т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


t:tszchoulle weliki





 

в:волшебникот од озбилна аптека

Секој не може да биде стар! - Како што сила бога не моли така ни насила убавина не бидува. Меѓутоа алармантно и неблагодарно би било да се дискутира за билокаква сила зашто овде не станува збор за присилна работа. Затоа ние убаво тука ќе си воведеме вербален коњуктивизам низ кој ке најдеме оправдување за нешто што не е ништо посебно, само што да правиме кога врне – оригами?!... Дволичен тој на мајка, - не дека врне ама ајде!…
Кога сме кај оправданоста на нашето делување, неопходна ни е делотворна концепција на нашите акции за чија исправност мораме да имаме минимална логична правилност, затоа што стопосто - барем 1 одсто од стонасто непознати (икс) не демнат и загрозуваат од најразлични непознати причини и правци, и постојано не држат во извесна состојба на неизвесност. Но тоа не е бит–но? На ваквите непознати им е битно само да се прават важни, а причините за ова се наоѓаат во периодот од раното детство, кога сте биле клинци ако се секјавате ве или сте прашале: - што се правиш важен бé/ма?! Но ако тогаш во својство на зимзелен капиталец сте мислеле дека ваквите состојби имаат само номинален ефект, или не сте мислеле воопшто - во настапот на зреењето сигурно ова придобило сосема различни де-ментални конотации. Всушност тоа е дегенегирана слика на нашата природа и општество коишто не опкружуваат насекаде наоколу нас. Ете ни барем една причина зошто ни е потребно да имаме јасно одредена цел…или макар ½.
Веке одамна поминаа времињата на минатото, коишто низ сегашноста не проектираат во иднината којашто пак се одалечува пред нас во просторно/временскиот континуум како виножито над релативниот хоризонт на случајноста. А знаеме добро дека нема ништо случајно. Овој факт ни остава огромна доза на недвосмислена сомнителност со обзир на огромната енергија набиена во тешката нефлексибилна пристрасност на една ваква непрагматична позиција, но во ист момент ја прави уште покомпактна комплексната природа на самиот феномен. Невообичаената конвенционална дифузија на разновидно предиспозиционираниот реализам крие разни недоречености по кјошињата од оваа сфера изложена на толку многу различни влијанија. Сепак како реална можност нé принудува на внимателно ревизионирање на генералната перцептивна дисолуција од сите можни гледни точки. Последниов заклучок не подлегнува на неопходноста за преиспитување на теоријата за надреализмот, но во реалност тоа никој го нема потврдено. Фактички ова е само еден вид на дезинформативна примитивна форма на онанија од типот - ни лук јал ни лук мирисал. Изопачена метателологија од редот на деприматните обструкции. Не дека имам нешто против, но што може да се изјави во прилог - не знам!…Е сега стварно знам дека незнам што можам да знам! Како 100лица за одмор од 5инг во Бу2…
Ете, како мало дете во небрано, успеав пак да заглавам во автоматската демагошка спирала, што не доведе до пречекорување на самокритичната маса. Излезот од овој кјорсокак é само еден и é физички, затоа што сите други сé воедно и влезови и автоматски не наведуваат на бесмислена заблуда која би можела да се врти самата околу себе доведувајки ги во прашање сите прашања и сите евентуални одговори. Тоа би можело дури и да биде решение за сé, прибидејки би не однело во правец на решавање на сите спорови од сите нивоа од нашата свест – нешто како идејата за нирвана, но од друга страна и тоа не é баш така розево како што изгледа затоа што ако сé биде толку хармонично – каде é тука самата состојба на постоење или спознание за себе? Во тој случај ние би биле веројатно толку хармонични и совршени што не би ни било гајле ни за фактот дали постоиме или не. Со други зборови, ако те боли заб - де факто постоиш. Тука перфектно може да се вклопи една од историјските епизоди со другарот Тито, кој посетувајки ги ранетите – го шутнал на еден по ранетата му нога и го прашал: Боли ли друже? И кога овој сиромавиот му одговорил потврдно, Тито му рекол: И треба да боли друже, и треба да боли.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































 

  д:дома