т:темплум  

 

август/септември
е:
еленов глигор


г:години: 32
п:професија/интереси: Multitasking person
д:досега објавено: сè е објавено на мојот PC
н:нешто за себе: Multitasking person
gelenov@mt.net.mk

 

д:досие Балкан#1*

....Седеше сам во просторијата во глувата ноќ. Три часот наутро. Глувото доба веќе беше поминало но не и за него. Одвреме навреме металнaта влезна порта го нарушуваше мрачниот спокој, со силни удари предизвикани од ветерот. Седеше и размислуваше, што понатака. Пред него стоеше еден куп од стари делумно пожолтени листови, безвредна хартија. Хартија која е сведок на едно време, еден настан, едно минато. Одамна минатото за него преставуваше вистинска фикција, реалност, сегашност. Никогаш не можеше да осознае каде моментално се наоѓа во која димензија. За иднината не сакаше ниту да размислува, секојпат ја поврзуваше со илузијата и виртуелноста. Сам, и старите листови хартија пред него, единствени сведоци на неговото минато и на неговите предци.

Убеден беше дека ако го разоткрие минатото дека нешто ќе ја помести топката, дека тркалото ќе почне да се тркала во посакуваната насока и покрај тоа што немаше јасна престава која е таа. Сакаше да заокружи една етапа од својот живот токму со тие листови кои седеа пред него. Тие стари, пожолтени, слепени листови кои можеби за многумина беа безвредно купиште на хартија но за него беа вистинско откривение.

Ни најмалку не претпоставуваше дека толку тешко ќе биде да го направи првиот потег, да го сврти лицето на првиот лист и да почне да чита. Каква само леснотија преставуваше за него читањето, беше страшен љубител за книги, но ова беше нешто сосема поинаку ова беше книга на неговото минато, така барем тој сметаше.

Седеше здрвен, во полутемната просторија тој и купиштата хартии пред него. Не, не беше замислен, неговите мисли не се враќаа на минатите настани кои го доведоа пред овие хартиишта, едноставно беше исклучен од моментот едноставно не беше свесен за своето постоење, едноставно беше негде мисловно надвор, надвор, далеку, некаде каде никој претходно не бил. Загледан во купот хартии, беше една перфектна здрвена скулптура. Набљудуван однадвор личеше на некаков воркохолик кој ја изгубил енергијата за работа и отпливал со мислите во некаква хинду медитација. Премногу беше уморен, дури и за да се препушти на своите размислувања и многупати практикуваните медитации кои му даваа мир и спокојство на телото и душата. Уморот го замрзна, тој беше еден замрзнат човек во моментот, во димензијата на сегашноста.

Колку само се бореше да дојде до тоа досие, до тие избледено пожолтени хартиишта, а сега ете тука е пред нив, откако чуварот на архивот му ја отвори оваа соба и го остави сам да ги прелиста овие купишта хартија. Којзнае што мислеше тој полузаспан чувар за него. Сигурно стопати во себе го преколнуваше зошто му ја расипува ноќната идила која треба само да ја преспие. Но за него не постоеше ден и ноќ за него постоеше желба да дојде до вистината на своето минато до вистинаата за своето постоење. Тоа беше неговата желба, неговата визија, неговата замисла. Просто ја дишеше вистината, така искривена на овие простори во различни димензионални времиња на опстојување.

За него вистината беше единствениот двигател на нештата, таа беше неговиот патоказ, таа ги продуцираше неговите потреби, таа го креираше неговиот постојан нагон. Вистината беше рефлектирана во неговите мисли како нешто кон што мора секоја единка да се стреми, тоа беше нешто возвишено за него нешто свето. Ако го прашаа во што верува неговиот одговор беше речиси секогаш, вистината. Вистината постоела и пред да постои човекот. Убеден беше во тоа. Дури и во примитивноста на своето постоење човекот знаел да ја распознае знаел да ја негува. Дури и појавата на разните религии и божествени верувања за него преставуваше фаворизирање на идејата за правичноста и вистината. Впрочем сметаше дека затоа и беа создадени од човекот. Нему не му требаше некој авторизиран семоќен тутор, кој ќе му ја проповеда вистината. Тоа беше сосема непотребно за него. “Не ми треба никој за да бидам едно сосема нормално, морално и правично суштество” – најчесто велеше кога ќе западнеше во некаква дискусија не по своја воља за божеството и божествата, за верата и вербата, за религијата и религиите, за вистината и вистините.



