т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


q:queen adreena





 

ј:јас

Абе да. Сигурно...
Ѕверштина тешка по сексуалност. Мислам, не баш замрсен карактер за проучувањата на обичната интелектуална мрцина, ама ипак, време си е време. Ништо особено по професија. Седечки набљудувач. Лежач каде што условите поддржуваат. Ангел пред авторитетите, демон пред остатокот од светот. Или, не... чудовиште за сите нив. Некои сакаат да изигруваат дресери. Е, нацки.
Ноќи поминати во проучување на Париз низ екранот, ноќи поминати во бладање... нечујно, се разбира. Мислев дека постои надеж? Епа се заебав. Најслатки ми се оние кога развивам фантазии за пробивање на игла низ окото. Едното, па другото... Сонување мрак, и чад, и лулки, и безздивни приспивни песнички... проследени со пневмонично кашлање.

- Оди, легни си.
- Чекај, уште малку. Неколку реченици до крајот на Големото Дело.

И понатаму...и понатаму...и понатаму...

А знаете како Големото Дело ќе заврши? Јас знам! Со три точки. Бедни, грозни три точки. Како некоја глупава реклама...

Утро. Крај на полноќното бладание. Чист, изострен ум и досада.

Игла... остра и тенка... метална. Прекрасна. Мазна. Совршена…

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања










 

  д:дома