т:темплум  

 

август/септември
b
:
bushy meat


bushymeat@yahoo.com



 

и:изгубена месечина

После напорната работа на Ставре Турило му фифна фитиљот и му дојде толку природно да ја јавне Коцка Докурческа што ниту ја праша дали е во ред ако ја засука на првото ќоше. Раката на срце, и на Коцето не ù пречеше напрчената машкост на Ставрета; малку груб ама Ставре Турило умееше да ја распали, посебно кога без многу завиткување ќе ù го потпикнеше отпозади додека таа, онака наведната, уште го чистеше подот. Овојпат Ставре навали како настрвен пес, не знаеше колку е доста; Коцка мораше здраво да го потегне за омрсениот патлак колку да го потсети дека време е да опали. По направениот лезет, Коцка се забриша и излезе да фати малку чист воздух, да мочне на рамниот покрив од еден висок магацин за залутан багаж во близина на аеродромот во Лос Анџелес. За неа глетката на безбројните светилки во ноќта и светлините на Холивуд во далечината беше школски пример за романтика, полната месечина беше екстра.
Ставре, ја по кој знај којпат премногу су се восхитвала ко ќе су ја кренела глата и су се опулела угоре у скајоф, рече Коцка Докурческа зјапајќи во ѕвезденото небо.
Ставре Турило ја прекина идилата со еден подебел прдеж, потоа го затресе и си го прибра позамашното мочало. Уше ќе ја цедиш дунда твоја, ù рече на Коцка Докурческа. Ај си ојме дома.
Какво одење, се зачуди таа, допрва работа не чекат. Шо напрај ти со смукалката, го осмука сијот рабиш, почисти све ко шо ти рекоф?
Дарлинг, све напрајф ко шо ми кажа, поминаф сегде.
Орајт, тогај исчисти ја смукалката и да потсуредиме уше малку пред да си ојме.
Клин је, да ја мочам, шо и фалит, Ставре, ù ја покажа правосмукалката во близина.
Како можит да је клин, толку рабиш имаше за собирање, вреќицата сигурно је максимално преполнета, му рече Коцка Докурческа.
Бамуја, преполнета, от кај знам ја тије рабоќе, рече Ставре.
А бе ти ко смукалка у живот да не си фатил, Коцка не можеше да поверува кога виде дека вреќичката беше навистина празна. Тогаш се сети дека додека Ставре го чистеше подот не ја слушна вообичаената бучава од правосмукалката. Море абдалу прос, го прицна ова палено дугме, Коцка му се тутна на Ставре Турило.
Тој ги крена рамениците: еда, ја то фаќен дугме не знајф за шо служи, ù рече, едно време сакаф да те прашам али заборајф, жими мајка.
Да заборајш турилото кај да го клајш, му се развика Коцка Докурческа. Цело време си смукал у празно. Утре босот ко ќе извршит испекција има да не испратит у трета мајчина. Кај те најдоф вакоф, кај се запустиф.
Коце мори, од фаќен смукалки и компјутори ич не се разбирвам, Ставре Турило се бранеше. Ја су да ми дајш нешо да напрчам или кренам, да пренесвам од едно место на друго или да се налапам, ме разбирваш шо сакам да кажам. За то никој не ми је равен.
Коцка налутено преврте со очите, искреше. Виде-невиде, ја нарами тешката правосмукалка, реши сама да исчисти. За ништо не ти делиле, ревеше. Оди барем исфрли ги оније паќетиштана у контејнер. Квик, му заповеда на подзинатиот Ставре. Ако се влечиш вака ќе не разденит, работата ќе останит несфршена и рабишот несобран. Босот двајцата ќе не исфрлит на улица.
Орајт, промрморе Ставре Турило и ударнички им се нафрли на пакетите, парче ги стори. Бамуја, папсав ама завршиф биг џоб, рече на крајот бришејќи си го испотеното чело.
Шо ти је то у рака, Коцка Докурческа, го праша испитувачки.
Ова, ја не знам, испадна од еден од паќетите, полни се со вакви фаќен касети, рече Ставре Турило.
Коцка Докурческа ја зеде касетата и ја разгледа: строго, од поблиску.
Ставре Турило тогаш се плесна в чело. Ебате глупиот, си рече на глас. Ич не ми текна, а бе овије можит сите се фаќен порниќи!
Ова ми се пулит ногу замрсено, претпазлива беше Коцка Докурческа.
Колку позамрсено толку поубо за гледање, таквите порниќи се најслатки, на Ставре Турило му се разгоре фантазијата, од контејнерот одбра уште две-три позачувани касети; задоволно ги триеше рацете, едвај чекаше да се вратат дома.

Кога се прибраа во трошното станче на периферијата на Лос Анѓелес, Ставре уште од врата се стрчна кон видеото. Коцка, папсана од работа имаше сила само да се одвлечка в кујна, да приготви појадок. Од таму набрзо го слушна Ставрета како негодува: фаќен америќен бизнис, викаше видно разочаран од содржината на касетите, на крајот отиде да се истушира, зад себе силно ја тресна вратата. Следуваше момент на тишина, тогаш Коцка слушна нешто што ù се чинеше од некаде познато: ова е еден мал чекор за човекот, гигантски скок за човештвото..., рече гласот од видео снимката. На екранот имаше космонаут. Коцка се довлечка од кујната и седна спроти видеото; содржината на снимката ù го привлече вниманието, но само за кратко бидејќи уморот цврсто ù ги затвори очите. Ставре Турило ја најде како хрчи стуткана на каучот. Ја покри заспаната Коцка Докурческа и ги исфрли касетите; ти се мочам у фаќен америќен бизнис, рече треснувајќи ги на дното од кантата за ѓубре. Потоа отиде в кујна да се најаде. Мљацкаше и прдуцкаше додека го читаше утринскиот весник.
Во весникот на насловна страна пишуваше за изгубените касети на НАСА: за безуспешната повеќемесечна потрага по неколкуте пакети со оригинален видео запис од првото спуштање на месечината. Ставре Турило ја отвори страницата за спорт.




 

