т:темплум |
Сите работи стојат во мојата спална. А нешто ми затреба, трчам таму.
Меѓутоа, кога и да влезам, се соочувам со нескротлива дремка. Спалната е
кружна, како и креветот сред неа. Кружни се и возилата ишарани на
постелнината. Се сместувам во некое од нив и долго возам околу креветот
правејќи кружници. Кога натежнатите капаци ќе ги победат моите од радост
влажни очи, се струполувам врз креветот. Тогаш до мене се појавува
вертикален конец кој го сместувам помеѓу палецот и показалецот на левата
рака. Не знам зошто но, ако го пуштам, ќе паднам.
Ох, Господе Боже! – воскликна Бог.
- Чкрц, чкрц! – нешто ме разбуди.
Сите го фалат сексот, а јас се' уште не сум сигурен дали лажат. Со девојките немам никакви проблеми сè додека не ги донесам во мојот стан. Кога соблекувањето ќе почне, сите птици се собираат на прозорецот и колваат по него со острите клунови, гребат, пискаат и гракаат. Ова ги плаши девојките, и тие си ги собираат парталите бегајќи од станот, врескајќи на начин кој во тие моменти совршено се вклопува со пискотот птичји. Слушам “манијак”, место “довидување”, слушам “планински човек”, “перверзник”, “болен птичар”, место “прекрасен љубовник мој...” Се обидувам да ги одвратам од нивната намера објаснувајќи им дека птиците всушност ја слават нашата љубов, танцуваат и пеат за нашето телесно спојување, а тогаш некое од стаклата ќе пукне, ќе се распарчи на подот, и птиците ќе почнат да јурат по нас кубејќи ни коса и откинувајќи ни парчиња месо. “Девојки, ајде не се будалете”, им велам, “па ова не е ништо”. Во тие моменти, ниедна од нив не верува во моите зборови. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |