2007:јули/август
општ
конкурс
в:велјаноски горан
г:години:
21
e-mail:
hard6faced@yahoo.com
с:сепак нов ден
Сепак нов ден, уште
една доза утринско малтретирање, знаете она кога мајка ти иде во собата и
најпрвин нежно те довикува на име за да се разбудиш, како да има нешто
воопшто нежно во тоа- трагедија. Добро сепак тука има и нешто суштински
романтично - првин иде бакнежот а после го јаде муро до коска. И нормално
како по обичај што кај мене лично е и традиција, доаѓа она најомиленото -
еве уште малку. Ама пусто малку, уште неколку саати и сонцето ке зајде. И
после некој ќе рече, не сме биле романтични. И нормално сега сиот овој
романтизам за да ја достигне својата кулминација ке си направиме уште едно
тешко филмање со перницата- абе љубов што да ти кажам. Следната станица е
тоалетот - е таму веќе е целиот секс и анално и орално и нормално
најомилениот - хетеро стрејт. Е пуста шолја, закон работа немат што.
Турнеата продолжува во собата и се се случува како во некој паралелен
универзум, уште кревет и дремење над перницата - дежа ву на големо,
поголемо амин. Секако има нешто чудно, на кутијата која е крстена по име
телевизорко, се мотаат наоколу Том и Џери, си кршат глава како по обичај,
а во главата ти се мотаат сликите од вчерашната емисија за дечина мали над
осумнаесет години.
Појадокот може, но и не мора да биде на дневен ред, зависно како ќе
изгласа владата на цревата. После доаѓаат скалите, знаеш оние што водат
накај излезната или за кого како, влезната врата. Е после ова започнува
се....................... (нормално за кого
како).
в:виножито
Лежеа на креветот голи,
обидувајќи се да најдат смисла во нивната взаемна преданост. Таа благо ја
притискаше неговата дланка свртена со грбот на неговото лице. Бараше
причина. Не сакаше одговор, не повеќе, а тој се чувствуваше како одговор.
Старите би рекле само магаре одговара без прашање, но кој е тој да го
промени своето постоење и одеднаш да се престори во такво тажно и
навистина патетично животно. Не тој не се чувствуваше како магаре, тој
чувствуваше. Беше јаван до неодамна, но сепак не се чувствуваше како
магаре, барем не тогаш, т.е. не повеЌе. Се што знаеше е дека таа девојка,
тоа прекрасно суштество со бела кожа и продирни очи му го промена животот
засекогаш, а можеби само за момент. Но зарем некои моменти не не
прогонуваат цел живот, не следат, не отцепуваат од реалноста на сегаќното
постоење, ја одврзуваат црно белата вреќа во која одамна сме ја вовлекле
главата и по некоја случајност сега ние сме таа вреќа. Но бидејќи се се
случува со некоја причина, па оттука случајности не ни постојат. што
всушност се случило? Подоцна за тоа.
Не беше девојката она што му ја промена визијата за магаре на векот, тоа
беше нејзиниот мирис. Тоа беше нејзиниот вкус. Тоа беше неговиот стомак
кој не можеше да ја издржи нејзината прекрасна суштина. Со секој нејзин
здив на неговите усни, тој водеше битка. Се плашеше од самата помисла да и
ја помириса косата. Посакуваше да не мора да ја гледа вочи, не дека беше
приморан туку тоа најмногу го посакуваше, бидејќи тоа му раѓаше уште една
мисла, уште едно чувстсво- се чувствуваше сигурен, повторно веруваше. Тоа
го плашеше. Знаете, очите се најискреното нешто кое човекот го поседува.
Во очите е прогоната сета детска невиност, она истата која сите ние во
еден период од животот ја губиме, а тоа е оној момент кога Ќе го сториме
првиот грев. Не ме сваќајте погрешно, првиот грев нема некоја конкретна
форма, ниту пак правило во смисла на временска определеност и појава, туку
тоа е моментот кога свесно ќе го направиме она што знаеме дека е грешно,
свесни за моралната болка која подоцна ќе не сече, одбележувајќи го патот
од стомакот па се до мислите, а сепак момент во кој навистина ќе уживаме и
во кој за прв пат себичноста во најчист облик ќе добие форма. Тоа е мигот
на разделба. Детето го праќаме во интернат. Интернатот се вика Очи.
Таа која се викаше Лилит и тој кој немаше име. Тој не ни беше роден.
Дишеше, јадеше, пиеше, ебеше но не постоеше. Барем не на овој свет. Но ете
заради потреба од комуникација и разбирање ќе му дадеме име. Нека се вика
Дожд. Но ова име е само за неа, за моментите со неа, затоа што тој и тоа
вистински беше, дожд, а беше тоа што е само со неа, односно периодот
додека беше со неа.
Лилит навистина беше збунета, несватлива и беше нејзината преданост,
нејзиното повторно покорување. Таа повторно ја предаде целата своја
суштина, барем така му рече, а дали старите ѕидови некогаш можат да бидат
срушени тоа ни таа ни тој не можеа да го дознаат за еден за друг. Како што
реков повторно почнаа да веруваат.
Да си дожд и не е баш некоја посакувана животна позиција. Да си дожд значи
да го криеш сонцето, твојата суштина да се раѓа во црни облаци, твојата
суштина е водата. Но не е тоа вода изворска, вода која дава живот, која
гаси жед, таа е вода која ги мие облаците од сите гнасотии, а сите ние
имаме свои облаци, значи не мие нас. Таа е гнасна вода. Почвата ја прима
се прехранува со сите гнасотии и ја предава чиста на сонцето да ја врати
назад од каде што дошла, во црните облаци, во нашите души. страшно е кога
почвата не ја прочистува водата од облаците, тоа значи дека минатото не е
мртво, т.е. она што требало да биде мртво. Имате гледано филмови со
вампири, знам дека ме разбирате. Но има еден момент на величествена
убавина, момент на вистина, момент на љубов и искреност, мигот кога
сонцето и дождот водат љубов, кога дождот ги мие гнасотиите а сонцето ја
бакнува чистината. Тогаш се раѓа дете на искреноста, тоа е виножитото, она
од кое црно белата вреќа се плаши, она од кое ние се плашиме, моментот на
искренот и безусловна љубов, бидејќи моменти се она што не прогонуваат во
животот, не животот. А велам момент, а не вечност бидејќи искрената љубов
трае за момент исто како што виножитото се раѓа само за тој момент. Но не
ме сваќајте погрешно кога велам дека љубовта трае за момент, моментот може
да биде секунда и може да биде вечност, може да заврши сега и може да
заврши никогаш. Тоа го знаат само сонцето и дождот. Таа Лилит и тој кој
нема име. Односно има име ама се плаши да го каже. вака барем не лаже,
спротивно од Лилит која нема едно име и една постојана физичка појава. Но
ни таа не лаже, тој и го даде името за да ја запознае подобро бидејќи и
таа се плаши да го каже своето име. Но не повеќе од него.
Се започна на дожд. тоа беше пролетен дожд. дожд на слаба жолта светлина.
Тоа не беше светлина на сонце, тоа беше улична светилка. Набрзо и сонцето
изгреа... Боите почнаа да се создаваат...
п:прости и
проширени реченици, дел 1
Еве повторно на почеток, на стартната линија. Но зошто токму сега почеток
зарем до сега не требаше да бидам барем до втората третина. Но ете нека
биде. Еве ме истиот, јас со истите глупости и истите срања. Ама некако пак
бе она со почетокот...
Ај некако да почнам- и пак сега почеток. Е што ќе беше ова- секоја втора
реченица и повторно почеток. Не не зборувам за поим, се подразбира дека
секоја нова реченица е нов почеток... Чекај, чекај малце! Па како вака ако
секоја реченица е нов почеток тогаш како ќе стигнеме до крајот, на пример
на една книга. Ако одам по оваа логика значи дека и самиот крај ќе биде
ништо повеке од уште еден почеток, а сите знаеме дека после секоја точка
доаѓа голема буква а тоа е почетокот на уште една реченица. Значи
заклучокот е дека секоја реченица сама по себе не е почеток, таа е
продолжение на претходните реченици и изминатите мудрости или глупости-
кој како гледа на нив, но сепак во себе содржи еден почеток. Се прашувам
дали е така со животот или не така директно кажано- оваа светлина која ја
исполнува секоја клетка и секоја прашинка и и дава здив и причина и
секогаш на крајот, она спротивното од почетокот, го одзема тој здив, и
сета радост и тага се предаваат на крајот. па се разбира дека е така или
така некако. Сепак се во зивотот си има свој почеток и секој почеток свој
крај. Денот има почеток има и крај, а истото е и со неделата, со годината,
столетието, милениумот и со бла, бла, бла. Но сето ова до сега се
однесуваше на објективно дадени факти кои не се менуваат, а сепак се
повторуваат во еднакви интервали без никаков исклучок без разлика дали јас
или ти или некој после сто години живее во оваа тешка мизерија исполнета
со лицемерие, со предавство... море добив напад на нихилизам за еден
момент.
Ама сепак, да, февруари им го ебит мамето на сите, на секои четири години
им го пикат до јаја и на сите денови и на сите месеци и на сите години,
море му го ебат мамето на векот. Сега нормално не до толку ама подобро
малце отколку ич.
Целта на ова мое стварно глупо предавање за почетокот и за крајот би
требало дури сега да започнам да ја бладам, па ете:
Само што си се освестил од претходните краеви, нормално заебани иначе не
би имал од што да се освестиш, а уште повеќе никогаш не би го пишувал ова
во спротивно, ете насетуваш уште еден крај, како што старите ја насетуваат
смртта па ѓи повикуваат своите сакани за да го одбележат крајот со нив
бидејќи сепак со нив го зачнале почетокот, т.е. еден од многуте, и сега на
крајот од тунелот го гледаат дното чашата. А таа не само што е празна туку
е скршена премногу пати и веќе прелепена- навистина е напорно да го лепиш
порцеланот после секое испуштање од рацете. Ете така го насетуваш крајот.
Но овој пат да претпоставиме дека порцеланската чаша не е животот но во
себе соджи живот, не твој, но даден на доверба. Е сега прашањето е: дали е
крајот на чашата кој со себе го влечи и крајот на животот или е крај на
еден почеток кој со себе носи нов почеток? Првото би значело убиство па
затоа ќе се ориентирам на вториот случај, што не ме ослободува од вината и
вистината на убиство: јас сум убиец, а исто и ти. Се она што си го градел
за одреден период од твојот живот за чија кратка должина дознав после
дваесеттата година, сакаш да го срушиш. Која е причината? Нема да згрешам
ако речам промена. Секако јасно е дека секоја промена бара соодветен крај,
а за нов почеток да биде зачнат мора да постои причина за промената. Значи
моето тврдење дека причината е промената е несоодветно, ако земам во
предвид дека сега и го побив тоа мое наговестување на вистината, бидејќи и
самата промена со себе носи причина за настанување- нешто како причината
за настанокот на човекот, која сама по себе ни открива дека ние сме
антитело во утробата на вселената, а на друг крај ако не постои причина за
нашето постоење, што секако и тоа може да се случи, да има почеток без
причина, ние сме без понадамошно оддолговлечување грешка. Секако не секоја
промена во нашите премногу кратки животи(можеби и затоа правиме толку
многу промени, бидејќи стравот од крајот е се поприсутен кога нема повеќе
причини) е грешка, но евентуално последицата можеби ќе биде токму тоа-
грешка. Но за последиците подоцна. Значи треба да ја откриеме причината
зошто каменот лебди, кога тоа е својствено само на птиците, а секако не за
човекот затоа што природата нему не му дала крилја, бидејќи ќе бевме многу
фраери после. Каменот не лебди, но паѓа полека на земјата, онака чисто
ради занимација, па од прилика после едно шеесет до осумдесет години
конечно ќе падне но не на земјата туку во неа, затоа што и покрај тоа што
немаме крилја пак си сме ние фраери, ние знаеме да паѓаме т.е. пардон ако
некој се навредит, ние знаеме да лебдиме надолу, полека но сигурно- е
патетика тешка И после не ќе бидеш нихилист. Што значи причината е
случајно некоја виша сила да ни даде некое пердувче за кога ќе паднеме да
не потонеме многу под земја, да можат другите да си спомнат е каков летач
беше тој на времето, е со носот во Марс се закачи. и после ќе се прашуваме
од каде вода на Марс, се е то бе од носевите од ништо друго. Добро де ај
да си поедноставам, причината е во подмладокот, а каде се крие подмладокот
е прашањето. Е јас знам каде е, но дали и ти?
п:прости и
проширени реченици, дел
2
Како и да е крајот е неизбежен, но како да го прифатме кога целиот наш
свет се вртел околу таа светла точка, сонце да ја наречеме и сме биле до
еден момен, скоро и нова планета да создадеме, а најтешкото е што ова не е
крај на се што постои за нас, ова не е тунелот од кој нема враќање, не
зборувам за онаа светла точка, т.е. светлина, зборувам за моментот на
пресврт кога од десната или од левата зависи од тоа дали е посветла,
гледаме нова точка и целиот процес на градење на светови престанува во
моментот кога ќе се постави прашањето, а тој мал универзум умира во
моментот кога ново сонце ќе прегрнеме, она левото или десното. Сето ова по
својата некако нормална изопачена природа, велам нормална затоа што и
изопаченото е сосема природно, па дури и затоа можеби и изопачено не е
вистинскиот збор од една страна бидејќи секако со него би означиле нешто
сосема грешно и неприфатливо кое не мора да биде вистински погрешно, а од
друга страна е сепак нормално во природата на секого да направи нешто
погрешно, но сепак И оваа дефиниција не држи многу место бидејќи и
грешното е онолку грешно колку што судот е строг од другите, а не е грешно
онолку колку што индивидуално го оправдуваме или можеби само се обидуваме
да го оправдаме. Обид да се докажеме како светци. Е барем да беше спрема
бог. Ние сме сите егоисти. Па не сме богови бе, хиени сме. Се е толку
смешно. И што сега? Испадна дека нашиот живот не е серија на настани, туку
вицотека? И никако да дојдеме до вистината, зарем не? Најмногу ме зачудува
колку лесно го прифаќаме предавството. Но ако предавство не постои тогаш
дали би ги изневериле нашите сетила? Што ако ова предавство се чувства на
задоволство, на радост, среќа. Што ако предавството води кон нов почеток,
раѓање на нов свет, засадување на семе во внатрешноста на ‘рбетот, нова
подвижност, И ете чудо- инавалид го прави својот прв чекор, нормално не
најпрв, туку во контекст на новиот почеток, бидејќи сепак ова и не е
единствениот почеток, туку уште едно ехо на крикот на душата во тунелот
каде светлината згаснува само за да ја видеме темнината со свои очи и
повторно да се појави, се разбира од десно или од лево. Е каде се наоѓаш
(си зборувам сам со себе и сам за себе, а сепак и за сите, или не?)? И
каде сега? И дали воопшто сега? А, кога ако не сега? Па, нели јадам говна
од кога знам за себе дека животот е премногу краток. Епа тоа е, или си
кукавица или си пичка, па ти види сега, со што се поистоветуваш во овој
момент- па ако е сега ќе биде првото, она помалку срамотното, а ако е
после епа ти си...- си знајш ти што најубаво. Копнежот никогаш не умира,
особено кога ненадејно ќе ти се оствари. И кога сме веќе кај последиците,
е последицата е главата да не знаеш кај ти е, ама ако не ти е тоа доволно,
моли се на господ или на друг од кој се плашиш најмногу, да не ти се
случит печатна грешка, па да започнеш нова реченица со мала буква!
Ах каква прекрасна ноќ, а колку сјебано утро, море цел ден, какво утро. А,
никако значењето на надежта не можам да го протолкувам, една минута е тука
и во нареден момент на протолкуван свод над дрвјата, кога стоиме, привидно
велам, на највисоката гранка, онаа најтенката, исчезнува. Но се се тоа
потреби, само една потрага по уште една доза на несамотија и фиксот го
примаш и сакаш уште и уште и се прашуваш како би било да се вратиш назад
во времето, не многу, само малце, за неколку денови и да одлучиш, т.е. да
преодлучиш да не ја вртиш страницата. Не, сето тоа е залудно, сеуштен не
постои вистинската направа за тоа- да те натера да ставиш точка, а тоа ти
се вика страв, не направата туку неспособноста да ставиш точка, а од што?
Епа доволно сме си возрасни да знаеме од што. А ова што сега се случува е
реченица со мала буква.
Каде ли отиде се?
По ѓаволите со сето ова, тунелот е пред мене а јас сум свртен према ѕидот
и се е така бучно, тишината како да исчезна, а сам сум...
Мислам дека спомените треба да си ги изрежам на цд, да се форматирам и да
се спакувам в кутија и да фаќам прашина неколку месеци. Ах само да беше
ова можно.
Има нешто вистински празно во сите нас. Некаков грч го има опфатено целото
постоечко човештво.
Слики се навраќаат, во темнина, и гледаш фигура, нежно суштество, како се
откажува од прашинка надеж, а ти стоиш здрвено, не се помрднуваш, кај тебе
надежта е сега на пасење со слободата. Мозокот некако, т.е. никако не
работи, она што го слушаш оддалеку се чекорите на непознатото, онака
доволно познато непознато, колку да те фати серка, онака чувство на
мачнина, со доза на сочувство колку да се рече дека нешто недостасува, а
гледаш со очите голо дрво на среде патот. И после не сме слепи.