т:темплум  

 

август/септември
а:
анета анета


с:студент


 

о:оние кои не заминуваат

 *

Спијам…
Ме буди глас на некое чудно суштество: мало човеково тело со чудна испревртена глава. Тоа скока таму-ваму. Ми се смее и се подбива со мене. Што е ова? Почнува да ме плаши. Гледам – дома сум, а некако с# ми е чудно. Ова не е мојата соба, а иста е. Гледам, навистина до мене чудовиште…
Помош! Пооооооомоооош! - викам и бегам. Излегувам во ходникот. Таму до каминот седи средностар човек на околу пеесет години, со црно лице како да изгорел во некој пожар, а косата во спротивност од сето тоа, бела. Тој како да ме очекувал. По очите, ми се чини, како да сака да ми каже некоја негова голема тајна со која многу ќе ме повреди. Но, чека. Сака колку што може повеќе да ужива во моето наивно незнаење.
-Кој си ти? - му велам.
-Твојот ноќен кошмар!
-Кој?
-Ѓаволот!
-Татооооо!
Од некаде доаѓа тетин ми.
-Што бараш овде?-реков изненадено.
-Не е важно, дојдов да ти помогнам. Што викаш?
-Овој човек овде... ми вели дека е ѓаволот. А претходно имаше едно мало човече што лета... се преплашив. Те молам избркај го!
-Кој?
-Па овој овде! Не го гледаш?
-Овде нема никој, освен ти и јас.
Гледам, навистина го нема човекот од пред малку. Се чудам што ми е. Разледувам низ ходникот, навистина нема никој. Дома сум. Од каде ли дојде човекот пред малку, каде ли отиде? Не е важно. Го нема. Сврши кошмарот. Одеднаш нешто како да ме штрекна. Погледнувам во тетин ми и гледам како лицето наеднаш му се губи и се престорува во линии, а од тие линии потоа излегува ликот кој го мразам и кој неподносливо се смее. О, не...човекот што се престави како ѓаволот!
-Што сакаш? Бегај!
-Душата.
-Неееее...
Побегнав во собата мислејќи дека таму нема да ме фати. Се покрив со своето ќебе. Во срцето ми удираа громови. Се тресев од страв. Размислував што да правам, што ми се случува, каде сум? Човечето што леташе полека ми го откриваше лицето. Оф, колку одвратна насмевка. До мене почувствував нешто тврдо, (камиончето на сестра ми), и го треснав “леталото” со него. Се открив да видам што е, и беше - глава, пресечена глава, твојата. Не, си реков во себе. Тоа не може да биде, не, не...Ѓаволот влезе преку ѕидот, подбивно смејќи се.
Ја зедов главата и истрчав надвор. На местото каде што ти требаше да ме чекаш, немаше никој. Сама сум. Што е ова ? Клекнав на колена. Се молев. Господи, што ми се случува? Почнав да плачам. Зошто ? Што? Како? Кога ќе заврши? Каде си ти? Не си мртов, нели не си?
Одеднаш главата се престори во милион црви кои почнаа да ми ја гризаат раката. Аааа...!
Ги отварам очите: друго место. Каде ли сум сега? Си ја погледнувам раката. Нема ништо на неа ни црви, ни глава. Добро тоа го расчистив.
Го набљудувам местото. Пак ми е познато. Соба со три прозори, варосано зелено, кружна маса со три столови...Да дома сум! Се разбудив, ти благдарам господи.
Некој звони. Полека излегувам. Претпазливо, некој да не ме слушне. Ја отвовам вратата, полека, одам низ ходникот плашливо, се тресам. Ја отворам влезната врата. Сонцето веќе на средината на небото, ми ги заслепува очите. Те гледам тебе. Ова пред малку дефинитивно било кошмар и за среќа, завршил. Ти си жив. Ова било лош сон.
Те прегрнав. Многу бев среќна. Ти го погледнав вратот- немаше ништо, жив беше!
-Како си?-те прашав.
-Добро, ми рече. - Знаеш дека многу жалам за вчера. Ако ме мразиш, ќе сфатам. Веќе нема да ти се мешам. Имаш право да ме мразиш .
-Да те мразам?! Не, нема шанси! Никогаш!
-Чудна си ми некако, што ти се случило? Навистина не ме мразиш - ми рече.
-Не! Напротив. Многу ми е мило што те гледам. Нема никаде да одам. Не заминувам! И без тоа животот е премногу краток за да го поминам убивајќи надеж. Ќе останам дома. Извини што ти реков толку лоши работи. Бев лута, не знаев што зборував. Влези!
-Но кажи ми зошто си таква? Ми изгледаш како да си паднала од небо.
Влезе во мојата соба и го виде разместениот кревет.
-Леле, сум те разбудил! Знаеш колку викав и ѕвонев. Мислев не сакаш да ми зборуваш, а ти си спиела. Леле колку жалам ти го расипав сонот. Продолжи да спиеш, ќе си одам.
-Не, да не си се осмелил! Да не си мрднал од тука. Никогаш во животот нема веќе да спијам. Сакаш кафе?
-Не. Ајде да прошетаме надвор. Денот е прекрасен. Тетин рече да одиме кај него.
-Не, денес не одам никаде. Колку е прекрасно човек да си е дома.
-Еј, кога успеа да се промениш од корен. Тебе навистина нешто убаво ти се случило преку ноќ. Да не се заљуби?
-Не, нема шанси.
-Тогаш?
-Сонував...
-Принц на бел коњ?
-Па ... не баш, на црн… - и се изнасмеавме.
-Штом те гледам толку среќна, сигурно си сонувала нешто убаво.
-Аха, сигурно...

*


Така ти реков тогаш и така се случи с#. А ако ти тогаш не си бил тука, како што велиш, тогаш навистина не знам кој беше. Не било сон, но кој можеше да биде? Навистина, кои беа тие? Се појавија, ме преплашија и исчезнаа, како мојот живот да е обична лимена празна кутија. Тропни, удри, ритни, фрли и бегај. Кои беа тие? Ќе дознаам ли некогаш? Мора да си бил ти! Па јас те сакав…”
Вака мојот пациент број 19/4/6/8 ми раскажуваше што му се случило, а така раскажуваше и на секој што ќе го сретнеше на улица и што ќе му дозволеше да зборува. Но по некое време таа ќе почне да вика: -Помоош! Ѓаволот! Соговорникот ќе се исплаши и ќе избега или ќе ја убедува дека не е тој ѓаволот, но на крајот сепак, вака или онака ќе се откаже.
Мене ми ја донесоа нејзините, откако сфатиле дека девојката не изведува, не се преправа, туку навистина нешто не е во ред. За неа немаше спас.
Иако во животот им помогнав на многу мои пациенти, со најразлични проблеми, да се вратат (барем делумно) на правиот пат, сепак никогаш не си објаснив зошто токму тие мораше да бидат вовлечени во “лудоста” на животот. Случајноста, макар што не верувам во случајности, што сите наликуваа еден на друг, беше повеќе “необична сила” отколку обична случајност. Но јас не верувам ни во тоа. Никогаш не успеав да си објаснам. Сите беа физички, генетски, психички стабилни и здрави, живееја во добро ситуирани семејства, без предрасуди. Покажувале добри резултати на училиште, но по одреден преживеан момент, станале чудни, некои дури и опасни. А јас упорно сакав да го пронајдам тој момент, таму беше решението, без успех. Можеби тоа што им се случуваше на моите пациенти беше затоа што тие беа премногу екстровертни, добри луѓе. Или само на нив не успеав да им помогнам, затоа што не си помогнав ни себеси. Кога требаше да заминам, дојдоа тие, оние кои никогаш не ме напуштија. Оние кои откако ќе дојдат, не заминуваат.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



























































































































 

  д:дома