т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


н:нина





 

ш:шишенцата полни со надеж

Потпора на секоја наша амбиција и потег во животот е надежта. Сé се сведува на мечтата за подобро утре. Сонуваме, се трудиме, успеваме. Колку е неопходна виталноста која ни ја вдахнува надежта? Доволно е само една себична будалетинка да ја потцени нејзината моќ... и да предизвика катастрофа.
Уште со најраните вести беше предизвикана општа паника. Без двоумење најужасната вест избувна во медиумите - "Единствената компанија за производство на сурова и обработена надеж изгоре во ненадеен пожар". Уште истиот миг продавниците низ целиот свет беа преполнети со параноични граѓани грабајќи се за последните шишенца надеж. За неполна седмица ништо не беше останало на рафтовите. Иако секој ден беше најавувано повторното проработување на фабриката, сé стоеше во место. Врвни инженери, архитекти, специјалисти за уривање и кој ли уште не го разгледуваше случајот, но не беше лесно повторно да се изгради за брзо време (имајќи на ум дека е единствена во светот од овој тип, имаше чудовишни димензии). Во меѓувреме последните резерви надеж потполно исчезнаа од продажните места. Луѓето кои одамна немаа шишенца надеж во домовите почнаа да се однесуваат чудно и неподносливо. Оние со поблаг дефицит на надеж само прекинаа да се надеваат дека компанијата повторно ќе проработи. А оние останатите? Плачеа, се депримираа, се самоубиваа... Болните од обични настинки завршуваа трагично, новите љубовни парови се претворија во неуспех, научниците се откажаа од истражување, лекарите не вршеа операции бидејки не се надеваа дека ќе бидат успешни, писателите прекинаа да пишуваат, професорите изгубија надеж дека нивните ученици некогаш ќе ги научат лекциите... Значи сите дадоа отказ од работа. Набрзо и меѓучовековите односи се расипаа и сé се движеше кон пропаст. Општиот хаос конечно ја достигна својата кулминација и човечкиот род скоро и да исчезна.
Последниот човек на Земјата беше оној кој ја саботирал фабриката само за да си земе неколку стотини шишенца надеж. Колку наивно што помислил дека сите ќе му се восхитуваат на оптимизмот! Не само што никој не му се восхитува, туку никој не ни остана жив на планетата. Тој беше шокиран од ситуацијата бидејќи не предвидел толку далеку да стигне. Брзо натегна цело шишенце надеж и почека половина час. Сé е исто, пак се чувствува бедно. Испи уште две шишенца и пак ништо не се смени. Не му требаше долго да сфати дека му се бескорисни. Не му треба надеж кога нема за што да се надева, нема фамилија, пријатели, работа, задоволства, предизвици, па дури ни еден обичен соговорник... Тој едноставно се претвори во билка без чувства. По кратко размислување реши да ги искрши сите останати шишенца надеж и да им се придружи на останатите.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






























 

  д:дома