т:темплум |
август/септември
в:во деновите помеѓу Последни денови од сезоната
се деновите помеѓу. Во тие денови ти мораш да бидеш исклучително
внимателен, и пред да го поминеш мостот да се обѕрнеш од двете страни. Со
себе задолжително треба да се понесе водичот за распознавање на мртвите
удавени под мостот; во тие сијамски рефлексии во горчливо зеленикавата
вода секогаш се наоѓа некој кој некогаш си го познавал, некој за кој
мислиш дека сеуште го познаваш. Во тие денови треба да се биде навистина
внимателен. Од која страна дува ветрот, колку изнесува температурата и
влажноста на воздухот и уште некои други мошне битни параметри. Строго
треба да се одбегнува перцепцијата на одредена група растенија, дрвја,
извесен тип на облаци, извесен профил на животни.... Избегнувањето на таа
група на растенија, животни, па и луѓе, е еден вид на одбрамбен механизам
против силите на смртта кои се активни за време на деновите помеѓу.
Извесен поглед, на пример, на прегазена мачка, може да доведе до
дестабилизација на крвниот притисок, и да доведе до самоубиство во истиот
момент. Во оваа група на забранети животни се наоѓаат и раковите. Раковите
се опасни дури и кога не одат наназад. Ако видете рак кој оди два пати
наназад и три пати нанапред тоа значи дека вие сте потенцијален мртовец.
Смртта настапува непосредно по визуелниот контакт. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |