т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


л:лебовски виктор


г
:години:21
п:
професија: нешто да се студира...
д:досега објавено: во збирки, зборници
relativnost@yahoo.com




 

и:инсекти

Ги имаше насекаде околу мене. Лебарките беа во кујната, мравките на масата во собата, а пајаците понекогаш ми плетеа мрежа врз лицето, во случај да заборавев да го исклучам светлото пред спиење. Во спротивно, се криеја во ќошевите од собата и чекаа нова жртва. Глувци има секој!!
Ниту ги убивав, а ниту пак ги бркав. Некако успевавме сите заедно да си ги задоволиме нашите потреби. Без напаѓање.
Во доцните часови им го слушав движењето под креветот. Знаев дека се тука...

Една вечер, случајно ни падна кондомот во креветот, па моравме да го креваме душекот. Таа виде милион инсекти умрени под креветот. Глетката беше ужасна.
- Па, ти си ненормален! Не ни знаев што сè можам да очекувам од тебе! Си одам!
- Чекај, да ти објаснам!...
Знам, залудно ќе објаснував за времето што изминало откако последен пат се видовме и како до овој миг за мене не постоеше оваа соба. Некој мораше да го чува и топли нејзиното место. Тие зборуваа токму за тоа. Но, таа едноставно не разбираше.
Таа не ги разбираше инсектите.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





 

  д:дома