т:темплум |
Ноќва некакви раце се залепија за мојот прозорец. Од надворешната страна,
се разбира. И тропаат по него. Се свиткале во тупаница и тропаат. Зошто ли
се одделиле од телото, се прашувам. Можеби единствено тие преживеале
некаква несреќа. Можеби немаат повеќе нечиј живот кај себе па дошле да го
земат мојот. Гледам во прозорската рамка со залепени раце на стаклото и
таквата слика ме плаши. Сакаат ли да им отворам? Или сакаат само да ме
вознемират? Не го знам тоа, но од некоја нејасна причина чувствувам дека
ми се закануваат. Тропаат полека и рамномерно. Едната, па другата. Троп
едната, троп другата. И одново. Троп едната, троп другата. Почнува да ми
смета тропањето. Неможам да заспијам. Ми одзива во ушите, иако е тивко. Но
постепено станува се погласно и ритамот се повеќе се забрзува. Како да се
обидуваат да искомпонираат некаква диско музика со своето тропање. Со
зголемувањето на нивната упорност, расте и мојот страв. И се повеќе звукот
од нивното тропање ми продира во ушите и се повеќе ми одзвонува и ми се
чини оти ќе ми пукнат ушите. Ја пикам главата под перница, но залудно.
Јачината на звукот останува истата. Посакувам да станам и да ги избркам,
но се плашам. И останувам да се мачам така цела ноќ.
Се среќавам секој ден со неа на станицата. Секогаш го водиме истиот разговор. Таа се претстваува како случаен минувач низ мојот живот. Ми зборува дека животот е патување во кое секогаш си некаде упатен, секогаш целта е една станица. Другите, оние попатните станици на моменти се згуснуваат, на моменти се, пак, премногу ретки и нејасни, понекогаш дури се запрашуваш дали навистина ги има. Но како и да е, на ваквите станици се задржуваш само кратко и само површно ги набљудуваш местата. Но можеби тие и не се важни за нашето постоење, вели таа. Она што е важно, според неа, се местата помеѓу станиците. Нив, вели таа секогаш неоправдано ги одминуваш. Треба, треба, вели, некогаш да се симнеш помеѓу станиците. И откако ќе го каже тоа се качува во возот и додека тој станува се помал и помал во далечината, ја гледам како скокнува од него во просторот меѓу оваа и следната станица. И исчезнува веднаш штом ќе ја допре земјата. Од страв да не ме повлече и мене никогаш не се качувам со неа. Секогаш останувам на станицата. Заради неа се плашам да патувам. И затоа секогаш сум овде. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |