2007:јули/август
жанровски
конкурс
м:муцко
д:години:
30
н:нешто
за себе: Ја знам најголемата тајна што воопшто
постои, „Тајната на Универзумот"
emperor.mucko@gmail.com
с:скулпторката
Беше опседната со тоа
мистериозно лице!
Не ни се сеќаваше каде првпат го видела, дали на јаве или на сон, а дури
можеби и самата го беше измислила? Во последно време Весна многу често го
гледаше на сон, и тоа беше причината што не можеше да го заборави тоа
необично лице...
Имаше голема глава со чудно заоблена форма, речиси вонземска. На горниот
дел од лицето доминираше неговата долга коса, насреде разделена со
патец... или можеби тоа воопшто не беше коса, можеби главата беше сосема
ќелава, оти Весна се сеќаваше дека главата имала нежна розова боја на
кожа? Очите и ушите тешко му се распознаваа, ќе да беа прекриени со
косата. Горниот дел на носот веднаш се надоврзуваше на патецот, а за
долниот дел не се сеќаваше во каков облик беше. Што е уште почудно, на
лицето не ни имаше забележано некаква уста нити образи! Единствено знаеше
дека под мистериозното лице имаше долг и дебел врат, кој така континуирано
се надоврзуваше на главата, што не се забележуваше каде завршува брадата а
каде почнува вратот.
Весна беше желна да ја дознае големата мистерија за тоа необично лице...
Ја дозна, со помош на својот уметнички талент: скулптурата!
*
– Ќе пробам да го извајам – ú ја кажа Весна својата намера на најдобрата
пријателка Гордана. – Постојано ме прогонува! Кога ќе го извајам, ќе го
прегледам целосно, и сигурно ќе се сетам како сум го запознала!
Скулптурата беше онаа уметност во која Весна најдобро се изразуваше, а
глината беше материјалот од кој ги изработуваше своите уметнички дела
(иако го сакаше и мермерот, но за неговата обработка е потребна силината
на машка рака). Уште како бебе, Весна заболе од тежок облик на рахитис;
што заради недостаток на витамин D, што заради генетски фактори – нозете ú
се искривија во облик на буквата X. Лекарите не можеа ништо ефективно да
преземат, затоа што деформитетот ги имаше зафатено и нејзините колена.
Така таа остана инвалид, и можеше да оди или со помош на друго лице, или
со помош на патерици. Немајќи ја онаа слобода на избор, што ја имаат
нормално подвижните луѓе, Весна можеше да се занимава само со оние
активности што може да се прават од седечка (или лежечка) положба; така,
својата животна утеха ја пронајде во уметноста, а најмногу – во
скулптурата...
– Нели рече дека главата е многу голема, а насреде на косата има силно
изразен патец? – ја потсетуваше пријателката Гордана.
– Да, сега ќе направам да личи така! – потврди Весна, додека занесно ја
гмечеше глината со своите прсти, како да ја масира. – Само не се сеќавам
какви му беа очите, ушите, образите, нити устата...
– Ако; дотерај го ти основниот облик, нив после ќе ги додадеш – ја
посоветува Гордана. Весна месеше и дотеруваше, повторно го преобликуваше
мистериозното лице, па во еден момент се запре:
– Веќе не знам што да додадам! Знам дека ВАКА изгледа, ЗНАМ!
Гордана длабоко се загледа во недоработената скулптура, што воопшто не
личеше на човечко лице. Беше извишена нагоре, како столб, и само чудниот,
вонземски облик на косата потсетуваше дека би можело да се работи за
некакво лице. И покрај сета мистериозност, на Гордана ú личеше некако
познато, но и требаа неколку минути додека не се сети, воскликнувајќи:
– Па тоа е пенис!
– Кој Денис? – се заинтересира скулпторката Весна.
– Пенис, мори! Кур! Си извајала цел еден кур, и тоа поголем! – пак извика
пријателката Гордана. Весна беше многу непријатно изненадена, па во
афектот со еден удар ја разруши скулптурата, што цел час внимателно ја
вајаше, за на крајот разочарано да изјави:
– Ете, почнав да го губам и талентот за вајарство... А друг талент немам,
и никој на светов не ме ферма!
– Немој, Весна! Знаеме дека имаш огромен талент, но проблемот е во
другото: што „никој не те ебе“, како што велат маживе...
– Ти сестрице, оти имаш дечко, не знаеш колкава е тежината на тие
зборови... Јас си знам, оти не само што „никој не ме ебе“, ами и никој не
ме ни погледнува како жена, заради хендикепираноста!
– Ох, тоа ли ти е проблем? – ја сфати Гордана, па ú даде интересна понуда
– Ти само речи дека сакаш; а јас ќе се потрудам да ти најдам дечко, кому
нема да му пречи твојата хендикепираност!
*
Тоа утро, како и многупати претходно, Весна се разбуди сеќавајќи се на
сонот, во кој го виде мистериозното лице. Само сега сеќавањата беа многу
поживи и поинтензивни... како воопшто да не било на соне!
Лежејќи на брачниот кревет, свртена надесно во напупена поза, зад себе чу
нежно ’рчење. Се преврте на спротивната страна, па на левата страна на
брачниот кревет виде дека има некој друг, чии контури нејасно се
распознаваа заради слабото светло на муграта. Го дофати со раката за
градите, па од самата цврстина и влакнатост ú беше јасно дека се работи за
маж. Ја спушти раката подолу по неговото тело, па му го напипа курот, кој
чекаше „на готовс“ во несвесната утринска ерекција.
Со вештиот допир на своите скулпторски раце, Весна нежно го помилува курот
на својот нов дечко, оној што ú го намести Гордана. Иако не го гледаше,
благодарение на чувствителниот допир во својата глава изгради потполна
ментална слика за обликот на курот. Беше потполно ист како оној на
нејзината скулптура на „мистериозното лице“, само што наместо студенилото
и лепливоста на глината, во својата рака ја чувствуваше топлината и
еластичноста на вистинскиот кур!
Значи – тоа ú фалело во животот: секс со добар кур!! Тогаш Весна се
присети дека она што се случи синоќа не беше сон, ами добар секс, при кој
таа првпат доживеа длабок оргазам! Посака да стане од креветот и да се
истушира, но не ú се брзаше... Дигнатиот кур на дечкото ја укажуваше
неговата готовност за нова партија секс, веднаш штом ќе се разбуди!!