т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


s:silent storm





 

п:пет до дванаесет

31 Август

11:08 Не знам ни зошто точно го започнав текстов. Многу е апсурдно кога имаш желба да пишуваш, а немаш идеја за што би пишувал. Би можел да се запрашам во моментов, зошто сакав нешто да напишам иако не ми паѓаше на памет од каде би започнал со приказната ако воопшто ми дојде во мислите. Неколку минути гледав во екранот во тоа што го напишав. Приказната никогаш не дојде, но одговорот на тоа зошто толку сакав очајно да напишам нешто, пристигна со брзината на светлината.

11:24 Некои желби доаѓаат од самата потреба за опстанок, а сите останати желби потекнуваат од широката палета на човечки карактеристики, пред се АМБИЦИЈАТА. Во сите нас е вродена потребата да се докажуваме, искажуваме, натпреваруваме. Сакаме да бидеме прочитани, афирмирани и признаени дека секој од нас има барем трошка талент за пишување. Сакаме да му покажеме на светот или барем на нашава мала напатена држава дел од нашите внатрешни мисли, чувства, фантазии. Ќе ја негирам реченицата “мислам значи постојам”. Да се најдеш на пуст остров одвоен од цело човештво е исто како да не постоиш, бидејќи твоите мисли нема да помогнат во ништо на никому, ниту во обичното пополнување на слободното време. Со самото пишување ја остваруваме барем најминималната цел на амбицијата, а тоа е оставање на белег.

11:52 Набрзина го препрочитав тоа што го напишав и ја отворив страницата на yahoo пребарувачот, со намера во истекот на рокот да го испратам овој мал текст со уште помало значање за секој друг што би го прочитал. Знаев дека мојата цел е остварена

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













 

  д:дома