноќ. Па што ако сум малку поднапиен! Можам да се контролирам. Можев и таа вечер да не се запијам толку... Ама пусти мерак, знаеш како е... Прва плата после толку работа... Скапав додека да ја земам... Многу работа се натрупа, а сите те дупат зашто си нов... Дојди ваму, оди таму, донеси ова, донеси она, кажу му на оној дека... Скапав, знаеш што значи да скапеш од работа месец дена? Не знаеш, а? Да ти ја ебам работата што ја имаш. Никогаш нема да дознаеш како е да работиш машка работа, а не ова твоево, пешкирче, крпа, повелете... А бе ти да не носиш мини под тоа престилката, дај да те видам, заврти се, опааа, да беше женско сега ќе те частев пијачка и две ѕвезди ќе ти симнев, не дека не си згоден, ама машко си. Ај, може после ќе се видиме кога ќе завршиш. Ако не се направам магаре дотогаш. Дааааа, баш како таа ноќ. Будало една, не ми ја споменувај, нели гледаш дека сакам да ја заборавам. Добро бе Џејмс, да му ебам мајката, кај баш сега најде да ми ја спомнеш таа ноќ, нели гледаш дека убаво ни тргна муабетов? Каков си ти... Ах, да беше женско... Немој да се смееш, да не ти ја удрам една по тоа муцката... Ќе видиш после дали некој ќе ти дојде во оваа дупка. Па штрбав ќе останеш... Никој не сака штрбави бармени. Освен оние перверзните, со малку повеќе имагинација, хе, хе... Да имаше и едно стаклено око, па да можеш да пееш во исто време....Ха, ха, ха..... Ајде, не лути се толку... Сипи. Знаеш дека не ти мислам ништо лошо. Не сум од оние што кога ќе се опијат забегуваат. Добро бе, ти реков да не ми ја споменуваш таа ноќ, ти реков ли? Тоа беше само таа ноќ и нема да се повтори. Јасно? Пу, да ти се плукнам во тоа устата, ах, што не беше женско... Ма нема врска, ќе завршиш работа, а? За колку? Не си нормален! За толку пари јас ќе... Ма не, ти само се шегуваш... А и јас се шегувам. Да видам навистина ли носиш мини под тоа престилката... Абе и не си толку влакнест по тоа рацете... Дај да видам... Види, види, ти се депилираш!? Ауф колку си нежна!!! Хе, хе, хе... Мазно, мазно... што убаво за галење... Сакаш да се галиш? И јас многу сакам. Дома кога ќе си дојдам прво се галам со онаа мојата, а потоа дури вечерам. Што децата? Во кревет се. Режим е тоа, цврста рака. Ако не послушаат... Исто е и за неа... Ако не послуша... Хе хе хе... Ајде сипи уште една. Само уште една, те молам, знаеш како молам јас, нели? Стоко една, ти реков сто пати да не ми ја споменуваш таа ноќ. Еј, само ако пружам рака, ќе ти го свиткам тоа вратчето убаво. Е убаво е де, убаво, па што. Не, чисто онака велам. А бе не, ти кажав дека само се шегувам. А и убави очи имаш... Кога сум ти го кажал ова? Не е можно. Каде? Овде !? Кога бе? Таа ноќ!? Не е можно! Како да не се сеќавам на тоа? Јас на тебе!? Тоа сум ти го рекол!? И што уште? Ха, ха, ха!!! Е, сега излажа. Да, да, излажа. Никогаш не сум ни помислил такво нешто, а камо ли да го кажам. Што ти е тебе? Па, нормален ли си што зборуваш? Па знаеш дека имам жена и две деца! Што? И сум го направил тоа?! Со кого? Со тебе?! Е сега ќе видиш, курво една! Дојди ваму, не ме терај да трчам по тебе, не трчам по машки, го знаеш тоа многу добро! А-ха, и сега? Што правиме сега? Знаеш дека муштеријата е секогаш во право. Сипи уште една. А бе, сипи или ќе те згазам. па што ако нема жива душа веќе 2 часа. Ти ќе ми кажеш кога да си одам дома. Си-пи. Си-пи или готов си. И кажи ми уште што било таа ноќ. Сме се качиле во твојот автомобил и каде сме биле? Кај тебе? Што сме правеле кај тебе дома, клошару еден? А бе не си нормален кога ти велам, што сакаш да кажеш со тоа? Тоа сум го зборувал?! Два часа?! Со тебе?! Најубаво во животот?! Леле, не си нормален! Доста лажеш, бре стоко една. Ме начека сега магаре пијан и ќе ми враќаш што сум те зафркавал... И што уште сме правеле? Кажи, кажи, излажи... За таа ноќ се сеќавам сî што сум правел, само на лицето не можам да се сетам. Ти беше тоа? Сипи дупло. Стави, да се соземам. Сега ми текнува зошто ја споменуваш таа ноќ. Колку сум глупав. Не сум толку пијан колку што ти изгледа. И ти беше тоа? И? Знаеш, отсекогаш сум бил несигурен во врска со ова. Ама, неее... Не, никогаш не бил стравот во прашање, можеби наречи го тоа ризик или како сакаш. Што после? Што ако откријам и некој друг лик во себе, таков за какви што сум читал само во книгите што ги продаваа под тезга пред многу години, што после? Нов живот, што ли друго? Нема нов живот. А и да има, доцна е веќе за нешто ново. Жената и децата остави ги. Тие можат и самите да се снајдат. Што е со мене? Каде ќе бидам? Што ќе бидам? Каков ќе бидам, што е уште поважно? Ми требаа четириесет години да сфатам некои работи за себе, ќе поминат уште четириесет за да дознаам дали сум бил во право... Да ти се сневиди... Кај се запив сега? Магаре се направив. Баш како и таа ноќ. Да, токму како таа ноќ. Добро беше? Знаев... Време е да си одам. Магаре се направив. Со автомобилот си? И? Баш како и таа ноќ. Добро де, добро. Нема тоа да го правам. Ајде, побрзај. Ајде... |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |