т:темплум  

 

август/септември
е:
ефремова инес


 

и:идеја

Будењето и овојпат му е пропратено со горчлив вкус во сувата усна шуплина. Сака да продолжи да спие, но полниот мочен меур не му дозволува.
Мирисот на неговата урина го потсетува на вчерашното ексцесно консумирање алкохол. Процесот на туширање му изгледа премногу напорен, па се задоволува со миење на лицето.
Додека се облекува, го чувствува прекорот на празното бело платно кое се наоѓа позади него. Со цел да ја избегне немата осуда, го зема малиот блок за цртање заедно со неколкуте парчиња јаглен и набрзина излегува од станот.
Седнува на своето вообичаено место во кафетеријата и започнува со доручекот, кој се состои од шолја кафе и анти-ацид таблети. Желудечните киселини веќе подолго време не му дозволуваат да консумира цврста храна до доцна во денот.
Пали цигара и помеѓу неколкуте дима забележува старец со длабоки бразди на лицето и пожолтени седи мустаќи, којшто седи на масата лево од неговата. Ја наоѓа физиономијата на старецот предизвикувачка за портретирање, но по само неколку потези со јагленот, целиот негов елан за цртање се губи, исто како малите облаци дим од цигарата.

Минатата ноќ со огромна страст дискутираше за уметноста со своите пријатели... Беше смртно вљубен во уметничката креација... А, денес, ни најмала трага од тоа екстатично чувство.
Интересно, секогаш повеќе го возбудуваше помислата за можното дело, отколку самиот чин на создавање.

Па, и без свесна намера, започнува да го прави она што најдобро умее...
Човек... Стареење... Процес... Праволиниски (а можеби и цикличен)... Каде е крајната вистина?... Во мислата или претставата? Која од нив ја крие во себе суштината?
Бран на желудечна киселина му го прекинува текот на мислите. Наеднаш почнува да чувствува срам поради нив, па ги изгонува од својата главата, онака како што би избркал здодевна мува.

Ех, да можеше некој да му дошепне во тој миг дека еден негов сограѓанин ќе истрае во своите размисли, скоро идентични на неговите. Иако и двајцата понесени од сличен мотив, овој вториот ќе успее, после пар години од оној ден во кафетеријата, да разбуди воодушевување со своите идеи, кои сеуште не бледнеат (оправдано или не).

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





















 

  д:дома