т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


s:she





 

к:кројач на судбината

Пребледе во моментот кога ги виде резултатите од тестот, рипна од каучот и на цел глас почна да вика „Иди у пичку матер пичко курвинска!!!“, ги стутка хартиите што штотуку ги прочита и ги фрли во аголот на собата. „Матер ти ебам кучко една“ пром’мла откако со рацето силно си го протри лицето додека не му поцрвене, а потоа се потсмири.
Седна и почна тивко да си зборува на самиот себе си „Не ми се верува што ми направи курвиште едно, ќе те убиев да не умреше сама смрдло една запуштена... пичка ти матер да ти ебам... Ебате кучката што ова намерно ми го направи“ и почна со иронија да имитира женски глас „Фрли го кондомот, боље ќе ни биде... баххх! Курво една, ѓаволот да те растура секој ебан ден, воздух да не можеш да земеш... барем него не можеш да го заразиш пичко една продадена... ти ебам матер ти ебам“ продолжи да си зборува сам со себеси и да ја пцуе на сите можни начини, а солзи почнаа да му течат по вцрвенетото лице додека ја гледаше стуткана хартијата во аголот.
Со денови се мислеше што да прави. Мислеше дека животот му е завршен, дека ако дознаат ќе се случи истото со оној човекот што јавно побара помош, оној кој сите го одбегнуваа, а и фамилијата ја изгуби. Зошто, по ѓаволите, никој не ги објавуваше заразените? Така ќе знаеше дека таа кучка е болна и се ќе беше поинаку. Мило му беше што ја најдоа мртва во нејзиниот стан, но криво му беше што не ја уби самиот со свои раце. Се мислеше ако дознае неговата фамилија што му се случило, дека ќе го отфрлат, а мајка му дека ќе умре од мака. „Зошто кучко една глупава? Зошто ме повлече и мене, гнасо една? Како можеше ТИ да ми ја кроиш мојата судбина? Да ти ебам... сè да ти ебам!“
Си рече дека е подобро да излезе, му беше страв да не им го пренесе вирусот на другарите, па излезе сам. Најде некој од маалските дилери и купи некоја доза, заедно со шприц. „Сега ништо нема да ми штети“ си помисли „може само добро да ми дојде“. Живна малку и не сакаше да мисли на она што му се случи, сакаше малку да се журкааа!!! Шприцот го чуваше во ракавот од кошулата и го придржуваше со до-малиот прст. Влезе во една од дискотеките и расположен почна да игра на некоја од популарните електронско компонирани песни, мафрајќи ги рацете на сите страни.
Му се причини дека ја виде неа и нагло се сврте за да види поубаво. Таа како да исчезна, на тоа место немаше никој. Се сврте на другата страна и ја виде повторно како се турка во гужвата. „Ааа... сега нема да ми избегаш, курво една!“ си рече и тргна по неа туркајќи се. Повторно му исчезна од видот, се креваше на прсти за да види поубаво, но никако не можеше да ја најде. Отиде до купатило да се освежи. „Полудувам, сигурен сум дека ја најдоа мртва...“ тогаш се погледна во огледалото за момент „...а ако го испланирала и тоа? Што ако стварно беше таа?“ си помисли. Зашеметен отиде до една од кабините и седна на шолјата од која за малку ќе паднеше. Го извади шприцот и од набрекнатата вена извади крв за да го наполни скоро цел шприц. Не ја чувстваше иглата како претходно, сега веќе не мислеше на него, туку како неа да и се одмазди за тоа што го осуди на смрт.
Излезе надвор со несигурен òд полн со гнев, а таа беше токму пред него, играше бесрамно со некој дечко смеејќи се. Како ништо да не и беше гајле. Полн со омраза отиде блиску зад неа, доволно блиску за да го мирисне познатиот мирис на нејзината коса и застана за момент вдишувајќи го. Помисли на времето кога беа заедно и тогаш решително ја боцна во голата половина. Се сврте за да си оди и ја виде и на другата страна... таа иста заводлива руса коса! Отиде до неа и ја боцна во рамото, но веднаш ја виде и на друго место, па отиде и до таму и ја боцна во вратот. Таа почна да вришти на цел глас, но никој не ја слушна од гласната музика. Тој испаничи и почна да трча кон излезот туркајќи се и секој пат кога ќе ја видеше по патот ја боцкаше кај и да стигне. Кај излезот го фрли празниот шприц во некој од аглите и не престана да трча надвор кон паркот.
Кога веќе немаше сила, застана задишан и се наведна без сила. Се држеше за колената и се обидуваше да земе воздух. Го гледаше езерцето пред него и зраците од полната месечина кои се одбиваа од површината, а сликата му мрдаше, се дуплираше, се триплираше. „Така... те уништив! Како ти мене, кучко глупава...“ бладаше додека целиот свет се вртеше околу него како на вртелешка. Одвај зборуваше нешто што ни самиот не го разбираше и во еден момент падна изнемоштен на косата падина од езерото. Од залетот и сопствената тежина, се стркала во него.
 





 

м:манч-мелоу

Долго време се туркав низ темницата за конечно да го почувствувам мирисот на мојот дом, кој и покрај се' не ми беше толку важен како неговиот мирис кога ме држеше во прегратка. И туку што го видов, мојот јазик се рашири покажувајки ги сите заби во мојата уста, но неговото смирено лице уште во моментот ми најави дека прегратката ќе биде кратка, на што не обрнав многу внимание, се' додека навистина немав време ниту да го почувствувам допирот на неговата маица под моите пазуви. Додека стоев збунета, но сеуште среќна од помислата дека сум до него, го видов како се поздравува со неа. Долго. И ја бакна во средното око, а потоа во десниот образ. Таа што ја нарекував мојата најдобра другарка.

„Па, добро“, си реков, „се зближиле поради мене, додека јас не бев тука“ иако знаев дека не е само тоа, не сакав да помислам на ништо друго и уште во следниот момент отидов до стаклената табла на која на една реклама цртаа заситени органски соединенија и каде фотографот Цуки редеше колачи во форма на пирамида. Веднаш штом ја заврши, со договор без ниту еден кажан збор, двајцата почнавме лакомо да ги јадеме манч-мелоуата од пирамидата, секој од својата страна. Со аголот на левото око можев да ги видам нив, како се гушкаат и тој ја бакнува во окото, па во образот. Сепак, во моментот, поважно ми беше да се дојаде кулата од манч-мелоуа кои лакомо ги пикав во устата оставајќи чоколадо по целото лице и раце.

Внатре не прекина да врне дожд.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





































































































 

  д:дома