2007:јули/август
жанровски
конкурс
б:батева матеа
л:легенда
Во случај на пожар: Помош!
Зоја седејќи на земјата во соба поврзана со уште две соби од левата и
десната страна растурена со весници, го гледаше машкото одспротива на
собата. Машкото седејќи на една од двете фотелји во собата, читеше весник.
Зад Зоја паралелно со машкото и скриена од столбот што ја држеше собата,
седејќи зјапаше во неа една девојка додека истовремено читаше весник и го
криеше својот лик.
Зоја седејќи на земјата мастурбираше со раширени нозе и со вагината
свртена кон купче од весници, се чешаше и не и успеваше, откако ќе ја
најде точката и наведнатоста на задникот да и одговара со задоволството,
не можеше да го задржи и се мачеше, клиторисот и се ведеше за да се
исчеша. Девојката која ја зјапаше преку весникот се соблече и дојде до
неа. На големо зачудување девојката имаше пенис, голем, дебел и црн пенис.
Девојката со пенисот почна да ја лигави со јазикот по телото и да си го
чеша својот пенис од нејзиното лице. Тоа траеше кратко, бидејќи девојката
посака секс со машкото во собата. Девојката - пенис си седна повторно на
нејзината фотелја и продолжи да чита весник не зјапајќи во нив. Машкото
легна врз Зоја и пред самиот момент на пенетрација пенисот му падна. Зоја
повторно почна да се мачи на купчето од весници и да го веде својот
клиторис, а машкото си го зеде пенисот и седна на неговата фотелја
продолжувајќи со весникот.
“ Сакаш секс? “ - праша кутрата запалена Зоја, а на прашањето, кое беше
упатено кон девојката - пенис, таа одговори со нафрлување врз неа и
пенетрирање во нејзината вагина. Се општеа многу долго и многу среќно и
гласно.
Зоја: “ крај на приказната “
н:несудена
балерина
Прочитаните стрипови беа оставени на земјата до креветот. Заспав со “
Полна месечина “ .
Осетив допир по дланките - како не го видов допирот? - помислив.
“ Немаш пари за такси. “
Кадарот беше многу мал, а движењата брзи за да се следат.
“ мммм... “
Газот ми беше потпрен на ѕидот. Ноќниот посетител го вадеше пенисот. Беше
чудно, пред пенетрацијата исчезна, а јас останав раширена на ѕидот.
“ Кошмар “ - се разбудив.
Кошмар?
Бев врзана до Петровски. Сликата се кривеше. Бев збунета од скаменетоста
на Петровски и кретенството на , наводно, од неодамна познатиот стар
човек.
Едната рака ми беше слободна и со неа се мачев да досегнам до еден чадор.
Едната нога на стариот човек беше нормална, за разлика од другата која
беше подолга и искривена како кука. Со изопачената нога го задржуваше
чадорот и мојата несигурност дека можеби ќе ја загубам оваа дебата -
растеше.
Удирав врз неговото лице не можејќи да го повредам.
“ Градот е мал, морав да те врзам. “
Сликата опаѓаше и губев контрола над ситуацијата.
Утрото ја видов Петровска, девојката во која Петровски беше заљубен, ме
гледаше преку огледалото ( мислам дека е вештерка ). Ѕирнав во нејзината
чаша со сок - се давеше една мува и не и реков, но таа отиде и го истури
сокот.
“ Цел ден ја бркав. “
Не и се пиеше повеќе сок, но донесе пепеларник и пиво. Кога немаше многу
јадено се опиваше од малку и се лижевме преку огледалото.
“ Се разбудив во корито. “
Секогаш се надразнуваше кога пиеше.
“ Над мене леташе птица. “
Измислуваше еротски приказни и имаше секс со Петровски, придружен со силно
стенкање.
“ Птицата донесе тинејџери и го спушти Петровски во коритото. “
Гласниот секс го омекнуваше Петровски, а девојката Петровска плачеше.
“ Искомплексирана. “
Петровски го мразеше фактот дека таа е дебела во нејзината соба, пред
нејзиното огледало.
“ Не ми се зборува. “ - Тоа беа последните зборови на Петровска.
Попладнето се мислев дали да скинам една жолта ружа.
Петровски ме посети.
рече: “ Убаво место и најде. “
“ Мирисни ја!”
Толку се сеќавам.
Вечерта ја гледав Петровска како игра на некоја песна и почнав да плачам.
Секогаш плачам кога таа игра. Немаше ништо необично.
“ Не можам да ги пронајдам репликите на Петровска. “ - реков на глас.