 

д:досие Балкан#2*

Сега ете исправен пред вистината за првпат се двоумеше дали да ја разоткрие. Дали? А толку многу ја посакуваше се до моментот додека не му се покажа пред него. Одеднаш силно се издиша и неговите мисли се вратија на своето место. Повторно беше фиксиран на старите пожолтени хартии, на купот листови кои стоеја пред него. Не, тој не беше исплашен од вистината, ни најмалку не стравуваше од неа. Неговата загриженост растеше со помислата кога ќе треба да ја сподели вистината со своите блиски, што ќе предизвика таа кај нив, како тие ќе се справат со неа. Себеси се сметаше за силен карактер и речиси секогаш ги предвидуваше своите реакции но истото тоа не можеше да го каже за другите, секогаш ги гледаше како послаби од себе, немоќни, кои не можат да предвидат ни дали ветерот ќе донесе дожд или сонце а што станува за состојбата да ги предвидат своите емоцијални постапки.
Најголемата дилема беше дали вистината да излезе од оваа просторија или не. Зошто знаеше дека не може никогаш да ја зачува за себе. Вистината по природата на нештата не можеше и не смееше никојпат да биде чувана за себе. Таа треба да патува, од човек до човек таа треба да пристигнува од врата до врата, таа треба да биде присутна насекаде. Таа треба да биде пример и поука, таа треба да биде тоа што ниту едно нешто друго не може да биде. Па како тогаш да ја зачува за себе. Не, тоа не може да го направи, никако, по никоја цена.
Повторно силна возишка и повторно со мислите врз купот од хартии. А колку само се бореше да дојде до овој момент колку само го посакуваше. Се преселија мислите во неговите сеќавања. Како да беа некаде складирани и одеднаш се појавија пред него. Се сети на своите најрани, години како средношколец, на почетокот на деведесетите. Како ли само замав земаше тогаш неговиот живот, каков ли само оптимизам и еуфорија го зафаќаа и при една најмала помисла за да се дојде до вистината.



... И додека го обземаа вакви мисли одеднаш без и најмала најава, никакво куртоазно тропање, без никакво предупредување, се отвори вратата и се појави прво едно маслосано мешиште, а потоа лицето на мрзоволниот чувар кои во манир на уличен простак праша до кога мисли да дреме тука и до кога има намера да блее и зјапа во тој куп од хартија. Одговорот дека има уште многу да чита и да бележи и ројот од лигави, покорни молби, за уште малку време го одвратија чуварот со големо мешиште од намерата да го избрка од таму. Ја затвори чуварот, авет од минатото, вратата и се врати таму, во своето минато од другата страна на вратата, сегашноста беше тука во таа просторија со него и со никој друг, тој и старите пожолтени листови расфрлени на масата. “Чудно”- си велеше “после толку време, како изразувањето на подреденост со молби од најлигав тип вродуваат со успех.” Народот тоа го викаше – “убав збор златни врати отвара”. Но тој не кажа никаков убав збор, тој само понизно го замоли аветот излезен од минатото ако може уште малку да го остави сам со овие купишта хартии. Понизно го молеше и покрај тоа што сакаше да биде груб и вулгарен со него.

Одеднаш ладниот и замислен лик исцртан на неговото лице се промени со едно забрефтано црвенило и наоштрен поглед. Беше љут на самиот себе, беше љут на својата постапка, беше љут на својот карактер. И тој беше еден од таа безлична амебовидна маса која се покорува и се подредува и кога треба и кога не треба. Одеднаш се замразе самиот себе зошто декадите на полтронско живеење оставиле траг и врз неговото однесување. Го немаше веќе немирниот дух на момчето од прашката пролет. Што беше тоа што го натера да реагира така, зошто едноставно не му возврати на дебелиот чувар исто онака како што тој настапи, со ист тон и со иста мера, па ако тој употребува груби и вулгарни зборови и тој да го направи истото, ако тој тропа кога ја отвора вратата, тој да ја тресне силно кога ја затвора. Зошто не го направи тоа.
Зошто е тоа така? Инстиктивно, стихијно, вродено, нагонско реагирање со подреденост и понизност. Имаше ли и во неговите гени некаква деформација, малформација. Неговиот татко не беше таков, неговиот дедо уште помалку впрочем затоа и се овие купишта хартија пред него, зтоа што тој пркосел и кога требало и кога не требало. А тој сега, вистински маж на почетокот од триесетите години од својот живот нема сила да му биде пркосен на еден дебел прљав, маслосан, мешлест, раздрснат чувар, дојден од некое старо минато време во едно сега веќе ново време...
 

* Извадци од новела со истоимен работен наслов.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




























































































































































 

  д:дома