2007:јули/август
општ
конкурс
б:бунтески дарко
г:години:13
п:професија: основец=)
б:блог:
www.bunt.blog.com.mk
darko.94@hotmail.com
ч:човекот
Мислам дека првпат го видов кога се враќав од Англиски,
видно испотен и изнервиран, ужасно топол ден во Јуни. Седеше покрај
фонтаната на ресторанот “Венеција“ и зборуваше со една средовечна жена,
можеби сопруга. Жената беше облечена во црвено и имаше прилично неуредна
коса. Таа ми рече да дојдам.
“Знаеш кој е тој на маицата?“
“Гоце Делчев. Хаха. Се зезам, Че Гевара.“
Се погледнаа меѓу себе, прилично зачудено и ми рекоа дека сум слободен.
Мислеле дека е некој друг.
Продолжив напред, кон продавницата за Бои и Лакови. Многу размислував за
тоа што се случи. Премногу, секогаш премногу размислувам за се. Сепак,
ништо во приказната немаше елементи од кои треба да бидам заплашен. Ниту
пак се плашев.
Пред зградата во близина беше паркирана полициска кола. Со тоа, уште 10ина
деца седеа околу неа и чекаа спектакл.
Жената во продавницата беше стара продавачка. Изложена на 15минутна
тортура, изгледаше доста изнервирано кога излезе.
“Инспектори.“
“Пак?“
“Да. Сега штекерот не ми бил безбеден.“
“У пизду материну“
“Остај ги, мора некој да смета.“
На враќање, никој повеќе не седеше на фонтаната. Влегов во зградата,
лифтовите беа расипани. Мораше да се оди пешки. Има и тоа позтивни страни.
Се гледаат комшии кои не се сакаат премногу, се среќаваат луѓе кои не се
виделе одамна, се запознаваат, со она почетното: “Уф, ме умреа скаливе.“
*******************************************
Втор пат го видов во населбата, малку подоцна во истиот месец. Беше топла
ноќ, без ѕвезди. Ми дојде во пресрет, овојпат сосема сам. Држејќи цигара
во раката, праша дали имам упаљач. Реков дека немам. Потоа се сврте кон
другар ми, и од таму не му се посреќи. Почна да ни вика “да се чистиме од
населбата“. Двајцата го гледавме неколку секунди, потоа мирно го одминавме.
Тој викаше уште некое време.
Делуваше безопасно. Беше слаб, низок, со огромни подочници кои асоцираат
на алкохоличари. Сепак имаше нешто кај него што ми остави впечаток.
Доволно силно за да ме остави вознемирен, иако сите се чудеа, најмногу
Бранко кој беше со мене при втората средба.
“Добро, шо ти е? Гледаш комплекси има чоекот“
“Незнам, зашто баш нас не праша?“
“Зашто бевме во БЛИЗИНА!“
“А зашто се дереше?“
“Зашто е пијан бе! И доста веќе!“
Не ме утешуваше. Тој само коментираше површински, беше потполно сигурен.
Во став кон кој си пришол со промисла, неможеш да бидеш комплетно сигурен.
Можеш само да претпоставуваш.
Несакав да им кажам на моите. Ќе ги фати параноја, а сите други велат дека
е без причина. Немам право никого да оптеретувам со моите сомнежи.
Премногу се, понекогаш прават да пукнам. Понекогаш смируваат.
*******************************************
Третиот пат се враќав со Давид и Бранко од игралиштето на кејот. Седеше до
камионот со лубеници. Впечатлив лик, ми беше врежан во меморијата како од
секогаш да го знам. Овојпат пробав да го избегнам, но тој гледаше во мене.
Уште од далеку, уште кога ја свртевме кривината.
Се приближи. Едно време мислев да бегам. Немав доволно добра причина.
“Здраво, колку е саат?’
“Немам саат.“
“Имаш мобилен.“
“Немам.“
“Ќе те плеснам. Дај да титнам.“
“Немам, немам...“
Ми ја фати левата рака. Ја стискаше околу зглобот. Не ме болеше. Сепак,
беше некаков сигнал.
Давид и Бранко беа на најмалку 25 метри од мене. Се свртев и ги гледав
како трчаат. Беше како лош сон, чекав да се разбудам.
Ми ја пушти раката. Почнав да бегам. Не ме бркаше. Само мирно одеше по
мене. Влегов во слаткарницата. Чекаше надвор.