2007:јули/август
општ
конкурс
м:миндева милка
в:врата број 075
Колку пати да чукнеше на вратата, толку пати ти ја отварав.Додуша не
ширум, но колку за да се појавеш и влезеш доволно. А ти влегуваше
наметливо, природно и секако добронамерно.Затоа почнав со нетрпение да го
очекувам чукањето на вратата. И бев пријатно изненадена од упорноста во
ритамот што му недостига на мојот часовник. На стравот кој ме дрочи во
сигурносниот свет му го покажав местото во ќошот на домот,најдалечниот и
го посоветував да остане таму зошто е дојдено времето за негов одмор.
Сигурно сте се запрашале во животот барем еднаш, што е тоа што толку ми
недостига а сте го немале.Недостига толку многу што дури создава болка И
од неа се ве боли. А вие го барате тоа.Го барате, а не знаете што , какво
е, колкаво е. па дури и зошто ви е, освен да ви ја излекува болката.Да ви
ја успокои душата. Да ви го смири немирот. Да ви го донесе спокојот.
А кога ќе дојде не можете да го познаете, помирисате, вкусите.Чувствувате
дека некој, нешто е во ваша близина и ви сигнализира нешто. Ве озрачува
топлина, светлина, енергија.Па повеќе се смеете.Очите ви светат.Ви се
движат сите делови од телото.И тешко ви оди со смирување на духот кој сака
да се бунтува и станал (пре) многу љубопитен.А кога тој успеал да ве
поведе со својата упорност, разумот ве враќа на почетната точка и ве
прашува: Каде си тргнал?
Што сега? Уште ли ќе стагнираш во место?
Некој чука на вратата. Брзам да отворам.Не треба многу да чекаш да ти
отворам.Денес е убав ден.Се познава по звукот на чукањето. А утре јас ќе
затропам и ќе очекувам да ја отвориш твојата врата. Сакам да го видам
твоето лице кога ќе видеш кој ти тропа.
к:контакт
Во Интернет кафето тоа претпладне ја немаше вообичаената гужва.Влеговме со
мојата пријателка и со погледите прелетавме низ просторијата. Најдовме
место кое ни одговара и се упативме кон него.
Момчето што работеше не поздрави оставајќи го господинот што седеше на
првиот компјутер. Мојата пријателка љубезно и трпеливо ме воведуваше во
работата со тие комуникатори што со својата таинствена моќ го имаат целиот
свет во раце. И ако знаеш каде треба да стиснеш сите тајни ти се за миг
достапни и откриени.
Кога завршивме со нашите обврски, тргнавме да си одиме. Во еден момент
минувавме покрај човекот замислен во своите мисли и работа, мојата рака ја
допре неговата. Го вратив во стварноста.Му го прекинав контактот со
комуникациите.Се поздравивме и му реков дека сакаме соработка со него.
Изненаден или вчудоневиден беше, културен спрема мојата дигресија.Дури и
љубезно се насмеа
како да се ослободи од ѓаволската моќ што ја има во машината.
Но ѓаволот не седи со скрстени раце. Тој си ги наплаќа сметките
повеќекратно. И решил прекинатиот контакт да го пренасочи во друга
насока.Од тогаш, честопати се потсетувам на зборовите од песната на Владо
Јаневски,,тајно моја,,.