в:волво Ректум

Радејце Пупеска, мори несто златна, да знајш оти ги добифме лутите пиперчиња шо ни ги прати по чојкот. Сите беја на број у најлончето завиткани, егзакли ко шо нî имаше информисано у писмото твоје. Фалати ногу на пажња и прими далечни поздраф от твоја Коцка Докурческа, от Лосанџелис, от хаусоф наш преубаф, кај шо сме у најубајот плејс задомени, опозит Холивут сме сега. От кај мене со камен ако фрла ќе му ја дупна глата на некој от глумциве: тука толку многу ги имат - плева је от селебритис.
Така да знајш, није овдеки у Лосанџелисоф еврибади сме ча-ча, ко на филмцко платно сме насмејни и океј сме, е па сега и вије таму пулете еврибади да сте ча-ча и така натака поарни. Радејце, ти знајш оти ја ич не приклава и благодарење на то ти си најверно информисана да от нашиве тука ја су најпојќе напрајна свецка и една врста права модерна женцка, посебно от ко заминафме у јабанава. Али овајпат ја сакам да ти пишвам збор-два за Митрејца Дуракоска, ја знајш жената, први другарки бефме и преубај песми пејфме трите на сретсело фатени. Мори душо, Митрејца сите овдеки ногу не почуди и потресе; мене посебно ногу ме погоди у душа и у најдлабоко расположење и ме депреса. Мори несто златна, ме депреса до суза у око. И самата знајш оти Митрејца ко Митрејца уше от време си леташе со умот. Јес, женичката си беше малку ку-ку у глата али пак не до толку. Прошлијо месец бефме да прошетаме у шопинк, да купујме нешо за јадење и за облеквање. Си ојме ко шо си ојме така секипат со Митрејца, подрака фатени, ко таја ни пет ни шес ме влечит да влезиме у еден шоп за мотори. Еда, шо чудо ù брчна у глата на женцкава, си вела ја. Мотори, мори несто златна, мотори. Али таја ич не му се мислит, туку одит право кај едно от моторишќата и му се пулит ко да ќе го купујт. Али ти го зел госпот паметот, Митрејце Дуракоска, ù вела ја. Ја трга за рака сместа да излегујт оттаму, квикли мори. Ај да беше помлада па да речиш, ами ти си у години, си ја турнала пејесетката, ù вела ја. Заврти се ваму, излегвај да си ги купујме нашите рабоќе, шо ќе ти је тебе мотор, будаличке. Таја ич не слушат, одма се фаќат за едно големо моторишќе - Волво Ректум ќе да се викаше пустинцкото. Кој чул кај вас за таква марка мори Радејце, кажи ми несто златна. Ќе си речиш ко вол у газот да ти го пикнал, со проштење, а не мотор да возиш. Ако купујш мотор тогај барем купи си Харли Дејвитцон, натемаго, то ти је праф мотор. Ами Митрејце не требит така: само да се трчат у први шоп и купуј го првото моторишќе шо ќе ти се вдајт, ù вела ја. Мори жено, не биди лесна у умот, требит најпрвин да го испиташ маркетот на мотори, да видиш шо се нудит, рисрч да напрајш, ами како. Али Митрејца наша се фати за Волво Ректум и не пуштат, ќе го купујт жената. Радејце, мори несто златна, ја не су знајла веќе шо да ù реча. Ù рекоф само: Митрејце Дуракоска, ако веќе толку ти је изветрејн умот тогај не купуј нишо изнад двестаипејесет кубици. За поголеми машиње ти требит возачко искусво. Ко ќе се качиш на таквото, нозете требит да ти фаќат на земја а не да ти се мафтат - демек моторот да ти је точен, егзакли по мерата. Таја ич нишо не ме слушат. Го слушат само плапотењето на продавачот - едно парфемисано итаљанцко маже беше; ù го сфрте умот на жената, ја маслоса до маслосвање: те вака ќе напрајме на кредит, те онака ќе ти попуштиме на исплата. Будала жена, ја гледа чудо ќе напрајт ќе го купит моторишќето, и го купи, несто златна - го купи!
Ами оти мори ги бупна париците ù го тријеф граот, туку да знајш оти после си го поткасаф јазикот. Радејце Пупеска, несто златна, си го поткасаф. Не би долго време: ден-два преку сила и еве ти го пак то мажето, продавачот - право петле ти било, руста мори, дојде да ја драјват Митрејца на моторот. Сето у кожа беше облечено, исто со сите џиџи-миџи пуфки напрајно ко онај пејачот шо беше ногу популарен, Елвис Прицли, мори. Таја после ми кажујше, двајцата качени на моторишќето се драјвале по Сансет булевар. Биле да се прошетат и по Беверли Хилц, Родејо драјф и по Санта Моника бичот се возеле и после голи тасма се капеле, ами како, ко улери мори несто златна; таја у купаќи костум ќе се прошлакала ама со Елвиса убо и се видело и скрос се тасмосале на зајдисонцето. Еднуш се живејт, Коцке Докурческа, после то секи ден ми се смејт Митрејца и пет пари не дават. Хеф фан, ми велит, мори несто, хеф фан. Таја уше ми кажујше то петлето ти било право мајсторче, не само за драјвање туку и за оније рабоќе шо не се за пишвање тука. А Митре нејзин, кутријот, скрос се беше простил со умот. Зидарска работичка си имаше; шо да је, вадеше некоја парица по скелиња вкачен, ама лани-лето падна от една вишина и му се измикса нешо у умот - сега те пулит ко да не те пулит. Греотица чојк. Грда судба го снајде. Митрејца от ко се качи на моторот ич не го фермат појќе: дење спијет, ноќе се возит со Елвиса Прицли. Арно ама то не мојше вечно да трајт - на крајот на Митрета му дојде матната пред очи: натемаго го натера да мавнит со сеќирата и да му ја поткинит глата на петлето, крвцата да му ја локнит. После и Митрејца ја бркаше низ куќи. Уше Волво Ректум ти фалеше кучке една, ù викаше и се смејше, завалијата, се смејше со сеќирата в раце. На згрешен чојк памет со нишо не му се мерит. И на Митрејца, кутрата, ќе ù ја скинел глата, туку таја ноќта брзо-брзо се вкачила на моторот и уште еднаш веќе никој не ја виде, трагата у ветрот ù се изгуби. Наши чојци кажват оти жената си летнала от карпа, други велат црна земја се отворила и сосе мотор ја лапнала.
Радејце, ја си мисла Митрејца еден ден можит да се појавит таму кај тебе. Пиши мори ако ја видиш, ич да не се бојш, то праф филм можит да се напрајт, за цел Холивут да му се чудит, ами како. Несто златна ја си верва у такви рабоќе; ете за Димчета, мојта прва љубоф, сите оттаму кажујфте оти си умрел а ја после го сретоф тука на улица и му прогориф на чојкот. Колку се израдва кога ме позна. Кај си бе Димче, му рекоф, тријестипет години не сме се виделе. Си напрајфме муабет за мерак, го канеф дома да ми дојдит на кофи, туку се брзаше некаде, ама рече пак ќе ми се јавит.
Еда, мори Радејце Пупеска, за сега толку имаф за пишвање и информисање, друкпат појќе. Ногу поздраф имаш от твоја Коцка Докурческа. Овајпат Ставре мој не те поздравујт, ене го затворен је у нужник, плачит оти му лутит газот, вчера се нагнети от пиперчињата, сакаше сите да ги изејт на едно седнуење. Будала чојк.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања









































































































































































































 

  д:дома